„Шверцери“ провоцираа(т): Битола е албански град!?
Навивачите на Шкупи, екс-макеоднскиот првак Слога Југомагнат, популарните „Шверцери“ завчера на мечот од македонската Втора лига против Младост Царев Двор повторно провоцитаа. Сега со парола дека „Битола е албански град“ и тоа со користење на албанскиот топоним за вториот по големина град во Македонија – Манастири.
Нешто слично пред две години направија и навивачите на кошаркарските клуб Лирија, популарните „Ребели“, кои истакнаа транспарент „Кичево е албански град“ користејќи го албанскиот топоним – Крчова.
„Шверцери“ на мечот славеа 25 години од своето формирање, а како и сите албански групи, се „истакнаа“ со провокација кон Македонија. Истите тие навивачи, пред месец и половина, се фалеа во навивачкиот свет дека тие се виновниците за дронот кој со знамето на Голема Албанија предизвикаа хаос во Белград на мечот Србија – Албанија во квалификациите за Евро 2016.