Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Каков култ на личност било во прашање. Кој денешен политичар ќе се дрзне да стави ваква слика на своја биографија? :cool:

Уникатен и најмоќен политичар од балканот на 20 век, без конкуренција.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019

Акчли , не е гол култ на личноста ! Повеќе како синоним на заедништво и моќта која произлегува од тоа .
Ако чисто емпиритски разглабаме , Тито можел да има мерцедеси , вила и јахта , кај и да бил во светот . Југославија без него ? Видовме како пројде .
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.791
Поени од реакции
15.696
Ех, одмор...па уште донесоа измена на закон одморот да се користи во повеќе делови. Првиот како така ама другите, пиши пропало. За максимум работни саати муабет да не правиме. Ами К-15 ами работнички одмаралишта ами други нешта што по закон следувале, а сега се рачунаат бенефиции само кај некои фирми...Абе ептен лошо било.
не се сеќавам дали пишав за периодот на РЗ ( работни задруги) ...таткоми беше пратен како дипл.агроном 1948 во Книќанин , Војводина ( јас сум роден таму)...Кажуваше каква била шемата, младите
( способни за приплод) организирале разни КУД програми, се играло ора, игранки и слично, а стари луѓе товарале со камиони и трактори на ниви да работаат... нормално задругите пропаднаа... Имаше и други утки, политички фабрики, како железарите во Скопје и Никшиќ, фабрика за алуминиум боксит во Обровац... и многу други....Принципот беше јал не јал 3 1/2 ... некаде пред распадот Анте Марковиќ се обиде да воведе реална економија, но србите не прифаќаа контрола на печатењето на динарот, мислам дека имаше и апсење на директорот на печатницата Топчидер... поради печатењето ју динари се распадна и 3-тата Југославија, МНЕ во старт не примаше јуДинари по продавници, за на крај и да излезе потполно од федерацијата...
 
СФРЈ у ствари и пропадна од Србија , која патем до крај го користеше нејзиниот имиџ . Така по ред и си војуваше со сите што сакаа да се одтргнат од таа "братска прегратка" !
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.791
Поени од реакции
15.696
СФРЈ у ствари и пропадна од Србија , која патем до крај го користеше нејзиниот имиџ . Така по ред и си војуваше со сите што сакаа да се одтргнат од таа "братска прегратка" !
и Црна Гора користееше бидејќи имаа маса народ во команден кадар во ЈНА и директори во Белград... а Словенија матеше со монопол за увоз и ни продаваше магла... онаа странка беа индустриски и земјоделски производни региони, БиХ, дел од Хрватска, Војводина и голем дел од Македонија...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Акчли , не е гол култ на личноста ! Повеќе како синоним на заедништво и моќта која произлегува од тоа .
Ако чисто емпиритски разглабаме , Тито можел да има мерцедеси , вила и јахта , кај и да бил во светот . Југославија без него ? Видовме како пројде .
Тито, од една вукојебина на полуостров (освен бившите делови од Австо-Унгарија), успеа да направи модерна држава и тоа со продавање на лаги (за да земе кредити, и да му ги отпишат). И за тоа сите го сакаа.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Тито, од една вукојебина на полуостров (освен бившите делови од Австо-Унгарија), успеа да направи модерна држава и тоа со продавање на лаги (за да земе кредити, и да му ги отпишат). И за тоа сите го сакаа.
Лаги или не, човекот им даде влијание и моќ и квалитет на живот на луѓето од овие простори како што дотогаш немаа видено, а прашање е и дали во иднина ќе можат да видат.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Лаги или не, човекот им даде влијание и моќ и квалитет на живот на луѓето од овие простори како што дотогаш немаа видено, а прашање е и дали во иднина ќе можат да видат.
ќе видат ако се иселат Канада Австралија или Шветска
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
СФРЈ у ствари и пропадна од Србија , која патем до крај го користеше нејзиниот имиџ . Така по ред и си војуваше со сите што сакаа да се одтргнат од таа "братска прегратка" !
Една од најголемите ограничености кај рајата е кога имаат предрасуди во животот, притоа непоткрепени со потполни факти.
За распадот на СФРЈ сите републики имаат удел.
Погледни само на фејсбук или на интернет портали и весници од бившите републики на СФРЈ и погледни ги коментарите од читателите, секаде коментари полни со омраза кон некој народ или република од СФРЈ.
Се коментари од типот виновни ни се овие, оние.... а само ние сме добрите.

Како во суд, едната странка дава изјава: виновни се тие, а другата странка вели: не сме ние виновни, тие се виновни. И кој е виновен?

Факт е дека Словенија и Хрватска не се ни потрудија многу да опстане федерацијата, мислеа ќе ги чека мед и млеко во Европа, а еден куп Хрвати ја напуштија Хрватска и сега работат како би рекле тие "Бауштела" во Германија, Австрија......

Не војуваше Србија исклучиво поради тие републики кои сакаа да се тргнат од СФРЈ.

Кажи да беше Македонија во позиција на Србија, немаше ли нешто да направи Македонија за да се обиде да ги заштити своите сограѓани во нови создадени држави?

Знаеш Србите беа конститутивен, рамноправен народ со Хрватскиот народ во СР Хрватска, истото тоа беа и во БИХ, и одеднаш им се одзема еднаквоста.
До 1990 година во Саборот во Загреб кога ќе се гласаше за одлуки, мораше да има и подршка од страна на претставниците на Србите, а сето тоа беше одземено со Божиќен устав, и нормално се побунија Србите.
Да имаше и обиди таа побуна балван револуција да се искористи за Голема Србија.

СФРЈ била слично нешто на Буржоаската револуција во Франција, еднаквост за сите.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Каков култ на личност било во прашање. Кој денешен политичар ќе се дрзне да стави ваква слика на своја биографија? :cool:

Уникатен и најмоќен политичар од балканот на 20 век, без конкуренција.
Не само на балканот. Тито беше голем играч. Секако, не туку-така. Се повеќе се шират мислења дека е играч на големите, западни земји.[DOUBLEPOST=1459505613][/DOUBLEPOST]
Лаги или не, човекот им даде влијание и моќ и квалитет на живот на луѓето од овие простори како што дотогаш немаа видено, а прашање е и дали во иднина ќе можат да видат.
Да, како и да било... „убаво било додека траело“.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Една од најголемите ограничености кај рајата е кога имаат предрасуди во животот, притоа непоткрепени со потполни факти.
За распадот на СФРЈ сите републики имаат удел.
Погледни само на фејсбук или на интернет портали и весници од бившите републики на СФРЈ и погледни ги коментарите од читателите, секаде коментари полни со омраза кон некој народ или република од СФРЈ.
Се коментари од типот виновни ни се овие, оние.... а само ние сме добрите.

Како во суд, едната странка дава изјава: виновни се тие, а другата странка вели: не сме ние виновни, тие се виновни. И кој е виновен?

Факт е дека Словенија и Хрватска не се ни потрудија многу да опстане федерацијата, мислеа ќе ги чека мед и млеко во Европа, а еден куп Хрвати ја напуштија Хрватска и сега работат како би рекле тие "Бауштела" во Германија, Австрија......

Не војуваше Србија исклучиво поради тие републики кои сакаа да се тргнат од СФРЈ.

Кажи да беше Македонија во позиција на Србија, немаше ли нешто да направи Македонија за да се обиде да ги заштити своите сограѓани во нови создадени држави?

Знаеш Србите беа конститутивен, рамноправен народ со Хрватскиот народ во СР Хрватска, истото тоа беа и во БИХ, и одеднаш им се одзема еднаквоста.
До 1990 година во Саборот во Загреб кога ќе се гласаше за одлуки, мораше да има и подршка од страна на претставниците на Србите, а сето тоа беше одземено со Божиќен устав, и нормално се побунија Србите.
Да имаше и обиди таа побуна балван револуција да се искористи за Голема Србија.

СФРЈ била слично нешто на Буржоаската револуција во Франција, еднаквост за сите.
Што да ти кажам на анализава направена од сегашна гледна точка . Ништо , терај си мнението !
Јас за разлика од анатилитичарите (како тебе ) го живеев тој период , со одредени можности поблиску да се ѕирне во случувањата .
Тоа што си нафрлил кој како се понашал и што очекувал е една работа , факт е дека клучот на распадот на СФРЈ го имаше Србија .
Ај прашај се:
Кого бранела Србија во Словенија ?
Како попуши Краина знаеш ? Поразгледај хронологија на случувања пред балван револуцијата !
Зашто настрада БиХ , она немаше хегемонистички претензии ?
Што се случи со братска Црна Гора кога снема жртви на списокот ?
 
Пресудата на Хашкиот трибунал против Шешељ е показател дека Србија немала намера да прави голема Србија, така пресуди Хашкиот суд против Шешељ.
Па ти терај по твое.

Србија се надевала очигледно дека Словенија ќе се предомисли во врска со отцепувањето затоа и имаше и таму кратка 10-дневна војна. Откако увиделе дека Словенците нема шанси да се откажат од независност се откажале од војната таму и ја повлекле војската.

Што дека си го живеел ти тој период а јас не сум го живеел?

Факт е дека во случајот со СР Хрватска и СР БИХ немаше услови за да бидат признати како независни држави, а тоа и Роберт Бадентер го има кажано и да не се признаат тие две држави за независни, но ете влијанието на обединета Германија (која секако сакаше да се одмазди на Србите и Југославија за двете светски војни) плус САД и Британија како земји кои први после Втора светска војна ја признаа и трасираа Југославија да биде комунистичка творевина и која им требаше едно време, но дојде време да не им требаше таа држава и големите сили кренаа раце од неа.

А братска Црна Гора, па таа го предводеше нападот врз Дубровник. Сакаа да се офајдат со преубавиот град, со бисерот на Јадранот.
Мило Џуканович некогаш беше со Србите, денес само да е на власт е против Србија.

Во устав на Ср БИХ мораше кога ќе се носат одлуки да има согласност од претставниците на сите три народи конститутивни во БИХ а тоа беа Бошњаците, Хрватите и Србите, и џабе што референдумот за независност имаше мнозинство, кога во парламентот немаше подршка за независност од Србите, а со тоа беше прекршен уставот на Ср БИХ.

Ти не ги знаеш уставите и уредувањата на републиките во СФРЈ, а тропаш ја знаеш ситуацијата? :cuc:

Краина изгуби бидејќи ги продаде Милошевиќ.
Краишниците да го прифателе фамозниот З-4 мировен договор тој договор не се однесуваше на целата територија на Краина во Хрватска. И не може некој да прифати таков договор со кој се откажува од поголем дел од територија, тоа е како некој ќе дојде и ќе каже ќе може само едно од твоите три деца да преживее а останатите мораш да ги жртвуваш. Е таков и беше З-4 договорот понуден на Краишниците, и тие тоа го одбија.
Нормално ли беше за тебе што еден Србин роден во Книн и завршил во СФРЈ медицина во Загреб и станал јак психијатар по име Јован Рашковиќ и кој долго време работел во болница во Шибеник, и на почеток на 90-тите години во Шибеник со тогаш 60.000 жители дури 30.000 жители на Шибеник се потпишале да се протера Јован Рашковиќ од Шибеник? Да се протера поради хистеријата спрема Србите? И тој приморан го напушта Шибеник, во Книн не наидува на компромис кај лидерите на Краишниците, кои поттикнати од Милошевиќ одбиваат разговори со Загреб за правата на Србите во независна Хрватска ( Милошевиќ секако уште 1991 договорил со Туџман да ги изигра Србите од Краина).

Уште пред да почне војна во Ср Хрватска, имало случаи да бидат кревани во воздух куќи на Срби во градовите каде тие биле само 2-3% население, случаи каде војници на ЈНА од Српска националност давени.

Имало вина за распадот на СФРЈ кај Србија и Србите, но апсурдно е тоа што го велиш клучевите биле кај Србија.
Кај сите имало вина.
Впрочем нели се колневте, полагавте заклетви дека ќе се борите против секого што ќе го урива уставно-правниот поредок на СФРЈ и суверенитетот на СФРЈ?
А овде го негираш тоа што го пишувало во СР Хрватска и СР БИХ во носењето одлуки со консензус.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom