И така мала и таа некои газди не ја даваат. За таков однос кон работникот, во нормални држави, мизнисмените лежат затвор.
http://www.skopjeinfo.mk/gazda-pretepan-zoshto-na-vrabotena-i-ja-namalil-platata
скоро без исклучок, сите коментари беа поддршка за вработената во колонијалот. Газди, бизнисмени, пих[DOUBLEPOST=1483115836][/DOUBLEPOST]Па па па, колку се задолжени граѓаните. И тоа најмногу за потрошувачки кредити.
Просечната плата сега, во споредба со 2010 година е повисока за 9,1%, а трошоците за живот пораснале за 9,5%, што значи дека денес платата ни вреди помалку
За да ги спакуваат новогодишните подароци или пак, за да купат облека и храна за Божиќните празници, граѓаните ги трошат и парите што ги немаат. Бидејќи просечната плата од 365 евра во ноември годинава е доволна да покрие само две третини од месечните потреби на едно семејство, коишто според пресметките на Сојузот на синдикати изнесуваат 525 евра, за зголемената празнична потрошувачка граѓаните влегуваат во рекордни минуси на сметките, се задолжуваат со потрошувачки кредити и на кредитни картички.
Последните податоци на Народната банка покажуваат дека граѓаните, иако во споредба со европскиот просек се сметаат за ниско задолжени, на банките им должат вкупно 1,65 милијарди евра преку кредити за лична потрошувачка, што е 73% од вкупната задолженост на населението.
Од нив, над една милијарда евра се потрошувачки кредити, 380 милиони евра е долг на кредитни картички и уште 190 милиони евра во минус на тековните сметки.