Фан Клуб: Вардар

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.618
Поени од реакции
2.719
За нашава лига сосема доволно е монтажна трибина која ќе може да издржи килажа на 500-600 души. Толку се луѓето што го пратат Вардар редовно и ко што имаше еден коментар на фб, само они имаат право да се бунат или да се сложат со наводното градење на нов стадион.

Они локација бараат со месеци, еден елаборат за тренинг комплексот кој што најново требаше да почне со изградба во Октомври го пролонгираат со месеци и вие очекувате стадион, смешки.
Друга работа, доколку се оствари такво нешто, дефинитивно Вардар би го изгубил шмекот. Океј е сите сакаме модерен клуб, али традиција се е традиција, Градски е наш, низ цел Балкан го знаат како стадион на Вардар и голем кур ако се плаќа кирија.

Нека гледаат они да изградат тренинг комплекс, да има кај да тренира првиот тим а и цела младинска школа. Не да шетаат по селана или на нашето помошно на кое фали уште марихуана да никне
Izvini za kakva tradicija zboris? Jugoslovenska?

Pak ke kazam toa bilo drugo vreme, mnogu podobro od ova sega. Toa vreme neli ne cinelo pa sega mora nesto novo. Smekot e mn odamna izguben za Vardar. Smekot ne e 300 gledaci od koi 250 se Komiti. Zboris za smek ali smekot ne go pravi Renova, Turnovo, Metalurg , a za zal moram da go spomnam i novokomponovaniot Teteks.

Toj sto go saka Vardar ke odi i vo Aerodrom vo Ilinden ili Gjorce, seedno. Vardar e gradski tim a ne maalski
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
има еден куп пример на тимови што се преселиле од нивните стадиони и сега ги полнат новите, ко на пример Баерн Минхен, од олимпискиот се преселија на стадион надвор од градот (15км) па никој не се бунел, и сега алианц арена е исполнета за години унапред
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.337
Поени од реакции
27.896
Проблем со новиот стадион ако воопшто го има ќе се јави уште од почеток. Ретки се стадионите со Исток и Запад позади гол, обично ова се централни трибини, па така позади гол би биле сега север и југ, додека запад и исток централни трибини. Што е многу лошо.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
А градски наш е па да го палиме ние Скопје ?

Свој стадион алоо...црвено црн, Вардар и Комити да пишува!!
Наш е. За кого е изграден ако не за Вардар? За Цуцули и Демири можда? Многу јака ствар ако пишува "Комити" на трибина помала од 2 000 седишта, како на Балисти што им пишуваше, јак ташак. Толку не разбирате дека државата ни го зема тој стадион, државата, или ВМРО како сакате, би ни го градела новиот? Или уште верувате дека Самсоненко е уште еден Абрамовиќ?
Izvini za kakva tradicija zboris? Jugoslovenska?

Pak ke kazam toa bilo drugo vreme, mnogu podobro od ova sega. Toa vreme neli ne cinelo pa sega mora nesto novo. Smekot e mn odamna izguben za Vardar. Smekot ne e 300 gledaci od koi 250 se Komiti. Zboris za smek ali smekot ne go pravi Renova, Turnovo, Metalurg , a za zal moram da go spomnam i novokomponovaniot Teteks.

Toj sto go saka Vardar ke odi i vo Aerodrom vo Ilinden ili Gjorce, seedno. Vardar e gradski tim a ne maalski
За таква традиција, кога ме носел татко ми на Јужна, уште пред да почне во школо да ме носи.

Па ако сакате нешто ново, "Сергеј" може да ве усреќи, пошто нели човекот на почетокот имаше екстра идеи за ЖРК да се вика ЖРК Аеродром/Македонија во сино бели бои? Епа ете на пример можеме да се викаме Вардар Скопје Аеродром и да си смениме сино бели бои, и како што ме потсети Комита Ултрас, да си смениме име од Комити Запад, во Комити Север или Комити југ, да видиме нешто ново. И не се криви екипите што Вардар нема публика, таков ни е менталитетот и луѓето (освен 500-600 души) го сакаат Вардар и најголеми Вардарци се во Европа, а и тогаш не се, ако сме изгубиле во гости со голема разлика. И на запад не може да има 1 000 души кога во Скопје има четири поголеми групи и две помали...

Стварно не ве разбирам, истото што беше во Ѓорче, ќе биде и во Аеродром, само што стадионот ќе биде современ.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.536
Поени од реакции
3.736
Комплетно нов стадион и целосна преселба на клубот како Баерн или Јувентус кои беа посочени како примери е една работа, и пак ќе биде тешко ради традицијата и носталгијата кон Градски. Ама правење стадион за македонско првенство, а играње европски утакмици на Градски е тешка глупост, макар и не заебавале со месец дена неиграње ради реновирање на терен и плаќање кирија. Скроз ќе се изгуби поврзаноста и чувството на играчите дека Градски е нивен дом, а од нив ќе очекуваме таму да ги водат главните битки за клубот.
 
Член од
10 август 2012
Мислења
915
Поени од реакции
780
Изгради сала, ке гради стадион и тренинг комплекс што ке вреди милиони, и така лесно власта да му диктира?
Не е он македонски бизнисмен и рекет да му прават :) russia
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
НЕ за нов стадион.
Ако сакате да ви пишува Комити на трибината кантите боја и обојте ја трибината на Градски.
А зашто не го земе под концесија Градски, и онака со државни пари да го довршат многу тешко, вака нека снаправат мучка дека Вардар ќе ја доврши доизградбата на фасдата и на уредувањето на пдотрибинскиот простор, сигурно според нивните пресметки тоа ќе кошта 5,6 милиони евра па ете ни сопствен стадион.
Абе никако не поштувам клубови што не ја почитуваат традицијата. Па зар Реал луди се што не градат нов стадион, тук уго реновираат Бернабе.
Изградат ли нов стадион и го преместат Вардар во Аердром, тоа веќе не е за мене Вардар за кој сум навивал и толку ќе биде од мене идење на утакмици, а сигурно нема да бидам единствен.
Слепци место да земат да се зааагажираат околу макретингот да направат нешто, они како да ги голтнало земја и сакаат публика. Пак ќе кажам стадионот не е никаков проблем што нема публика, нека си чукнат главите и нека размислат зашто нема публика.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Сите одат напред само ние тапкаме у место. Ма уствари не ни тапкаме, се враќаме назад со големи чекори. Џабе имаме богат спонзор, џабе имаме прилично добри играчи за наши услови кога клубот оддамна ја изгуби душата. Ги изгуби навивачите. Колку и да нејќеме да го признаеме, тоа е суровата реалност. Оправдувања од типот не ни чинел фудбалот не ни држат вода. У Штип повеќе публика има него на нашиве утакмици, и не само Штип...
Освен натпреварот со Бате и на неколку други натпревари како Стеауа, Шалке Работнички па и ОФК Београд сликата на нашиот стадион е мизерна.
А за тоа сите се криви, од управи до навивачи. Сите се сеќаваме на своите први натпревари на Градски, сите ние сме врзани за Градски али кој сме тие ние ?! 20 души на форумов и уште 300-400 што идат на утакмици..... Мизерна бројка за толкав град. Затоа ние како навивачи треба да си ја свиткаме опашката и да го оставиме спонзорот да работи како он што мисли дека е најдобро. Очигледно е дека самите ние не знаеме и не можеме да привлечеме повеќе навивачи. Безразлика кој е Самсоненко и кој стои зад него. Ништо нема да изгубиме ако изгради стадион, само гордоста ( која и онака оддамна ја изгубивме ). Имаме неспособна управа, да, може и неспособен тренер, али ај да се погледнеме себеси и да си ја видиме бројката на Запад. Ние способни ли сме ?! Тимот ни е прв на табела, со една нога е у полуфиналето на купот а ние сме мизерија.
Тој што го сака Вардар ќе иде у Аеродром, и у Ѓорче и у Маџари и било каде кај што игра Вардар. Стварно не сте ми јасни зошто не би сакале нов стадион.
Тоа ти е како да живееш под кирија 20 години, и некој да ти понуди да ти напраи куќа безпари и ти да кажеш не бе нејќам овде прв пат ебев многу спомени имам тука....
 
Член од
10 август 2008
Мислења
695
Поени од реакции
1.888
Убаво си оди нашана песна: На овој стадион створена традиција за тебе моој Вардаре....
Има некои работи што ни рубљи, ни евра, долари не треба да бидат вредни за да се наруши нешто што еве за мене како Вардарец се нарекува традиција за одење на Градски и следење на ФКВ. Дедо ми, татко ми, јас сме оделе таму, и утре моите деца сакам да си остане традиција да се оди на Градски, бидејќи сметам дека тоа е домот на саканиот клуб.
Мое мислење е дека нема никаква потреба од селење на Вардар, напротив со агресивна маркетинг кампања со добрата игра, носење на квалитетни играчи да се подобрат резултатите за да се врати публиката на стадион.
Тренинг кампот и сите пропратни елеметни кај сакаат нека бидат дали во Аеродром, Ѓорче или било во кој дел од градот.
Викате не сме се буниле кога сме играле Ѓорче, Маџари, да, но тогаш бевме приморани поради реконструкцијата на стадионот мешате непотребни работи.
Навистина мислам дека би било непотребно селење на клубот од местото каде што откако е оформен е негов дом, но и на неговите навивачи.
Друг муабет е веќе дали Градски е добар или лош имал атлетска патека, не е по УЕФА стандарди што мислам е не потребен во муабетов дали да се сели Вардар или не. Може преку модулот на јавно-приватно партнерство (во случајов ЈПССДП и Вардар) да се досреди Градски, во замена Вардар да добие привилегии за користење на стадионот, но колку ќе има волја од страна на државата тоа друго прашање, сепак им е еден од проектите со кои ја замајуваат цела јавност дека фудбалска арена по сите стандарди, а всушност стадионот не влегува во никаква категорија на рангирање на УЕФА.
Еве и во ситуација да се направи нов стадион со тој капацитет сигурен сум дека повторно нема да биде полн, ние имаме проблем со нашата пребирлива публика која оди на стадион кога само има дерби натпревар или е некое европско натпреварување. Менталниот склоп кај нашиов народ за одење на натпревари е само кога е тоа нешто ИН кога сите ќе одат па ќе одам и јас, така размислува народов, особено скопскава публика.
Еве да бидеме живи и здрави ќе играме во Европа ќе се наполни Градски, ќе се бара карта повеќе, но само поради тоа што ќе биде европски натпревар, за да веќе нареден викенд кога ќе играме со Турново да бидеме пак 500-600 гледачи на стадион.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Со затварање на билетарата пола саат порано од кејф, со само за нас барање лични карти за да купиш карта, само мал дел од потези со кој ја бркаат публиката. Политичката умешансот и тоа голема, притисоците од власт врз Комити.
Па кој човек ќе иде на уткамици, па еден месец страната не им функционираше, нити се знаеше кога ќе има утакмици и во кој темрин.
И кирија да се плаќа пка оефтино ќе биде одколку да фрлиш 15 милиони за нов стадион. Кој всушнсот и не може да се користи целосно само за македонска лига. Во која пак би бил празен норамлно ако продолжат со ваквата публика.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
Од една страна би било одлично нели да добиеме свој стадион, со нашите бои и све тоа, ама од друга страна се руши една долга традиција. Не знам колку во моментов е неопходна изградбата на стадион, попаметно би било веројатно тие пари да се пренасочат на младинските категории, на тренинг центар, на нови појачувања, отколку на стадион. Убаво звучи да добиеме свој стадион со помошни терени, цел комплекс, ама од друга страна па е многу нелогично да градиш нов стадион со релативно мал капацитет, а Градски да го користиш за нели евентуалните европски мечеви. Ако амбиција на Вардар е учество во европските натпреварувања, 10.000 е премалку. Покрај Градски ги има помошните игралишта, може да се досреди тоа второто (едното нели го направија), и доволно е само еден тренинг центар кој секако го планираа.
Околу публиката и слабата посетеност, изговори ќе најдеме милион, ама реално ни еден од нив не е вистинската причина. Стварно не знам што се случува и што треба да се случи за луѓево да почнат да го следат Вардар. И во најмизерните времиња, Вардар имаше повеќе публика, пред се мислам на оние на јужна/северна. На север дали повеќе од 500 луѓе имаше на некој натпревар сезонава, стварно е мизерно. Не знам зошто не се отвори јужна наместо северна, многу поедноставно за сите би било. Лошите термини не верувам дека се проблем, игравме сезонава во сите термини па некоја разлика и немаше, полициска репресија е само изговор а не реалност, поготово за оние кои сакаат да го следат Вардар од јужна/северна. Доаѓа подолга пауза, доволно време да се смислат акции и да се почне со работа на маркетиншки план, затоа што глетката од празен стадион е многу лоша
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Ако одиме по логиката дека ‘‘Вардар не е Вардар ако не игра на Градски‘‘ тогаш и ‘‘Вардар не е Вардар после она матно враќање во прва лига‘‘ во сезоната кога Вардар испадна од лигата по регуларен пат.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.132
Поени од реакции
21.037
Да беше Вардар маалски клуб, можев да ве разберам што се противите за преселувањето.
Ама Вардар е бренд на цело Скопје, па може да се рече и на Македонија.
Без разлика во која општина и населба во Скопје ќе игра, оние што се редовни, ќе го следат ФК Вардар Скопје.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Сите ги имаме тие спомени, ех кога ќе влезем на градски и ќе ја слушнам Ој Вардаре одма ме враќа во детството, али ние го поддржуваме клубот, се додека боите и името останат, како и се она што значи да се биде Вардар, стадионот е најмалку битен. Опцијата е или Аеродром или Илинден(како што прават топ европските екипи).

Доколку стадионот влезе како капитал на ФК Вардар, тогаш клубот добива поинаква димензија, покрај вредноста на брендот, добива и финансиска вредност.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Izvini za kakva tradicija zboris? Jugoslovenska?

Pak ke kazam toa bilo drugo vreme, mnogu podobro od ova sega. Toa vreme neli ne cinelo pa sega mora nesto novo. Smekot e mn odamna izguben za Vardar. Smekot ne e 300 gledaci od koi 250 se Komiti. Zboris za smek ali smekot ne go pravi Renova, Turnovo, Metalurg , a za zal moram da go spomnam i novokomponovaniot Teteks.

Toj sto go saka Vardar ke odi i vo Aerodrom vo Ilinden ili Gjorce, seedno. Vardar e gradski tim a ne maalski
Зборам за шмекот на стадионот и неговата околина. Нормално дека шмекот не го прават Ренова, Турново, ама мене кур ме боли кои се противниците. Селски екипи се, јебеш га ама тоа е

Не е работата за тоа дали ќе треба да одиме во Илинден или Аеродром, верувам дека тие малкумина што одат на стадион тоа им е најмал проблем.
Убаво вика X ако сакааат и официјално Градски да се води како стадион на Вардар можат да направат некоја дубара. И така не му е исплатена на Минчо доизградбата
Да беше Вардар маалски клуб, можев да ве разберам што се противите за преселувањето.
Ама Вардар е бренд на цело Скопје, па може да се рече и на Македонија.
Без разлика во која општина и населба во Скопје ќе игра, оние што се редовни, ќе го следат ФК Вардар Скопје.
Не е потребно попување за тоа дали Вардар е бренд или маалски клуб од вчерашни Самсоненко квази фанови.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.245
Поени од реакции
8.317
Па ете и така Кале нема никаква функција сега нека го урнат цел комплекс таму има убав простор за стадион да се направи.

Уште кога искочи шпекулацијата за нов стадион од 10к на темава пишав дека сонувам за такво нешто. Се е тоа во ред и јас го разбирам сем ситуацијата и околностите под кои беше продаден Вардар од Град Скопје на Самсоненко. Ако Вардар е акционерско друштво тогаш продажбата мораше да иде преку берза и продажба на акции. Овдека стануваше за продажба преку тендер колку што пратев. Ова остава многу нелогичности од правни и економски аспекти. Клубот башка нема јасна организациона структура, а и таа што ја има функционира од некој центар премногу е очигледно. Од превземањето од Град Скопје до оваа ера на Самсоненко немаме сретнато ниту една вест со конкретни цифри како биланси на успех кои се изготвуваат на крајот од годината. Еве му ја шансата на Самсоненко Јануари се ближи а ако сме АД тогаш мора тој извештај да го предаде во УЈП. А и како секое стабилно АД ќе искочи транспарентно и ќе биде достапно и во електронска форма. Мое мислење е дека лани не игравме во европа само поради дубарите што беа направени со купопродажбата, УЕФА не толерира такви работи а ќе видиме како ќе испадне годинава доколку избориме излез во европа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom