Ти повторно со твојата национал-племенска реторика.
Би ти одговорил само: Се што Албанците бараат во Македонија има за цел Македонија да ја нема, да не постои.
Пази како темата е преименувана, колку албанците го почитуваат договореното...
Кои постапки те наведуваат да мислиш дека на албанците им е цел Македонија да ја нема?
И зошто според тебе не треба да ја нема?
Но, Македонија не е суверена држава Македонија кога во неа се вее знамето на соседна држава. Македонија нема да биде Македонија кога во неа нема да се почитуваат борците за ослободување и за независна македонска држава независно дали тие биле Македонци, Срби, Бугари, Роми, Албанци, Власи или Турци.. Македонија нема да биде Македонија кога во неа нема да се заштитува македонската национална идеја бидејќи нашата државност е последица од развојот на таа идеја. Симболизмот е важна компонента за било која идеја/идеологија.
Пак за знамиња се фати, голем кур...
Дали државата ги почитува хероите од немакедонско потекло? Зошто кај илинденското востание е збришан албанскиот елемент, зошто никогаш не се спомнуваат албанците кај Крушевската република, зошто по историја не учевме дека покрај власите и македонците имаше и албанци православни кои имаа свое маало?
Лицемерно е да бараш од мене да ја почитувам државата која сака да ме избрка, не ме признава како дел од неа, ме брише од историјата, ме провоцира, ме дискриминира.
Македонија нема да биде Македонија кога во неа не се заштитуваат сите граѓани подеднакво, и не, не зборувам пред независноста.
И да немавме заедничка историја, која ја имавме, се боревме заедно против нашите заеднички непријатели, требаше да ја измислиме, да изнаоѓаме заеднички точки.
Прати што историја учат и учевме како деца, како средношколци и како студенти, знаеш каква енциклопедија направија со наши пари.
Кажи кои права ги немате во Македонија?!!
Кажи и дали ја сметате (според твое внатрешно видување кај мнозинството припадници на албанската заедница) Македонија за своја татковина?!
Кажи кога последен пат Албанците (не политичари) оддале почит кон борците за македонска државност (партизани,војводи..) и на колкумина од нив им ги знаете имињата?!
Зошто Албанците сеуште сонуваат за федерализација на Македонија?!
Ова земја е и моја татковина, но државата не, мислам дека повеќето македонци го делат моето видување поради многу очигледни причини.
Па не знаат албанците дека меѓу борците за македонска државност имало и албанци.
Сонуваат бе брат, гледаш дека нешто функсионира во државава? обичниот граѓанин инстиктивно бара подобар живот, ќе се фати у било која мамка која би променило нешто. Вистинското прашање е каде е мамката на државата.
Да не се лажеме, точно е дека мнозинството Македонци ве гледа како мигранти, но мнозинството од вас и фактички се мигранти односно доселеници од 2-3 поколение, а еден друг голем дел пак се доселени во 18-19 век. Но тоа е историја и воопшто не се релевантни факти во едно граѓанско општество.
Проблемот е што не е вистина, вистина е дека доселувања имало секогаш, но и вие се доселувавте од егејска, па ја сменивте засекогаш демографската слика на оваа територија. Но тоа е историја и воопшто не се релевантни факти во едно граѓанско општество.
Сепак никој нема да ве гони оттука, туку проблемот е што ќе продолжиме да ве гледаме како такви се додека за вас постоењето на македонска државна власт и институции на териториите каде живеете е историска неправда и несакана реалност, а вие секојдневно работите на поткопување на стабилноста на оваа држава.
Вистината е дека за нас е историска неправда тоа што останавме надвор од границите, но не е наша вина што уште ни е несакана реалност.
Кажи како може албанецот да не го почитува рамковниот договор, како може да влијае кон нејзино неспроведување, дали може да го блокира неговото спроведување?
Одговори ми на ова, после ќе ти одговарам како државата не го почитува договореното.