Фала многу за помошта дечки, ама колата е многу далеку од тоа на сликите. Воланот излитен како да има 500к поминато (а може и стварно да има), не работи електриката на прозорите, назад е удрена и видливо е со голо око. Исто така многу глупаво нешто е што газдата не дозволува колата да се однесе на мајстор, демек немам пробни табли.. При толку голем избор на коли на денешницава, да не дозволуваш потенцијалниот купец да ја однесе колата на мајстор, да се чуди човек. Да е југо за 300 евра да не го носиш, ама па 4000 евра и не е мала пара да ги дадеш на невидено.