Пад на цената на нафтата - причини и последици

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Povtorno nadolen trend .
Dali e ova slucjano Conspiracy ???
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Povtorno nadolen trend .
Dali e ova slucjano Conspiracy ???
Мислам не....
Нешто се случува во глобалната економија кое со обидуваме да го разбереме
Ниска цена на нафта значи дека земјите кои произведуваат нафта и чии основен приход е од нафта ќе имаат намалени приходи
Од друга страна земјите кои позајмуваат пари кои потекнуваат од „ петро доларите “ и тие ќе имаат тешкотии од каде да позајмат
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.373
Поени од реакции
38.352
Целта е да се ослабе Русија, од таму дојде и тргнувањето на санкциите кон Иран за кој знаеме дека е една од најбогатите земји со нафта што значи дека ќе се зголеми производството еднакво пад на цените. Треба русите да бараат алтернативи, неможат цел живот да се шлепаат на енергенси.
 
?

..........

Гостин

Во право си, но зошто Русите сами си пукат во нога? односно Русија вложи максимални политички напори за да се тргнат санкциите на Иран, дури читав некаде дека и гарантира односно се заканува дека ќе употреби дополнителен политички притисок ако не се имплементира постигнатиот договор.. тоа ми нема логика
 
па нели им треба помош за нуклеарната програма, второ иран треба да се наоружа, фактички си најдоа партнер за продажба на оружје. Сега имаше вести дека треба да им испорачаат С-300 ПВО системи што е многу добро. На Русија и е потребен Иран како сојузник, само Иран остана од државиве на блискиот исток кој не е под контрола на мурика.
 
?

..........

Гостин
Демек процениле дека повеќе ќар ќе имат па дури и да им конкурира и со онака веќе слаба цена на нафтата.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
4.670
Целта е да се ослабе Русија, од таму дојде и тргнувањето на санкциите кон Иран за кој знаеме дека е една од најбогатите земји со нафта што значи дека ќе се зголеми производството еднакво пад на цените. Треба русите да бараат алтернативи, неможат цел живот да се шлепаат на енергенси.
Да, но кој е виновен за падот на цените на нафтата?
САД сигурно не се, бидејќи се наоѓаат на врвот според производството нафта.
Голем број на бизниси поврзани со нафтата во Америка пропаднаа во последната година благодарение на падот на цените.
Зошто Русија не договори намалување на производството на нафта со С. Арабија кога имаше можност за тоа, и тоа на барање на С. Арабија?
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Демек процениле дека повеќе ќар ќе имат па дури и да им конкурира и со онака веќе слаба цена на нафтата.
Ova e vreme koga se spremaat za zima taka da neka ne ve cudi. Amerikanskata naftena ekonomija e na kolena bidejki skoro i da nemaat svoi izvori se im se kradeni i ne im se isplatat. Zatoa ova e dobro, utepaj kuce dodeka e na kolena ;)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Демек процениле дека повеќе ќар ќе имат па дури и да им конкурира и со онака веќе слаба цена на нафтата.
Цената на нафтата е 100% шпекулантска, никаква врска нема со слободен пазар (на кој производителите си конкурираат со пониски цени). Ако цената на нафтата е, на пример цената на експлоатација/производство + 100% профит, таа цена нема да биде ни 20тина долари по барел.
Проблемот е што многу од државите производители имаат непосточка економија, настрана од експлатацијата на нафта. Таквите се најпогодени од падот на цените (Венецуела е добар пример). Саудиска Арабија уште пред кризата (за која нормално, знаеле) - договори волуменски попусти со многу увозници (големи попусти на големи количини). Арапите имаат големи девизни резерви, иако немаат развиена економија настрана од нафтата.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
И во време кога нафтата избега од контрола преку 130-140 долари, производителите секогаш зборуваа дека на пазаратот има доволно нафта и дека цената е шпекулативна.

така е и сега, некои големи играчи на пазарот диктираат игра која е порачана од политички центри на моќта кои за тоа имаат свои
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Секој против секого но нај лесно име на Саудијците нај добра технологија, Во кртако време може д аподигнат или наммалат производство.
А ова ке е година две додека заргаат фракинг постројките.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Проблемот е што доколку некој го намали производство(ОПЕК) некој друг(Русија, САД, Венецуела...) ќе го искористи тоа и ќе ги понуди тие количини на пазарот.

Друго би било да сите членуваат во иста организација како ОПЕК. Ќе се договорат за `доброто на сите`
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Во Дневник е објавен напис во кој се оценува дека падот на цената на нафтата ќе има позитвивно влијание на македонската економија
http://dnevnik.mk/?ItemID=8C473F90E3A0104E85D21FB654E3B8E2
Од Дневник претпоставуваат дека буџетот ќе се полни повеќе со акцизи заради зголемените количини потрошени нафтени деривати:

„Економистите се согласуваат дека намалените цени нема да имаат буџетски последици со оглед на тоа што акцизите за нафтените деривати се фиксни и се наплатуваат по количина. Сепак, во услови на зголемена потрошувачка при намалени цени, буџетот може да има и позитивен ефект најмногу поради зголемување на приходот од ДДВ.“

Ова не е точно, потрошувачката на нафтени деривати стагнира, а буџетот ќе изгуби заради намалените приходи од ДДВ:

Во 2014 година во Македонија потрошила исто вкупна енергија како и во 2013 година, но по структурата потрошената количина на енергија е различна кај разните типови на енергенси. Има покачување од 9,4 отсто во потрошувачката на лигнитот и јагленот, кај природниот гас 6,4 отсто, кај геотермалната енергија за 6,2 отсто и коај огревното дрво за 1,4 отсто, а има помала потрошувачка на електрична енергија од 11,4 отсто, кокс 7,6 отсто и сурова нафта и нафтени деривати 0,8 отсто“, рече претседателот на МЕА Кочо Анѓушев на денешната пресконференција.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Во Дневник е објавен напис во кој се оценува дека падот на цената на нафтата ќе има позитвивно влијание на македонската економија
http://dnevnik.mk/?ItemID=8C473F90E3A0104E85D21FB654E3B8E2
Некако падот на цената на нафтата не се одразува премногу на цената на горивата што се продаваат овде? ;)
Цената на нафтата е падната за многу повеќе од 100%, но колку проценти паднаа цените на горивата во Македонија?

Ви велам јас дека се што е поврзано со нафтата и фосилните горива, е чисто шпекулантски монополистички пазар каде некој си става какви цени сака и му одговараат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom