Љубовта е навистина слепа

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Линда Мекартни е родена 1941 година како Линда Истман.
Студирала убави уметности на Универзитетот во Аризона Како студент, во 1962, го сретнала и се омажила за Џозеф Мелвил Си Помладиот со кого, истата година, ќе роди ќерка.
Тој брак ќе се распадне во 1965. Подоцна Линда ќе раскаже дека Џозеф бил добар човек, но тип на Ернест Хемингвеј. Џозеф ќе изврши самоубиство во 2000 година.
По разводот Линда се занимавала со фотографија на познати музичари. На 15 мај 1967, таа отпатувала во Лондон, на концертот на Битлси со задача фотографирање и тогаш ќе се запозне со Пол Мекартни. Два дена подоцна повторно ќе се сретнат во едно кафуле. А четири дена подоцна ќе биде поканета на ручек
По завршување на задачата, Линда ќе се врати во Њујорк
Следната година, во мај 1968, Пол ќе одпатува во Њујорк и ќе побара да се види со неа. Ќе продолжат заедно.....Во март 1969 Линда и Пол ќе склопат брак.
Пол ќе ја усвои ќерката на Линда од првиот брак и заедно ќе имаат уште три деца.
Линда ќе направи музичка каријера заедно со Пол, но ќе пишува и книги и ќе се занимава со хуманитарни дејности
На 17 април 1998 година Линда ќе почине како последица на рак. По кремацијата, нејзиниот пепел Пол ќе го расее по нивната фарма во Сасекс
http://en.wikipedia.org/wiki/Linda_McCartney
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Хана Рајч, германскиот пробен пилот, е родена 1912 во семејство на татко лекар - офтамолог. Во младоста се интересирала за медицина, но нејзиното интересирање набргу се свертело кон воздухопловството.
Во триесетите години освоила повеќе награди, натпреварувајќи се со авиони и едрилици.
Не многу висока, но убава и витка со сина коса и сини очи набргу станала симбол на новата млада жена на нацистичка Германија. Била омилен пилот на Хитлер и повеќе пати управувала со авиони со кои Хитлер се превезувал. Од 1937 година била пробен пилот на Луфтвафе - Военото воздухопловство. Во 1941 година, Хитлер лично ја одликувал со железен крст, поради борбеното учество на рускиот фронт и била единствена жена која го добила ова највисоко одликување за време на Втората светска војна.
Хана никогаш не се омажила, Самата за себе рекла дека нејзината најголема љубов е воздухопловството но имала и други љубовни врски.
Една од нејзините љубовини врски е со генерал-полковникот Роберт ритер фон Грејм.
На крајот на април 1945 Хитлер се наоѓа во бункерот во опколениот Берлин и се подготвува за самоубиство. На 27 април, кога руските војници се одалечени само неколку стотини метри од бункерот Хана и фон Грејм со мал авион слетуваат во близина на Брандербуршката порта. Во текот на слетувањето фон Грејм бил ранет во ногата. Хана го превзема управувањето со авионот и вешто атерирала.
Целта на нивното доаѓање во Берлин било - да бидат заедно со Хитлер во последните часови и да умрат заедно со Хитлер.
Но Хитлер ги одвратил од намерата да се самоубијат заедно со него. Го унапредил фон Грејм во генерал - фелдмаршал, го поставил за командат на воздухопловството, на местото на сменетиот Геринг и му наредил да отпатува од Берлин и да ја преземе командата
На разделбата лично Хитлер и на двајцата им дал по една капсула отров. Фон Грејм ќе го искористи овој отров еден месец подоцна, но Хана нема и ќе ја преживее војната.
По војната Хана ќе продолжи да освојува награди во водухопловството.
Љубовната врска, со која ќе покажеме дека љубовта е слепа се случила, повеќе години по војната
Во 1962 година, Хана ќе стане управител на школо за пилоти во Гана. Во тоа време ќе има љубовна врска со Кваме Нкрума претседателот на Гана
Ете така, љубовта, ќе ја одведе оваа убава жена во врска, каква нацистите не ни можеле да замислат, со човек со друга боја на кожа.

http://en.wikipedia.org/wiki/Hanna_Reitsch
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Карин Геринг е родена 1888 како Карин Акселиа Хилда фон Фок. Припаѓала на аристократско шведско семејство.
Во 1910 година се омажила за баронот Нилс фон Кантцов, со кого во 1913 го родила своето единствено дете, синот Томас.
По 10 години брак Карин фон Кантцов напишала дека бракот и е најневозбидливо нешто што и се случува.
Наскоро судбината ќе и донесе возбудувања.
На 20 февруари 1920 Карин се наоѓа во замокот Рокелстад, одалечен стотина киломери од Стокхолм. Во тој ден нејзиниот роднина Ерик фон Росен се обидува во Стокхолм, да изнајми авион со кој ќе стигне во Рокелстад. Но владее невреме и тројца авијатичари одбиваат. Четвртиот храбро прифаќа да полета во невремето. Неговото име е Херман Геринг. Во невремето авионот неколку пати губи оријентација но сепак, доцна попладен авионот ќе слета во Рокелстад.
Тогаш Карин и Херман првпат ќе се сретнат. Љубовта, која ќе се појави во моментот е взаемна. Бидејќи вечерта владеело невреме Херман Геринг ќе биде поканет да преноќи. Вечерта ќе ја поминат разговарајќи со друштвото.
Карин веднаш ќе го напушти сопругот и ќе тргне со Херман. Бракот ќе се разведе 1922, а 1923 Карин и Херман ќе се венчаат. !923 Геринг учествуваше во „ Пивскиот преврат “ и ќе избега во странство. Карин ќе го следи.
Но 1931 година Карин, која имала слабо срце и боледувала од туберкулоза, ќе почине од срцев удар.
Геринг, во близината на Берлин ќе изгради замок Каринхал во кој ќе ги пренесе нејзините посмртни остатоци.
Инаку љубовта помеѓу Карин и Герман представувала „ легендарна “ љубов во нацистичка Германија. Книги за оваа врска се продавани во милионски тиражи. Љубовта помеѓу Магда и Јозеф Гебелс е инспирарана од оваа врска.
Но треба да се знае дека Карин имала големо влијание на формирањето на нацистичката идеологија. И нејзиното аристократско потекло придонело за популаризацијата на нацизмот во Германија помеѓу германската аристократија и малограѓаните.
http://en.wikipedia.org/wiki/Carin_Göring
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Дора Герсон, е родена во Берлин, 1899 година. Таа е била со Еврејско потекло. На почетокот на каријерата била пеачка и танчерка во патувачки театер и глумица во неми филмови.
Во тој перид таа ќе го сретне и 1922 година ќе се омажи за Фејт Харлан. Овој брак ќе заврши со развод 1924 година.
Со доаѓањето на нацистите на власт нејзината кариера ќе се прекине и таа едвај ќе преживува. Во 1936 година ќе ја напушти Германија и ќе побегне во Холандија. Таму таа ќе се омажи за Макс Слујцер, со кого ќе има две деца. Во 1940, Холандија ќе биде окупирана и таа и нејзината фамилија повторно ќе бидат прогонувани од нацистите. Во февруари 1943, таа, незиниот маж и двете сосема мали деца ќе бидат пратени во Аушвиц и убиени.
Нејзиниот прв сопруг Фејт Харлан, ќе стане главен нацистички режисер на пропагандни филмови. Неговиот филм “ Молчи евреју “ ( Jud suss ) е снимен 1940, представува грозоморен пропаганден филм снимен за да предизвика омраза кон Евреите. По Војната на Харлан ќе му се суди, но нема да биде осуден. Самиот филм ќе биде забранет и властите ќе се обидат да ги уништат сите копии. Но без успех.... Тој филм денес го има на Јутуб.
И кога ова го пишувам, размислувам што Дора Герсон размислувала за својата слепа љубов со Фејт Харлан, кога таа, нејзините деца и сопруг патувале во смрт во Аушвиц.
Што Фејт Харлан размислувал?
http://en.wikipedia.org/wiki/Dora_Gerson
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Џин Себерг, иконата на францускиот и европскиот филм е родена 1938, во американската сојузна држава Ајова.
!958 година таа ќе се омажи за францускиот, глумец, продуцент и режисер Франсуа Мореј, кој ќе ја доведе да живее во Франција.
Во Париз таа ќе ја сретне љубовта на својот живот.- Ромен Гари, француски дипломат, писател и херој од Втората светска војна. Во моментот на средбата, Ромен, кој е 24 години постар од Џин беше оженет. Но љубовта е слепа. Во 1960 Џин ќе се разведе од првиот сопруг, а во 1962 и Ромен Гари ќе се разведе и тие ќе склучат брак. Во тој брак ќе добијат син роден 1962. 1970 така ќе роди ќерка која ќе почине два дена по раѓањето. Тоа ќе ја скрши. Бракот со Гари ќе се разведе еден месец пред раѓањето, Во наредните години таа се повеќе ќе одава на алкохолот.
1972 Џин повторно ќе се омажи, но и понатаму ќе се среќава со Ромен Гари и ќе одржуваат блиски односи
Во август 1979, Џин ќе биде пронајдена мртва. завиткана во ќебе, на задното седиште од својот автомобил. Како причина за смрта полицијата ќе наведе, преголема количина на алкохол и барбитурати.
Ромен Гари ќе и организира погреб
Една година подоцна, на 2 декември 1980, Ромен Гари ќе изврши самоубиство со револвер. Во раката ќе држи писмо, во кое ќе напише дека неговата смрт нема врска со смрта на Џин
http://en.wikipedia.org/wiki/Jean_Seberg
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Десанка Максимовиќ е родена на 16 мај 1898 година, во учителска фамилија. Веднаш по нејзиното раѓање Семејството се сели во Бранковина, мало место во близината на Ваљево, за кое ќе биде врзана се до крајот на својот живот. Завршила гимназија во Ваљево и Филосовски факултет во Белград. Целиот работен век, се до пензионирањето, била професорка во многу гимназии.
Десанка Максмовиќ е пред се позната по својата лирска ( љубовна ) поезија. Но и таа лично имала своја слепа љубов.
Љубовта на нејзиниот живот бил Сергеј Сластиков, по занимање поет, глумец и преводител. Сергеј бил руски емигрант роден во градот Калуга. Десанка и Сергеј се запознале и венчале 1933.
Интересна е нивната љубов. Постојат фотографии на кои Десанка е фотографирана со речиси сите тогаш познати писатели, глумци и други јавни личности. Но не успеав да најдам заедничка фотографија на Десанка и Сергеј.од било кој перид на нивниот брак. Како да сакала да ја скрие од јавноста својата љубов.
На прв поглед ве чини дека Сегеј живеел во сенка на својат славна Сопруга. Но , тие што го проучувале нејзиното творештво нема да се сложат со ова. По 1933, односно по бракот со Сергеј, нејзиното дело добива сосема нова димензија
Сергеј се занимавал со пишување на поезија и преведување, од и на бугарски, руски и француски, пред се на творби за деца. Преводите на многу прекрасни раскази за деца се негово дело. И Десанка преведувала.
Десанка и Сергеј немале деца
1976, Сергеј починал и погребан е во Бранковина
1993, Починала и Десанка и погребани се во ист гроб. Ете сега се заедно и така ќе останат се до вечноста
Во тестаментот, Десанка предвидела одредена поголема сума пари за награда која ќе се доделува за најдобар превод на раскази за деца и која ќе се вика Сергеј Сластиков. Но инфлацијата ги „ изела “ овие пари и таа награда повеќе не се доделува.
Еве најдов една песна за деца која ја рецитира Сергеј Сластиков ( трае 40 секунди )
http://www.kapveselja.com/e107_files/downloads/decje/Pisci Za Decu (1971)/A3 - Sergej Slastikov Kaluzanin - Zimski Dan.mp3

Еве прочитајте за Десанка
http://mk.wikipedia.org/wiki/Десанка_Максимовиќ
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Eлвира Мадиган е родена на 4 декември 1867 во Фленсбург во покраината Шлезвиг - Холштајн во денешна Германија. Родена е во врска помеѓу циркуски артисти и нејзиното родено име е Хедвиг Антоанета Изабела Елеонора Јенсен. Кога имала десет години, нејзината мајка стапила во врска со американскиот циркуски менаџер Џон Мадиган од кого го добила и нејзиното презиме - Мадиган.
Уште на деветгодишна возвраст почнала да настапува во циркузите во Данска и скандинавски земји, како акробатка во одење по жица и забележителен успех.
Во 1888 таа го сретнува и слепо се вљубува во поручникот на кралската војска грофот Сиктен Спаре. Љубовта е взаемна, но имале сериозни пречки. Сикстен Спаре припаѓал на старо шведско благородничко семејство, бил постар од неа 14 години ( роден бил во 1854 година ), бил оженет и имал две деца.
Но двојката се препуштила на слепата љубов.
Најнапред ќе се гледаат тајно. Но нивните семејства, со сите средства ги попречуваат во нивната врска. На крајот тие бегаат во едно едно село на данскиот остров Тесинген каде што живеат во еден пансион.
Им снемува пари, Сикстен Спаре, бара пари од својата фамилија како би ги платил долговите, но го одбиваат.
И така без пари и во долгови одлучуваат да се самоубијат
На 20 јули 1889, двојката зема една кошница со храна и се упатува кон шумата. Сикстен, со револвер најнапред ја убива Елвира а потоа и сам се убива.
Погребани се во заедничка гобница. Над нејзиниот гроб е поставена бела плоча а над неговиот црна.
Нивната гробница и денес е посетена од многу вљубени.
http://en.wikipedia.org/wiki/Elvira_Madigan
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Ванеса Редгрејв е родена на 30 јануари 1937. Нејзин татко е сер Ричард Редгрејв а мајка Ракел Кемпсон и двајцата глумци
1962, таа слепо ќе се вљуби и ќе се омажи со режисерот Тони Ричардсон, кој е 9 години постар од неа. Со него ќе има две ќерќи.
1967 Тони ќе ја напушти, бидејќи ќе се вљубил во француската глумица Жана Моро.Тони се надевал дека Жана Моро ќе се омажи за него. Ванеса ќе вложи силни напори да го врати Тони - но без успех.
Жана Моро нема да се омажи за Тони Ричардсон но сепак Тони нема да и се врати
Во годините непосредно по разводот со Тони, Ванеса ќе го сретне глумецот Франко Неро, со кој во 1969 ќе роди син, но нема веднаш да се омажи за него. Тие ќе склопат брак многу подоцна
Тони Ричардсон ќе умре од сида во 1991 година
Дури во 2006 година Ванеса Редгрејв и Франко Неро ќе склопат брак кој и денес трае
Ванеса е единствена сопруга на Франко Неро
http://en.wikipedia.org/wiki/Vanessa_Redgrave
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Светлана Андреевна Тома-Фомичева е родена на 24 март 1947.
Љубовта на нејзиниот живот бил Олег Лачин, со кого ја има единствената ќерка Ирина Лачина. Ирина е родена на 29 август 1972. Неколку месеци подоцна, во април 1973, Олег Лачин загинал во сообраќајна несреќа. Можеби се во право оние кои сметаат дека само еднаш се љуби. Понатаму во животот Светлана ќе биде сама. Дури во 2005 ќе склопи нов брак, но тој брак ќе трае само неколку месеци.
Светлана Тома, во 2001 година е одликувана со ореден, Заслужен уметник на Руската Федерација со указ на Претседателот Путин
Погледнете ја Светлана Тома во улогата на Циганката Рада од легендарниот филм - Циганите летаат во небо:
http://www.youtube.com/watch?v=FJyDmvV5k9A
Прочитајте за Светлана Тома
http://en.wikipedia.org/wiki/Svetlana_Toma
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Сара Мајлс е родена на 31 декември 1941 во, Есекс, јужна Англија
Љубовта на нејзиниот живот бил Роберт Болт, филмски и драмски писател. Болт е автор на сценаријата за филмовите Лоренс од Арабија и Доктор Живаго и добитник е на две награди оскар. Но Роберт Болт е роден 1924, што значи бил многу постар од Сара.
Сара и Роберт ќе стапат во брак 1967. Во тој брак ќе се роди синот Том. Но бракот ќе се распадне 1975.
Во 1979 Роберт Болт доживеал мозочен и срцев удар и останал парализиран.
Тоа повторно ќе ги спои. Сара ќе го чува негува. Тие повторно ќе стапат во брак 1988
Сара ќе го негува Роберт се до неговата смрт 1995. Болт за Сара во 1987 ќе рече:Јас без неа би бил мртов.
Прочитајте за Сара Мајлс
http://en.wikipedia.org/wiki/Sarah_Miles
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Византиската императорка Мартина е родена 598 година. Таа е ќерка на Мартин и Марија. Родениот брат на Марија е Ираклие. Ираклие 610 година, предводејќи ја египетската и африканската флота, го срушил од власт суровиот цар Фока и станал Император на Византија. Истиот ден, на 5 октомври 610 кога е крунисан за Император, Ираклие се оженил со Фабија Евдокија. Фабија Евдокија му родила ќерка и син - Констатин III. Непосредно по раѓањето на Константин, Евдокија, на 13 август 613, умрела од напад на епилепсија.
По смрта на Евдокија, Ираклие се оженил со Мартина ќерката на својата родена сестра Марија
Овој инцестент брак бил осуден од современиците. Но Ираклие слепо ја сакал Мартина. Мартина му родила девет деца. Двете најстри деца биле инвалиди уште од раѓање, а четири деца умреле непосредно по раѓањето. 626 година Мартина го родила Ираклион, како здраво машко дете
Ираклие починал на 11 февруари 641 година, а престолот го оставил на Констатин III кој тогаш имал 28 години и Ираклион кој имал 15. Неколку месеци подоцна, на 24 мај 641, Констатин III умрел, најверојатно од туберкулоза, но современиците ја обвиниле Мартина дека го отрула. По неговата смрт власта ја презел Ираклион и неговата мајка Мартина. Во ноември 641 година, во Цариград избувнува бунт со кој се симати од власт Ираклион и Мартина, а на власт е доведен, синот на Констатин III - Констанс кој во тоа време имал 11 години
Мартина и Ираклион се сурово казнети. На Мартина и е одсечен јазикот, а на Ираклион носот и се протерани на Родос, каде една година подоцна Мартина умрела.
Повелете прочитајте за Мартина:
http://en.wikipedia.org/wiki/Martina_(empress)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Aва Гарднер e родена на 24 декември 1922 во Северна Каролина
Во 1941 таа потпиша договор со MGM и стана она по што ја памтиме - филмска дива и „ фатална жена “
Но дали беше се така?
Таа се омажи 1942 со Мики Руни и во 1945 се омажи Арти Шо, но тие бракови трае само по една година
Љубовта на нејзиниот живот беше Френк Синатра. Тие се запознаа уште во 1944. Но нивната врска започна 1949. Во тоа време Френк Синатра беше во брак со Ненси Барбато. Ава и Френк ќе се венчаат на 7 декември 1951, десет дена по разводот на Френк од Ненси.
Нивниот брак е карактиресичен по постојани љубоморни караници и тепања во однос на нивните претходни врски. Ава два пати ќе биде бремена, но ќе мора да ги прекине бременостите, бидејќи директорите на MGM не сакаа трудни глумици
Бракот, во кој од 1953 постојано љубоморно ќе се карат и тепаат, ќе се разведе 1957. Но тие до крај ќе останат во пријателски односи. И двајцата, до крајот на нивните животи ќе ја нарекуваат оваа врска како љубов на нивниот живот
Од 1968, Ава Гарднер ќе живее во Лондон. Во 1986 имала два мождани удари страдала од болест на белите дробови и била речиси неподвижна. Синатра ќе ангажира приватен авион за да ja превезат во САД на прегледи.
Ава Гарднер починала во 1990 година на возраст од 67 години. Последните зборови и беа - Толку сум уморана
http://en.wikipedia.org/wiki/Ava_gardner
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Љубица Ивошевиќ е родена 17. 07. 1880 година во селото Сараново во близина на Рача - Крагујевац - Србија.
По завршување на основното училиште завршила којачки занает во Крагујевац и Виена и работела како кројач во Крагујевац.
1902 година се сели во Софија каде што работи најнапред како кројачка во елитен моден дуќан а подоцна како раководител на елитен моден дуќан.
1903, во Сливен, Љубица го среќава и слепо се вљубува во печатарскиот работник Ѓорѓи Димитров.
1906, парот ќе скопи брак, Таа тогаш имала 26 години а тој 24. Таа ќе го научи Ѓорѓи Германски јазик и ќе го упатува во проучувањето на марксистиччката литература. И понатаму ќе работи како елитен кројач. Љубица заработувала многу повеќе од Ѓорѓи и била столб на семејството. Покрај редовната работа, била уредник на весникот „ Шивачки работник “ ќе пишува песни и ќе биде политички активист
Но таа пред се ќе биде слепо вљубена во Ѓорѓи.
Колкава била нејзината љубов, зборуваат 300 љубовни писма кои се сочувани а која таа му ги пратила
1919 Ѓорѓи Димитров ќе стане председател на Бугарската Комунистичка Партија. 1923 Ѓорѓи Димитров ќе учествува во Септемвриското востание и двојката ќе мора да побегне од Софија, најнапред во Југославија а подоцна во Русија
На 27 февруари 1933 хитлеровите нацисти, за да ја приграбат власта, ќе го запалат Рахстагот и за тоа лажно ќе ги обвинат комунистите. Меѓу уапсените ќе биде и Ѓорѓи Димитров.
На Ѓорѓи Димитров и на останатите, нацистите ќе им судат на Лајпцишкиот процес. Целата светска јавност ќе го осуди овој монтиран процес но сите ќе бидат уверени дека на Ѓорѓи Димитров му е однапред пресудено и дека ќе биде осуден на смрт.
Во такво расположение, уверена дека никогаш повеќе нема да го види саканиот, на 27 мај 1933, Љубица Ивошевиќ ќе изврши самоубиство
Ѓорѓи Димитров, на процесот ќе се брани сам. Ќе даде брилијантна одбрана и под притисок на светската јавност судот ќе го ослободи на 23 декември 1933
Но Љубица нема да се врати....
И денес на нејзиниот гроб има цвеќе
http://novodevichye.com/ivoshevich/2/
 

Attachments

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Kатерина Оксенберг е родена 22 септември 1961 во Њујорк, во бракот помеѓу Хауард Оксенберг и Јелисавета Караѓорѓевиќ ( на Јелисавета ова и беше прв брак )
Првиот брак го склопи на 12 јули 1998 со Роберт Еванс холивудски продуцент ( роден 1930 година).
Таа глумица - тој продуцент, што би се рекло идеална комбинација, единствено разликата во годините.......
Но овој брак се распадна девет дена по свадбата.
1999, Катерина го среќава Каспер ван Дин ( роден 1968 г)и со него е и денес во брак
Катерина има ќерка родена 1991 од непознат татко. Каспер ван Дин има две деца од првиот брак
И заедно имаа уште две деца
Сега живеат со сите деца
http://en.wikipedia.org/wiki/Catherine_Oxenberg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom