Имаме теза и ништо повеќе.
Тезата е потктепна со сличноста на називот.
Некој Велес го споредуваат со Баал-ес, тери со белец ..
тоа не е добар аргумент .И каде во Велес има било каква археологија во спомен на некави си богови по теорија ?
Засега нема ,Ни таму ни каде и да е на Планетава ..
Може утре ќе има - пронајдено ...
Имаме книги од Византија,христијанизираните Германи,Арапските трговци и (подоцна) од самите словени околу нивниот пантеон.
Имаме артефакти,амајлии,оружја и запишани заклетви кои воините ги кажувале пред војна додека се колнеле во Велес или Перун.
За топонимите да не ни почнувам.
И уште една работа,Словените како и Германите се група на народи дефинирани според нивниот јазик и колку толку нивните обичаи и верувања.
Генетски може поголемиот дел од твоите предци да се Готи,а ти да не го ни знаеш тоа дека едноставно неколку генерации зборуваш наш јазик.
Е кога сме кај верувањата и обичаите,тоа се разликувало од племе до племе.
Кај некој племиња Перун бил главен(тоа сме смета највеќе кај јужните Словени) кај некој Световид.Други пак сметаат дека тоа е ист бог со различно име кај различни племиња.
Истиов случај е кај Германите.Иако кога ошто се зборува за Германска/Нордијска митологија се смета Вотан/Один како главен,не е секогаш така.
Во многу племиња Донар/Тор е врховен бог.Па така и кај словените(кај некои бил Перун главен,кај некој Род итн).
За разлика од денес,тогаш немало којзнае колкава филозофија или систем на поделба на боговите кај тие народи.
И кога сме кај доказите за богови.
Има 10 пати повеќе докази за посебна словенска религија него што има за некаква посебна античко Македонска.
А тоа мајка земја итн е чест поим и култ кај речиси сите народи,па така и кај нас Индо-Европјаните.
Мајка-земја=дека земјата раѓа плод како мајката
Татко-небо=ја оплодува земјата со дождот (сите Индо Европски врховни богови се мажи поврзани со громот и небото-Зевс/Перун/Тор/Один)