Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не се две прашања, едно е.
И не гледам одговор.
Јас бројам 2.
Бегаш од моето прашање.

1.Што ти вели дека Трамп ќе одбие пари и привилегии туку ќе се жртвува за доброто на светот?
2. Кога, веќе видено, не сака ни да се жртвува данок да плати? :pos:
Кој збори за заговор? Ако зимаш пари, ти си марионета на финансиерот. Веќе видено.

Јас зборувам за досега виденото. Таа се заканува со војни, на Русија и Иран, поточно, па и директно бомбардирање на Багдад. Ако тоа се случи, ИСИС го зима цел Ирак. Тоа е војна за тероризмот, а не војна против тероризмот. Сега прашање, што викаш на нејзината изјава за “паметната идеја“ за формирањето на терористичката Ал-Каеда?
Болд одговор на првото.
Ти одговорив на првото прашање. Второто не ти е точно формулирано и повторно тезата дека на погрешно прашање следува погрешен одговор. А сега јас чекам одговор за “Паметната идеја“. :)
Болд одговор на второто.

Сега чекам одговор на моето. :)
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Друго ми беше прашањето тоест не дека администрацијата на САД извршила притисок на Еквадор да му го забрани пристапот до интернет на Асанж туку дали е тоа демократски и оправдано од една западна демократија како што е САД која би требало ( барем според некои тука ) да ни биди алфа и омега кога се работи за демократија и како таа треба да изгледа. Истите тие тука што очигледно немаат ништо против околу тоа да се забранат информациите кои би го компромитирале нивните идоли таму ( барем таков впечаток добив ) имаат сосем друг аршин за тоа што се случува тука на пример. Таму е тоа лошо, недемократки ,педерски и треба под итно и по секоја цена да се запре, тука тоа да ти било врв на демократијата.
Епа нема правда, добро утро, секоја земја особено веле сила како САД си го гледа својот интерес.

Сите до една сили, како Кина и Русија, потполно исто си го гледаат својот интерес, дури со многу по “не демократски“ и “не човени“ методи. Да ти преведам Руски “Асанж“ до сега ќе беше утепан.

Туку мене ми е интересно како едвај некој тука да ја критикува Русија или Кина, ама затоа Америте се криви за се.[DOUBLEPOST=1477600707][/DOUBLEPOST]
Јас зборувам за досега виденото. Таа се заканува со војни, на Русија и Иран, поточно, па и директно бомбардирање на Багдад. Ако тоа се случи, ИСИС го зима цел Ирак. Тоа е војна за тероризмот, а не војна против тероризмот. Сега прашање, што викаш на нејзината изјава за “паметната идеја“ за формирањето на терористичката Ал-Каеда?
Не се работи воопшто за таа, во ова прашање.
Значи го земам делот само за “досега виденото“.
И јас досега гледам дека несака ни да се пожртвува данок да плати.

Соодветно се прашувам што ти вели дека Трамп ќе го жртвува сопствениот интерес за доброто на светот, и нели против тие моќници што ги држеле конците во позадина?

Исто ме интересира од каде извади дека се заканила со војна против Русија? Можеш да цитираш?
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не се работи воопшто за таа, во ова прашање.
Значи го земам делот само за “досега виденото“.
И јас досега гледам дека на секој можен начин гледа на својот џеб да натрпа пари, па макар и да не плати данок. Не се упуштам дали е во ред или не, чиста обсервација.
Значи ако е така, тој и ќе продолжи да се однесува исто. Значи многу лесно ќе биде купен.
Таа веќе е купена.
Немаме докази дека нема платено данок. Од она што го имаме во 95/96 има платено данок. Други информации немаме. Што ќе се случи ако утре излезе со документите? Во видеото се зборуваше за времето кога ги вадел лиценците за коцкарниците. Имаш ли поткрепа дека нема платено данок за 2015 г.? :)

Сега одговор на прашањето. Некогаш и молчењето е одговор, а најчесто значи потврда. :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
Епа нема правда, добро утро, секоја земја особено веле сила како САД си го гледа својот интерес.

Сите до една веле сили, како Кина и Русија, потполно исто си го гледаат својот интерес, дури со многу по “не демократски“ и “не човени“ методи.

Туку мене ми е интересно како едвај некој тука да ја критикува Русија или Кина, ама затоа Америте се криви за се
Зошто некој тука би ја критикувал НР Кина или Руската Федерација? Темата е за претседателските избори во САД.
И да не ти останам должен, затоа што најверојатно во последните 30 години токму САД палеше и гаснеше секаде низ светот, не РФ не НРК, така да ако заебале работа некаде, а заебале на многу места тогаш да тие се криви. Друга работа јас можеби не сум запознаен но не гледам нити руски нити кинески трупи на границата на САД, напротив ситуацијата е сосем обратна. Амерички трупи има секаде каде што америка си ги штити нејзините интереси а тоа би било секаде на планетата.
Ако Трамп е човекот кој би ја сменил таквата надворешна политика на САД пошто очигледно Клинтон абер нема да го направи тоа , баш напротив сака уште повеќе да се наметнува на сметка на другите , посебно во активно мешање на внатрешните работи на други земји и газење врз нивниот суверенитет тогаш да јас како граѓанин на една мала и неважна земја повеќе би го преферирал Трамп отколку Клинтон, за тебе незнам.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Таа веќе е купена.
Пак на таа ми се вадиш пиле, не е прашање за таа.
Немаме докази дека нема платено данок.
Сам си кажа. Нема негирање, факт.

Да избегне да плати данок = личен интерес го става над моралното она што е правилно.
(Пример за морални милијардери иницијатива да се подари пола богатство на државата, од Бил Гејтс, но тоа е друга тема)

Значи веќе гледам дека личен интерес става пред моралното за нешто ситно како данок!!!
Соодветно, личен интерес ќе продолжи да става над моралното уште повеќе кога се работи за поголеми влогови како војни на пример ;)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Пак на таа ми се вадиш пиле, не е прашање за таа.

Сам си кажа. Нема негирање, факт.

Да избегне да плати данок = личен интерес го става над моралното она што е правилно.
(Пример за морални милијардери иницијатива да се подари пола богатство на државата, од Бил Гејтс, но тоа е друга тема)

Значи веќе гледам дека личен интерес става пред моралното за нешто ситно како данок!!!
Соодветно, личен интерес ќе продолжи да става над моралното уште повеќе кога се работи за поголеми влогови како војни на пример ;)
Зошто да не може да биде?

Нема докази дека плаќа, нема докази ни дека не плаќа. Во минатото плаќал и не плаќал. Тоа може да се заклучи од видеото, денес не знаеме.

Сега одговор. Сакаш да го предефинирам и да не биде веќе прашање? Затоа што одлично избегнуваш прашалници. Не знам дека се работи за некаква фобија или не знаење на одговорите!?
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Зошто некој тука би ја критикувал НР Кина или Руската Федерација?
Дека цитираш како проблематично (кинење на интернет) нешто што е одличен одговор ако земеш што прават другите во слична ситуација (метак).

Ако Трамп е човекот кој би ја сменил таквата надворешна политика на САД пошто очигледно Клинтон абер нема да го направи тоа , баш напротив сака уште повеќе да се наметнува на сметка на другите , посебно во активно мешање на внатрешните работи на други земји и газење врз нивниот суверенитет тогаш да јас како граѓанин на една мала и неважна земја повеќе би го преферирал Трамп отколку Клинтон, за тебе незнам.
Види вака. Големите сили од секогаш се мешале и ќе се мешаат во политиката на послабите земји.
Џабе да фантазираш дека мала земја може тотално независна политика да води.
Ако САД го намалат своето влијание (мешање што викаш) нивното место веднаш ќе биде заземено од друга сила, како Русија или Кина или локално Турција.

Значи изборот е на каде сакаме да бидеме насочени? Со кого сакаме вредности да делиме?
Дали со комунистичка Кина? Или со Турција каде 15000 ги уапсија преку ноќ? Или со Русија каде имаш практично диктатура со ист човек 20 години на чело.
И пази не викам дека Америте се идеални, далеку од тоа, но со овие опции што друго би избрал?[DOUBLEPOST=1477603005][/DOUBLEPOST]
Зошто да не може да биде?

Нема докази дека плаќа, нема докази ни дека не плаќа. Во минатото плаќал и не плаќал. Тоа може да се заклучи од видеото, денес не знаеме.

Сега одговор. Сакаш да го предефинирам и да не биде веќе прашање? Затоа што одлично избегнуваш прашалници. Не знам дека се работи за некаква фобија или не знаење на одговорите!?
:facepalm: Трамп сам се фалеше дека избегнувал данок, го има на снимка.
А самиот Трамп за разлика од тоа што те убедува има многу пари од Саудиска Арабија и други меѓународни донатори. Можеби не е плата за конференција но е во форма на договори за недвижности итн итн. Исто срање, да не кажам многу полошо. Конкретно Македонија не видела лошо од Обама или од Клинтон, а промени на политика на Трамп не се знае што би донеле...
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
Дека цитираш како проблематично (кинење на интернет) нешто што е одличен одговор ако земеш што прават другите во слична ситуација (метак).



Види вака. Големите сили од секогаш се мешале и ќе се мешаат во политиката на послабите земји.
Џабе да фантазираш дека мала земја може тотално независна политика да води.
Ако САД го намалат своето влијание (мешање што викаш) нивното место веднаш ќе биде заземено од друга сила, како Русија или Кина или локално Турција.

Значи изборот е на каде сакаме да бидеме насочени? Со кого сакаме вредности да делиме?
Дали со комунистичка Кина? Или со Турција каде 15000 ги уапсија преку ноќ? Или со Русија каде имаш практично диктатура со ист човек 20 години на чело.
И пази не викам дека Америте се идеални, далеку од тоа, но со овие опции што друго би избрал?
Од каде знаеш што би правеле во слични ситуации иако многу добро знаеме како би поминал Асанж ако до него се доберат американците. Да не мислиш ќе го галат ?
Едно е што прават големите а друго е тоа да ми го продаваш како исправно, или уште подобро тоа да е исправно ако го прават САД но не и другите.
А на прашањето на каде сакам да бидеме насочени или што друго би избрал?
Па би избрал да не ми се мотаат странски амбасадори по судови, да ми кажуваат кога и дали ќе има избори. Јас незнам дека кинескиот или рускиот амбасадор ми се мота по судови и директно без ни малце дискреција отворено се меша во внатрешни работи на една суверена земја.
Ти што би одбрал ?
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
ако до него се доберат американците.
Дали веруваш дека САД неможат еден тим на специјалци да пратат и да го уапсат или ликвидираат Ансаж или Сноуден? Не можеле. САД.

Од каде знаеш што би правеле во слични ситуации
Знаеме многу добро како постапуваат во слични ситуации Кина и Русија. Еве да се потсетиш.
https://en.wikipedia.org/wiki/Poisoning_of_Alexander_Litvinenko

исправно ако го прават САД но не и другите.
Обратно. Кога другите прават сто пати полоши работи (убиство), не е битно. Кога САД нешто минимално ќе направат (му исклучиле интернет) тогаш сме најголеми моралсити. Само дека биле САД.
А другите бај тхе веј гасат и контролираат интернет на цела нација, како Кина. Тоа е исправно. Ама САД на Ансаж се обиделе да гасат интернет е тоа не било во ред. Кои двојни стандарди на испран мозок.

Па би избрал да не ми се мотаат странски амбасадори по судови, да ми кажуваат кога и дали ќе има избори. Јас незнам дека кинескиот или рускиот амбасадор ми се мота по судови и директно без ни малце дискреција отворено се меша во внатрешни работи на една суверена земја.
Ти што би одбрал ?
А пак се залажуваш дека немало да сме под нечие влијание...
Па дефинитивно по дискретно е. На одмор во Турција на гости ќе го викнат. А тука ќе му достават список на фирми на пучисти затварање. Тоа би го одбрал?
http://sdk.mk/index.php/makedonija/dolga-e-rakata-na-erdogan-i-makedonija-ke-zatvara-firmi-na-gulenisti/
Туку остави тоа, те прашав на кој систем на вредности би сакал да бидеме насочени, од каде би земал пример? Какво општество сакаш да градиме? Повеќе како Американското, Руското, Турското..?
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
Дали веруваш дека САД неможат еден тим на специјалци да пратат и да го уапсат или ликвидираат Ансаж или Сноуден? Не можеле. САД.


Знаеме многу добро како постапуваат во слични ситуации Кина и Русија. Еве да се потсетиш.
https://en.wikipedia.org/wiki/Poisoning_of_Alexander_Litvinenko


Обратно. Кога другите прават сто пати полоши работи (убиство), не е битно. Кога САД нешто минимално ќе направат (му исклучиле интернет) тогаш сме најголеми моралсити. Само дека биле САД.
А другите бај тхе веј гасат и контролираат интернет на цела нација, како Кина. Тоа е исправно. Ама САД на Ансаж се обиделе да гасат интернет е тоа не било во ред. Кои двојни стандарди на испран мозок.

А се залажуваш дека немало да сме под нечие влијание...
Па дефинитивно по дискретно е. На одмор во Турција на гости ќе го викнат. А тука ќе му достават список на фирми на пучисти затварање. Тоа би го одбрал?
http://sdk.mk/index.php/makedonija/dolga-e-rakata-na-erdogan-i-makedonija-ke-zatvara-firmi-na-gulenisti/
Туку остави тоа, те прашав на кој систем на вредности би сакал да бидеме насочени, од каде би земал пример? Какво општество сакаш да градиме? Повеќе како Американското, Руското, Турското..?
Верувам. Да можеле досега 1000 пати би го направиле тоа. Сноуден колку што сум во тек е во Русија и тешко дека таму така како на филм ќе испратат специјалци. Асанж веќе неколку години е под заштита на амбасадата на Еквадор што ако не знаеше се рачуна за суверена територија иако се наоѓа во друга држава. Би направиле политички преседан кој би имал далекусежни последици во меѓународната политика( мислам упаѓање во странска амбасада). Тоа може да се протолкува како акт на агресија во која САД би биле недвосмислено агресорот и би изгубиле секакаква меѓународна поддршка и кредибилитет. Затоа пробуваат да го довлечкаат во Шведска каде многу лесно после би бил екстрадиран во САД. Потаму на секој му е јасно што би му се случило, би бил осуден за велепредавство како и во секоја друга држава( освен нашата ).
Не е исто да гасиш интернет во својата држава и да натераш друга држава на еден човек да му се скрати пристапот до интернет ради очигледни причини. Едното е внатрешна работа на некоја држава , другото е притисок и мешање во внатрешни работи на друга држава.
Ти кажав јас што сакам претходно.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Верувам. Да можеле досега 1000 пати би го направиле тоа.
И сам си свесен дека зборуваш глупости. САД ако сакаат можат да го ликвидираат и Ансаж и Сноуден. За разлика од Русија и Кина на пример, САД не работат на тој начин.
А сеуште нема осуда од твоја страна за Рускиот шпиун утепан во Лондон...

Сноуден колку што сум во тек е во Русија и тешко дека таму така како на филм ќе испратат специјалци
Не треба специјалци, доволно е еден снајперист. Не мора ни да е агент на САД. Ќе платат некој ако сакаат. Не мора ни снајперист можат да го отрујат за час. Но, не работи САД на тој начин, за разлика од Русија и Кина.

Не е исто да гасиш интернет во својата држава и да натераш друга држава на еден човек да му се скрати пристапот до интернет ради очигледни причини. Едното е внатрешна работа на некоја држава , другото е притисок и мешање во внатрешни работи на друга држава.
Чекај чекај ја браниш Кина, во тоа што им забранува пристап до интернет и ги контролира да несмеат да искажат мислење? Ја браниш? Тоа е во ред? Дека е внатрешна работа??
Ама САД за еден човек, шпиун, што (се обидува) да го прави истото не било во ред? Дали се слушаш што зборуваш?
Ова внатрешна работа ќе испадне и Хитлер внатрешна работа си бркал, ги истребувал Евреите, што му се мешале лошите во внатрешни работи?

Можеби Кина ја земаш како пример, така според тебе и кај нас треба да има контрола на интернетот, натаму иде. Или кога ќе дојде оф леле ќе биде?

Ти кажав јас што сакам претходно
Не не ми одговори. На кој систем на вредности би сакал да бидеме насочени, од каде би земал пример? Какво општество сакаш да градиме? Повеќе како Американското, Руското, Турското..?
Исто како што нема никаков одговор за барањето на Турција со листа на Македонски фирми на чесни луѓе да се затворат? Тоа не е мешање во внатрешни работи???
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
Верувам. Да можеле досега 1000 пати би го направиле тоа. Сноуден колку што сум во тек е во Русија и тешко дека таму така како на филм ќе испратат специјалци. Асанж веќе неколку години е под заштита на амбасадата на Еквадор што ако не знаеше се рачуна за суверена територија иако се наоѓа во друга држава. Би направиле политички преседан кој би имал далекусежни последици во меѓународната политика( мислам упаѓање во странска амбасада). Тоа може да се протолкува како акт на агресија во која САД би биле недвосмислено агресорот и би изгубиле секакаква меѓународна поддршка и кредибилитет. Затоа пробуваат да го довлечкаат во Шведска каде многу лесно после би бил екстрадиран во САД. Потаму на секој му е јасно што би му се случило, би бил осуден за велепредавство како и во секоја друга држава( освен нашата ).
Не е исто да гасиш интернет во својата држава и да натераш друга држава на еден човек да му се скрати пристапот до интернет ради очигледни причини. Едното е внатрешна работа на некоја држава , другото е притисок и мешање во внатрешни работи на друга држава.
Ти кажав јас што сакам претходно.
Нц.Територијата на која се наоѓаат амбасадите,конзулатите и претставништвата не се суверена територија на земјата чија е мисијата. Мисијата има имунитет и е заштитена во рамки на домаќинот, ама тоа не претставува суверенитет.

Ако САД сакаат да упаднат во Еквадорската амбасада во Велика Британија, домаќинот треба да ја штити амбасадата од "натрапниците". Не е баш ситуација која е посакувана.
Башка што со Асанж ситацијата е доста комплицирана.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Нц.Територијата на која се наоѓаат амбасадите,конзулатите и претставништвата не се суверена територија на земјата чија е мисијата. Мисијата има имунитет и е заштитена во рамки на домаќинот, ама тоа не претставува суверенитет.

Ако САД сакаат да упаднат во Еквадорската амбасада во Велика Британија, домаќинот треба да ја штити амбасадата од "натрапниците". Не е баш ситуација која е посакувана.
Башка што со Асанж ситацијата е доста комплицирана.
Поентата е дека ако сакаат да изведат covert mission, и да ги ликвидираат, можат, и тоа многу лесно. Ќе ги отрујат преку храна или пијалок, како што направија Русите со Литвиненко. Можат дури да ги отрујат а да изгледа како да починале од инфаркт. Но, САД не работат така. Не го прават тоа по избор.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
И сам си свесен дека зборуваш глупости. САД ако сакаат можат да го ликвидираат и Ансаж и Сноуден. За разлика од Русија и Кина на пример, САД не работат на тој начин.
А сеуште нема осуда од твоја страна за Рускиот шпиун утепан во Лондон...


Не треба специјалци, доволно е еден снајперист. Не мора ни да е агент на САД. Ќе платат некој ако сакаат. Не мора ни снајперист можат да го отрујат за час. Но, не работи САД на тој начин, за разлика од Русија и Кина.


Чекај чекај ја браниш Кина, во тоа што им забранува пристап до интернет и ги контролира да несмеат да искажат мислење? Ја браниш? Тоа е во ред? Дека е внатрешна работа??
Ама САД за еден човек, шпиун, што (се обидува) да го прави истото не било во ред? Дали се слушаш што зборуваш?
Ова внатрешна работа ќе испадне и Хитлер внатрешна работа си бркал, ги истребувал Евреите, што му се мешале лошите во внатрешни работи?

Можеби Кина ја земаш како пример, така според тебе и кај нас треба да има контрола на интернетот, натаму иде. Или кога ќе дојде оф леле ќе биде?



Не не ми одговори. На кој систем на вредности би сакал да бидеме насочени, од каде би земал пример? Какво општество сакаш да градиме? Повеќе како Американското, Руското, Турското..?
Исто како што нема никаков одговор за барањето на Турција со листа на фирми на чесни луѓе да се затворат?
Ти можеби не си свесен дека премногу филмови гледаш.
За што осуда, за тој што го отруја во Англија? Ги осудувам бе, не требаше така со чоекот. А ти имаш осуда за луѓето што ги држат во Гвантанамо ?
Нема што јас да ја бранам Кина или било кој друг. Тоа си е внатрешно прашање на суверена држава ми се допаѓало тоа мене или не. Повеќе ја осудувам Саудиска Арабија и нејзината внатрешна политика отколку Кина. Повеќе го осудувам Израел ради палестинското прашање отколку Кина. Повеќе ја осудувам Грција и Бугарија ради негирањето на основните човекови права и правото на изјаснување на еден цел народ. Видиш внатрешната политика на Кина мене ми е најмал проблем.
Незнам што не ти е јасно околу одоговорот, преферирам систем на вредности кои сами ке си ги изградиме а не да ни бидат наметнати од надвор. Преферирам да не ни се мешаат во внатрешните работи, затоа се викаат и внатрешни нели. Право на секоја суверена држава е како ке си ја уредува внатрешната политика во соопствената држава.
Турската држава и легално избраната влада има право да побара такво нешто, исто како и САД, Русија и било која друга држава со која имаме потпишано договор за екстрадиција. Дали се невини или не не е твое да кажиш. Тоа дали мене ми се допаѓа кој е на власт во Турција е небитно во случајот пошто ти се допаѓало тоа или не тие се официјални претставници и легално избрана власт во Турција, а внатрешното уредување е внатрешна работа на Турција.
Кога сме кај тоа ние каков договор имаме потпишано со САД околу тоа. Која држава би побарала такво нешто од друга ако има чесни намери ?
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Турската држава и легално избраната влада има право да побара такво нешто, исто како и САД, Русија и било која друга држава со која имаме потпишано договор за екстрадиција. Дали се невини или не не е твое да кажиш.
Не грешка си. Не се бара екстрадиција. Дека нема ни дело ни докази.
Се бара да им се затворат фирмите. Тоа не е мешање во внатрешни работи?


Преферирам да не ни се мешаат во внатрешните работи, затоа се викаат и внатрешни нели. Право на секоја суверена држава е како ке си ја уредува внатрешната политика во соопствената држава.
Точно, и јас преферирам таква држава, каде судството функционира. Држава што има правни механизми да се корегира самата.
НО! Што правиме, ако еве теоретски, една држава запаѓа во фашистичка дикататура? Теоретски.
Дали би требало западни демократии, Европски или САД да направат политичка интервенција, или да ја остават сама на себе во говната?
Конкретен пример еве Северна Кореа, што гледаат да се мешаат колку што можат помалку во внатрешна политика, а народот таму живее како во логор. Тоа е позитивно за тие луге?

Исто те прашав за Хитлер, тој си требел Евреи, тоа е внатрешна работа? Требало да не му се мешаат?

И повторно, кое општествено уредување според тебе е правилно, повеќе накај Европа и САД или по правилно е општествено уредување како еве денешна Турција, Кина или Русија?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom