@Vanlok
Но има и една друга работа
Количеството на пари во оптек треба да ја задоволи потребата на пари за размена на стоки
Ако нема доволно пари, тогаш размената мора деа се врши безпари односно со трампа, клиринг или слично
Можеби е решение да има одредена количина на пари со златен стандард но да има и хартиени пари за да се задоволат потребите на размената
Што мислиш ти?
Ќе извиниш, ама мора да пишам одделно за двата случаи.
Класичната економска теорија вика, доколку во една економија има вишок стока, во случајов вишокот е делот што не е покриен со "пари/злато" во економијата, истата станува поконкурентна на светскиот пазар, врши продажба на стоката надвор, а за "возврат" носи злато во матичната економија.
Ова на прв поглед звучи дека е во корист на златото како стандард, ама во случај,кој одговара на реалноста,светската агрегатна понуда на стоки да ја надмине вкупната количина злато кое може да се искористи, почнуваат да се случуваат проблеми. Цената на производите паѓа.Производителите не можат да ги покријат трошоците за производство преку продажба. Платите во принцип не се еластични надолу, па работници се отпуштаат. Потрошувачите сакаат да извадат што поарна зделка на пазар, па чекаат да паднат цените уше малце. Ова ти е во принцип дефиниција за дефлација.
Кај класичната економска теорија одговорот на ова е
laissez faire. По "нашки", ко преживи причаче.
Бартерот е доста проблематичен. Да, може да послужи кога тргувањето со помош на пари не е изводливо, ама ограничувањата кои не можат да се избегнат го прабат крајно неефикасен. Не може да се воведе соодветен "паритет" меѓу добрата.Некои добра се неделиви. Во исто време и на исто место треба да се најдат лица кои го сакаат она што другиот го поседува. Сѐ ова ја забавува економијата значајно.
Клирингот е поефикасно решение од бартерот. За да можеш да таква функција треба да гарантираш стандард кај производите, квалитативен и квантитативен и да воведеш одреден паритет, во принцип однос за тргување на производите. Проблемот е кај гаранцијата на паритетот.Кој ќе ја даде таа гаранција? Не можеш да ја врзеш за златото, нема доволно и истото во моментов ти ја ровари економијата(пишав погоре за дефлацијата). Може да се направи институција која ќе дава гаранција, ама тогаш па се сведува работата на нечие ветување. Исто како што е со декретните пари.
Во принцип создаваш паралелен систем на плаќање кој ти се натпреварува со конвенционалниот. Едниот ќе мора да згасне бидејќи другиот е поефикасен во извршувањето на задачите.Знаеме кој систем згаснува. Ова е дел од човечката историја. Има доста економска литература која ги опишува и разработува овие проблематики кои и не се толку стари.
Викаш
Можеби е решение да има одредена количина на пари со златен стандард но да има и хартиени пари за да се задоволат потребите на размената
Не сум сигурен како да го протолкувам ова.
Доколку ова подразбира постоење на два паралелни независни системи, пишав погоре кај е проблемот. Едниот ќе биде истиснат.
Доколку парите ги врзеш со златото, добиваш систем кој ги наследува проблемите на златото, со тоа што истиот е доста
ригиден во случај на појава на инфлациони и дефлациони притисоци, шпекулативни напади, девалвација на валутата на трговските партнери.
Можеби мислиш на систем во кој парите кои се во оптег се користат за секојдневни потреби, а златото се користи како некој вид конвертабилна резерва која се користи за заштита од разни шокови. Во принцип системот кој постои денес.
П.С.
Како фино има да не брише модераторот.......