- Член од
- 17 јули 2008
- Мислења
- 1.560
- Поени од реакции
- 1.019
Имајќи ја предвид твојата невоспитаност , те оставам со твоите мненија ! И ќе те замолам да не ме цитираш .Пресудата на Хашкиот трибунал против Шешељ е показател дека Србија немала намера да прави голема Србија, така пресуди Хашкиот суд против Шешељ.
Па ти терај по твое.
Србија се надевала очигледно дека Словенија ќе се предомисли во врска со отцепувањето затоа и имаше и таму кратка 10-дневна војна. Откако увиделе дека Словенците нема шанси да се откажат од независност се откажале од војната таму и ја повлекле војската.
Што дека си го живеел ти тој период а јас не сум го живеел?
Факт е дека во случајот со СР Хрватска и СР БИХ немаше услови за да бидат признати како независни држави, а тоа и Роберт Бадентер го има кажано и да не се признаат тие две држави за независни, но ете влијанието на обединета Германија (која секако сакаше да се одмазди на Србите и Југославија за двете светски војни) плус САД и Британија како земји кои први после Втора светска војна ја признаа и трасираа Југославија да биде комунистичка творевина и која им требаше едно време, но дојде време да не им требаше таа држава и големите сили кренаа раце од неа.
А братска Црна Гора, па таа го предводеше нападот врз Дубровник. Сакаа да се офајдат со преубавиот град, со бисерот на Јадранот.
Мило Џуканович некогаш беше со Србите, денес само да е на власт е против Србија.
Во устав на Ср БИХ мораше кога ќе се носат одлуки да има согласност од претставниците на сите три народи конститутивни во БИХ а тоа беа Бошњаците, Хрватите и Србите, и џабе што референдумот за независност имаше мнозинство, кога во парламентот немаше подршка за независност од Србите, а со тоа беше прекршен уставот на Ср БИХ.
Ти не ги знаеш уставите и уредувањата на републиките во СФРЈ, а тропаш ја знаеш ситуацијата?
Краина изгуби бидејќи ги продаде Милошевиќ.
Краишниците да го прифателе фамозниот З-4 мировен договор тој договор не се однесуваше на целата територија на Краина во Хрватска. И не може некој да прифати таков договор со кој се откажува од поголем дел од територија, тоа е како некој ќе дојде и ќе каже ќе може само едно од твоите три деца да преживее а останатите мораш да ги жртвуваш. Е таков и беше З-4 договорот понуден на Краишниците, и тие тоа го одбија.
Нормално ли беше за тебе што еден Србин роден во Книн и завршил во СФРЈ медицина во Загреб и станал јак психијатар по име Јован Рашковиќ и кој долго време работел во болница во Шибеник, и на почеток на 90-тите години во Шибеник со тогаш 60.000 жители дури 30.000 жители на Шибеник се потпишале да се протера Јован Рашковиќ од Шибеник? Да се протера поради хистеријата спрема Србите? И тој приморан го напушта Шибеник, во Книн не наидува на компромис кај лидерите на Краишниците, кои поттикнати од Милошевиќ одбиваат разговори со Загреб за правата на Србите во независна Хрватска ( Милошевиќ секако уште 1991 договорил со Туџман да ги изигра Србите од Краина).
Уште пред да почне војна во Ср Хрватска, имало случаи да бидат кревани во воздух куќи на Срби во градовите каде тие биле само 2-3% население, случаи каде војници на ЈНА од Српска националност давени.
Имало вина за распадот на СФРЈ кај Србија и Србите, но апсурдно е тоа што го велиш клучевите биле кај Србија.
Кај сите имало вина.
Впрочем нели се колневте, полагавте заклетви дека ќе се борите против секого што ќе го урива уставно-правниот поредок на СФРЈ и суверенитетот на СФРЈ?
А овде го негираш тоа што го пишувало во СР Хрватска и СР БИХ во носењето одлуки со консензус.
Терај си анализите .