Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
(Видео) Вардар есенски шампион на Југославија
Македонскиот фудбал е далеку од квалитетот што го имаше во времето пред осамостјувањето, кога нашата земја беше дел од СФРЈ.
Повозрасните македонски граѓани сигурно ги паметат одличните игри на шампионската генерација на Вардар во која фудбалери како Дарко Панчев, Тони Савевски, Драган Канатларовски, Илија Најдовски и многу други беа меѓу најдобрите поединци во тогашната југословенска фудбалска лига.
Видеово е убаво потсетување на моментот кога Вардар стана есенски шампион на Југославија.

https://www.youtube.com/watch?v=7V5gjigj_n8

(ВИДЕО) Погребот на Тито, еден од најголемите во човековата историја
На погребот присуствуваа бројни високи делегации од целиот свет.
(Видео) Скопјани добија архитектонско ремек-дело
Повозрасните граѓани сé уште добро се сеќаваат на моментот кога пред повеќе од точно три децении почна да работи новата скопска железничка станица.
Маса народ се собра да го пречека првиот воз. Гордоста кај скопјани беше голема. Добија супермодерен објект, вистинско архитектонско чудо, какво што немаше во ниту еден град во тогашна Југославија.

(Видео): „Југото“ прослави 35 години и се уште е најлош автомобил во светот

Доказ дека подобра и попатриотска музика се создаваше "под окупација во СФРЈ" неголи сега
Неповторливиот Јонче Христовски

Некој тврди сега има повеќе зеленило, некој прашува зошто Скопје е загадено, ради "ќумбињата"...:ROFLMAO:
Како некогаш изгледаше плоштадот на Скопје
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Фала ти за сѐ ...
За времето кога терористите не ги фаќаше само милицијата туку и граѓаните, кога се обидоа да го упукаат турскиот амбасадор у Београд, па кога им се с’снаа сите минувачи што се затекнале на тоа место и ги фатија живи, у која акција загина еден студент, кога келнерот у ресторанот на бензинската кај Лесковац нашол пуна ташна со германски марки, цело богатство, и без око да му трепне одма ја однел у милициска станица, а овие му ја вратиле на заборавениот германски транзитен турист, за што пишуева светските весници, кога убиството со секира за некоја меѓа у Босна беше ТОП вест на сите насловни, пошто беше реткост, за „чувајте Братство и јединство ко зеницу ока свог“, за „живите ко да ќе бити мир сто година, а будите спремни ко да ќе сутра бити рат“, „омладина је наша будуќност“, за „Шамац Сарајево“, за „Београд Бар“, за „Катланово“, фала ти...

За првиот дугорочен кредит без жиранти на триес години со кој ја напраив и првата доградба на бараката, чија рата после само три години испадна смешна, за оние пешес рати од „Мебло“ што останаа неплатени, за „стокецот“ што го купив у „Механика“ со лична карта, за времето кога само парите не се спомнуеа нигде као проблем, за пасошот ко тетратка од сто листа на кој сите цариници и џандари од другине држави му се поклонуева до земја и чим го видат од одма изговараа, ааа Тито, и се клештеа ко нездрави, фала ти...

За „Велика плажа“ у Улцињ, па све до Копар, за морето и песокот што стварно беа наши, за „Чик“ за „Старт“ за „Ева и Адам“, „Политикин забавник“, и рубриката веровали или не, за „Еурека“, за „Мирко и Славко“, за „Лун Краљ поночи“ за „Алан Форд“, за каубојските цртани романчиња, Авантурите на Вајат Ерп и Док Холидеј, за „Темпо“, за „Спорт“, за времето у кое политиката и политичарите као интерес се губеа и престануева да постојат после секоја најава од почетокот на вечерните вести на РТ Скопје, кога Бранка или Антоновски со ауторитативните гласови, ќе ја изрецитираа стихотворбата после која све стаунеше ирелеванто, а која идеше отприлике вака - Доживотниот Претседател на Социјалистича Федеративна Република Југославија, Претседателот на Централниот Комитет на Сојузот на Комунистите на Југославија и Врховниот Командант на оружените сили на Југословенската Народна Армија, маршалот на Југославија, другарот Јосип Броз Тито, со сите државнички почести беше пречекан во ... хе, сегде... од Северен до Јужен, од Исток до Запад... Фала ти...

За тоа што ме болеше лево уво кој е претседател на ЦК на Македонија, кој е Претседател на Собрание, дека чур не ми куело кои се по име и презиме Секретарите на Извршниот комитет, денешна Влада, премиерот и министрите, дека живо ме интересираше да го научам на памет комплетниот састав на Вардар, на Ѕведа на Партизан, на Хајдук и Динамо, на познатата тројка од Вележ БМВ, Бајевиќ, Мариќ, Владиќ, како и кои се членовите на „Бјело дугме“, „Пепеу ин кри“, „Парни ваљак“, „Корни“, „ЈУ група“, „Индекси“, „Про арте“, „Лутајуча срца“, „Биз Бес“, фала ти друже Тито...

Фала ти што растев со волшебните гласови на Борис Мајсторов и Никола Автовски, 19 часот, гооонг..., „Сто и една приказна“, и штама. „Си беше еднаш еден цар ...“ Фала ти за сѐ затоа што навистина беше, друже Тито... Сеа? Јбг...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714

ама забораваш дека се крадеа обични брисачи а велосипед и кола да не зборуам... а пред земјотрес имаше и тепање мало со мало, а и не смееше секаде да се оди па ни дење...зборувам за Скопје, во исти етнички средини... врвот на квалитетниот живот во ехју беше некаде до1985 година, кога почна галопната инфлација која и ја растури СФРЈ...
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
..вие двајца гледам................. сте џапнале нешто малку повеќе од тоа Бадел вињакот...?????
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

значи во СФРЈ имало масовно возила шом така се краделе, не било то на пример само неколку членови на партија да имаат коли па нма шо да му праиш на украдените, како на пример сега во северна кореја некој да укради кола, шо ќе му праи, ќе ја препродаде?? ќе ја вози префарбана??
A и бришачи за кола кој би крадел? или ако имаш кола па ти треба или ако има голема побарувачка за бришачи за коли поради голем број возила.
Како и да свртиш ова покажува дека во СФРЈ народот масовно користел коли и возила, а пошто ограничен беше увозот, мнозинството возеле нови коли, купени од салони, шо значи дека работниот народ можеше да си купи нова кола од 9000 долари на горе.

За разлика од денес кога просечноиот граѓанин гладува.
 
..не би рекол баш дека гладува , само еволуирал...порано живеел во реалниот свет, од реална храна и љубов ..., сега го убедиле дека виртуелниот живот е вистинската работа за него...па сега зури у монитор и "плеска" тастатура.....,значи гладдта ја заситува со бајтови...ем е поевтино , ем глобалистиве ги штампаат неограничено....:sneaky:
 
станваш после вести на Сител и викаш “ја не можам појќе - ќе пукнам!“
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
..вие двајца гледам................. сте џапнале нешто малку повеќе од тоа Бадел вињакот...?????
Секогаш се прашував дали вињак е гаден или Бадел вињак е гаден пошо и немавме баш избор за вињаци. Текстот е од оној Боки Бургија
http://fokus.mk/na-tajna-vechera-vo-vladinata-vila-vo-ohrid-avgust-1994-tsrvenkovski-ja-osnovashe-familijata/

И без да џапнеш некоја, ќе видиш дека е тоа така. Порано ме болело уво кој е секретар на цека, кој е прецедник на месна заедница, самите тв и радио емисии беа насочени повеќе кон образовни, научни, културни и општи информативни цели. Утринските училишни образовни и научни програми беа прилагодени кон нас децата и возрасните јазично и концепциски. Задолжителни во и по вести беа информациите за разни научни новини, постојано се емитуваа и емисии со квалитетна домашна народна музика, домашна квалитетна музика која и денес е хит кај овие млади сега, регионални информации (т.н. регионална хроника). Е сега, имаш турски со чинтијани и карање и турски со чинтијани и карање и толку неквалитетни, безидејни вести, емисии и програми, да ќе помислиш дека ги концепира зомби, а не нормален човек.
Да не должам и за одморите, пријателството, касти, богатство и вид на мобилен, колегијалноста итн.
Просто кажано, скоро све што беше позитивно отфрливме, све што беше негативно задржавмие. И го качивме негативното од левел 1-2 на левел 7-8.
Е сега, зашто сето тоа се изокрена, а луѓето истите, тоа е друго прашање, за форум психологија и филозофија веројатно.
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
станваш после вести на Сител и викаш “ја не можам појќе - ќе пукнам!“
:):)
хах, Бадел. Секогаш се прашував дали од вињак ми се гадеше или од Бадел вињак пошо и немавме баш избор за други вињаци (можи и имало ама за нас скапи). И ден денес заради тоа го заобиколувам. Текстот е од оној Боки Бургија
http://fokus.mk/na-tajna-vechera-vo-vladinata-vila-vo-ohrid-avgust-1994-tsrvenkovski-ja-osnovashe-familijata/

иако со текстот погоре воглавно целосно сум на линија. Значи, и без да џапнеш некоја, ќе видиш дека е тоа така. Порано ме болело уво кој е секретар на цека, кој е прецедник на месна заедница затоа што улиците ми беа чисти и без дупки, си се градеа научни, образовни, здравствени центри, и тн, да не должам, тој дел си функционираше скоро беспрекорно.
Понатаму, самите тв и радио емисии беа насочени повеќе кон образовни, научни, културни и општи информативни цели. Утринските училишни програми (чии содржини сга ги гледаме на канали за биологија, растителен и животински свет) беа прилагодени кон нас децата и повозрасните јазично и концепциски. Задолжителни беа информациите за вселената, лансирање на сателит, археолошки пронајдоци и други информации од тие области. Постојано се емитуваа и емисии со квалитетна народна музика, снимки од концерти на Танец, Орце, Рацин, куд Македонија, домашна квалитетна музика која и ен денес е хит кај овие млади сега, регионални информации (т.н. регионална хроника). Е сега, имаш турски со чинтијани и карање и турски со чинтијани и карање и толку неквалитетни, безидејни вести, емисии и програми, да ќе помислиш дека ги концепира зомби, а не нормален човек.
Да не должам и за одморите, пријателството (кое не се базираше исклучиво на лична корист (ако татко му е шефче, бизнисмен или докторче, ќе го дружам), касти, богатство и вид на мобилен, колегијалноста (кодоши како да си на голи оток) итн.
Просто кажано, скоро све што беше позитивно отфрливме, све што беше негативно задржавмие. И го качивме негативното од левел 1-2 на левел 7-8.
Е сега, зашто сето тоа се изокрена, а луѓето истите, тоа е друго прашање, за форум психологија и филозофија веројатно.
не ќе да е баш се до тоа Lurtz, мислам дека повеќе е заради тоа што тогаш си имал дваесет години....:sneaky:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
мислам дека повеќе е заради тоа што тогаш си имал дваесет години....
можеби само некој %, главно за ова што е пишувано од Бургија, младоста не игра голема улога. Ако е до тоа зошто тогаш старцине со по 80-90 години сами кажуваат дека подобро живееле во 60ти и 70ти, почеток на 80тите неголи од претходно кога јаделе диви круши и петровки и шеќер на мокар леб. Земи и спореди 2-3 теми од оние наброените погоре, ќе се увериш колку нешта не се до младоста.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
можеби само некој %, главно за ова што е пишувано од Бургија, младоста не игра голема улога. Ако е до тоа зошто тогаш старцине со по 80-90 години сами кажуваат дека подобро живееле во 60ти и 70ти, почеток на 80тите неголи од претходно кога јаделе диви круши и петровки и шеќер на мокар леб. Земи и спореди 2-3 теми од оние наброените погоре, ќе се увериш колку нешта не се до младоста.
хммм..Бургија...тоа е приказна од друг филм...нема врска со носталгичната серија Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина...

Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Дел од моето детство беше во последните години на СФРЈ, па уште јадев натопен леб со шеќер.
некој денес, некој тоа време, немал ниту за шеќер. Некој и сега од кејф јаде шеќер и палачинки, некој смета дека шеќерот не е здрав.
Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина...
нема тука мит. Направи споредба не за себеси туку за едно просечно семејство на работник или семејство на доктор. Покрај она погоре, спореди го времето одвоено и начинот на релаксација. Колку пати годинава оние млади кои ги познаваш биле на излет/викенд надвор од Скопје. Каде главно минуваат годишен одмор и на кој начин. Колку пати оваа година биле во кино или театар. Или наместо тоа, трчаат на протести, контрапротести, следат загрижено на тв гласање на УКИМ затоа што утре тато или тие самите ќе немаат каде да се вработат и со страв влагаат во 57мица. Се разбира, зборам за просечни семејства, не на т.н. "бизнисмени" или лопови. Чисто онака спореди си и ќе видиш дека ова баш и нема врска со нечија младост, него со нечија украдена и упропастена младост.
Да не збориме за поделбата кај младите (па и постарите) на разноразни кланови и партии.
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
некој денес, некој тоа време, немал ниту за шеќер. Некој и сега од кејф јаде шеќер и палачинки, некој смета дека шеќерот не е здрав.
нема тука мит. Направи споредба не за себеси туку за едно просечно семејство на работник или семејство на доктор. Покрај она погоре, спореди го времето одвоено и начинот на релаксација. Колку пати годинава оние млади кои ги познаваш биле на излет/викенд надвор од Скопје. Каде главно минуваат годишен одмор и на кој начин. Колку пати оваа година биле во кино или театар. Или наместо тоа, трчаат на протести, контрапротести, следат загрижено на тв гласање на УКИМ затоа што утре тато или тие самите ќе немаат каде да се вработат и со страв влагаат во 57мица. Се разбира, зборам за просечни семејства, не на т.н. "бизнисмени" или лопови. Чисто онака спореди си и ќе видиш дека ова баш и нема врска со нечија младост, него со нечија украдена и упропастена младост.
Да не збориме за поделбата кај младите на вмровци, комуњари, вип богаташи и види го овој голтар, жива сиромаштија...сега и порано.
..да расчистиме нешто...сиромав може да биде само "глуп" човек, a под глуп подразбирам недоволно паметен за да свати дека необразуван, прост...., небитно што тој мисли во тој однос за себе дека е паметен и талентиран..и какви дипломи има............. туку пазарот.............н е м а ..... н и к а к в а шанса у животу, освен да кука дека некој го заебал или му украл нешто.
Точно е дека во социјализмот постоеше некаков лажен привид на еднаквост и од бога даденост, ама како ми се гледа сега само меѓу овците. Овчарите и нивните маскирани волци ..добро знаеја како стојат работите и на првата можност ги симнаа кој гуњите , кој овчите кожи. И сега сме таму каде што сме и од каде само со локално блеење во нашето трло...нема да излеземе. Овцата е секогаш овца.., па незнам Миле од К-15 што да кажува....:):)
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
значи во СФРЈ имало масовно возила шом така се краделе, не било то на пример само неколку членови на партија да имаат коли па нма шо да му праиш на украдените, како на пример сега во северна кореја некој да укради кола, шо ќе му праи, ќе ја препродаде?? ќе ја вози префарбана??
A и бришачи за кола кој би крадел? или ако имаш кола па ти треба или ако има голема побарувачка за бришачи за коли поради голем број возила.
Како и да свртиш ова покажува дека во СФРЈ народот масовно користел коли и возила, а пошто ограничен беше увозот, мнозинството возеле нови коли, купени од салони, шо значи дека работниот народ можеше да си купи нова кола од 9000 долари на горе.

За разлика од денес кога просечноиот граѓанин гладува.
не е баш така, а зависи и кој период... а имаше тогаш ситни кражби кој многу го иритираа обичниот народ. Јас прва кола купив рено 4 гтл 1984 6000 дојч марки + 30% данок ...втора кола купив Вартбург бензинец 1991 10000 дојч марки + 30% данок... ова беа коли на ново...
а крадење имаше не само на брисачи туку и на штопови, посебно на Рено 4 ... уште полошо беше тие што имаа странски коли... да не кажувам во државен сервис да оставиш кола, лично гфледав како го убедија сопственикот на рено 5 да ја остави колата да му сменат браник, ама им требач и клуч... само што отиде му отворија хауба и шефот кој имаше исто Рено 5 му го извади на човекот делот, некој регулатор беше а му го стави расипаниот од неговата кола... со мајсторот си кажуваа нема веднаш да осети, по 50 километра, ама тогаш и ако дојде ќе си плати да му се вгради нов....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom