13 години Рамковен договор, колку Албанците го почитуваат договоренот

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Значи темата не ја отварам за повторно и повторно да се препукуваме туку да се развие муабет околу тоа што поточно содржи тој договор (мислам дека оваа и после 13 години сеуште е мистерија) потоа што донесе до сега овој договор и колку истиот се почитува од страна на македонските Албанци.
Она што мене не ми е јасно во овој договор е регулирањето на јазиците. Имено колку што јас знам македонскиот јазик е ДРЖАВЕН јазик на цела територија а остантите јазици можат да се користат во општини каде што малцинствата се повеќе од 20%. Е сега се е тоа во ред но зошто ако македонскиот е државен јазик на цела територија во општините со градоначалници од албанската заедница на сите патокази и информативни табли како прв јазик е албанскиот а македонскиот е втор ако воопшто се користи. Дали е тоа според рамковниот или е класично непочитување на законите. Потоа законот за знамиња, јас колу што знам македонското знаме треба секаде да се употребува и да биде за 1/3 поголемо од знамињата на помалите заедници. За жал повторно во горе споменатите општини македонското знаме често не се ни употребува а таму каде што го има или е со иста големина или помало од албанското. Муабетот ми е дека општиот впечаток е дека Албанците наметнаа такова пракса дека обврските кои произлегуваат од овој договор треба да се почитуваат само од страна на Македонците и другите помали етникуми додека тие поставуваат само барања а не превземат обврски и не го почитуваат договорто во делот кој не им одговара. Од наша страна пак никој не се зафатил со проучување на оваа проблематика ниту пак да се обиде во спроведување на истите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.003
Не се прецизирани многу работи, па Албанците си ги толкуваат по свое. Но, ниту ова нема некоја врска, затоа што и прецизираните нешта Албанците не ги почитуваат. На пример - тоа дека воените злосторства против човештвото не можат да подпаднат под амнестија, како и ред други нешта. Куропушачката политика на македонските партии кон ова, е практичен потег, кој долго е на сила, затоа што редовно им носи политички услуги на сосема краток период. Зошто инаку пратениците од ВМРО би дигнале рака да гласаат за амнестијата да важи и за воените злосторници (кои направиле злосторства баш против народот на тие пратеници)?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Не би мешал партии затоа што ваквата занемарувачка појава е типична за нашиот менталитет. Имаме милион невладини организации, имаме и опозиција, имаме и здруженија на граѓани, имаме и т.н. експерти никој ама никој досега не се зафатил со оваа проблематика. Едноставно на малечка врата се негира македнскиот јазик, знаме и традиција. Албанците своите барања кога тогаш си ги постигнуваат и ги буткаат а паралелно не го почитуват онаа што не им одговара а ние не сме способни да видиме дека во Струга на пример на сите патокази македонските топоними се избришени или сокршени. Во сите општини дури и во онакви какви што се Струга и Кичево во кои во градовите има повеќе Македонци на никој не му е гајле што на општинската зграда најпрво пишува на албански а дури потоа на македонски. Мене ме интересира дали оваа е регулирано со договорот. И зошто никој досега не го покренал оваа прашање. И повторно ќе повторам овде нема место за мешање на партии и слични работи. Ова е колективна неодговорност на секој поеднинец пред се на секој Македонец.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Логичка контрадикторност, воедно и семантичка.....значи никогаш неможе да ставате Албанец, и почитување во иста реченица.

Во врска со темава, имам само да кажам дека Албанците во Македонија се обесправени и малтретирани, бидејќи ги вработуваат, земаат плата а не им даваат да одат на работа.Ни Хитлер такво нешто не би им направил на душманите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.003
Резултатот е на сцена и е видлив, подолго време.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Одговорот се знае и без да се отвори темава.
Сега се чека само некој сечен да дојде за да има „дискусија“ и да се наполнат 100 страни за една недела.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.003
Сега се чека само некој сечен да дојде за да има „дискусија“ и да се наполнат 100 страни за една недела.
За жал они се толку еднодимензионални, што одамна е излишна таа работа.

Што имаше изминативе недела (или десетина) дена:
- Претепување кафирско дете вчера, од група храбри Албанци.
- Каменување на возот кај Тетово.
- Пљачкање две три цркви, во доминантно муслимански/албански делови.
- Бомби во УКИМ (али тоа е оправдано, пошто е протест заради апсењето на Омер Буњаку)
- Протест за ослободување на убијците од Велигден.
- Демолирање на кафич кој пуштал кафирска музика

плус, веројатно уште нешто, што не ми текнува.

Овие настани се ебано секојдневие во рамковна Македонија и секоја недела можат да се соберат толку. Тоа се факти, па сега видете што ќе правите со нив.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Ако некаде договорот не е исполнет во целост- тогаш Албанците и понатаму биле дискриминирани, ако договорот некаде се злоупотребува(знамиња, патокази,химни..)тогаш тоа е во духот на рамковниот договор. Така да добар дел од договорот е исполнет сега се работи на неговиот дух. Имал и дух договорот???-зол по се изгледа.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Мене колку ми е познато, физичкиот доказ од договорот не постои т.е од неколку копии што се потпишани, дали една постои некаде во некоја архива.
Овој договор овозможува лажење на албанците (да праќаат пари од туѓина) и иритирање на македонците, со тоа што никогаш не бил целосно имплементиран т.е секогаш уште нешто фали.
Никаде нема содржина, што е напишано, што е исполнето од тоа и уште колку има т.е нема крај.
И тоа е многу убава приказна за политичарите, бидејќи наместо да се занимаваат како да направат поубаво утре, ќе се занимаваат со точки и запирки.
Албанците од туѓина праќаат пари за каузата и градење на џамии, наместо да си ги средат местата каде живеат, македонците се вадат на патриотизам, Рамковниот договор и уште слични, а никој не се запрашал зошто на автопатот Велес-Градско/Скопје-Велес има толку многу дупки иако се обновени од пред пар години.
Овој договор не е за да биде почитуван, туку да служи како мамка
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Им се може и затоа го злоупотребуваат секој договор и си ја вртат водата на нивната воденица. Но тоа е закон на природата и тие не се виновни за нашата неспособност и незаинтересираност.
Овој проблем за кој пишувам досега никој не го ставил на маса никој не го презентирал во јавност , никој не побарал правно толкување на законот. Тоа е тоа лествичката ја буткаат на се повисоко и повисоко ниво од нивен апсект. Исто така фрапантно е што на влезот во Чаир на клучката кога се влегува од кај Автокоманда со години веќе стои орел направен од железо кој беше нелегално поставен за време на прославата на албанското знаме. Истиот орел мислам дека сеуште стои и на никој не му текнало да се побуни. Не само институциите туку и ние како народ сме такви и затоа не треба да ни е криво. Вакви случаи има еден куп и факт е дека на никој не му пречат. Па ако е така нормално е самоволието на Албанците. Сличен е проблемот и со Џамиите кои не го почитуваат законот за бучава но ете и на него се навикнавме. Најголем проблем е што кај нас нема чиста линија и однапред одредени граници на толеранција. Секогаш се испукуваме на некој поединечни а потоа се спласнува. Ќе повторам проблемот не треба да го гледаме во Албанците туку порблемот е исклучиво и само кај нас и за тоа би сакал да зборуваме на темата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom