Заштедени пари - предлог за бизнис?

Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Кога и каде и ако сакаш на нотар ќе го завериме договорот дека ќе ти ги вратам за толку време колку што ќе се договори ме.
Само немој послем да плачеш дека сум ти лапнал 100к евра
Пиши ми приватна порака.
Пошто лихвата е нелегална, ќе пишува у договорот дека треба да ми вратиш 5.500 евра, за петте илјади кои нема да фигурираат никаде.
И ако не ми ги вратиш за месец дена, ќе се видиме со адвокати и извршители.
 
А

Антоние

Гостин
Пиши ми приватна порака.
Пошто лихвата е нелегална, ќе пишува у договорот дека треба да ми вратиш 5.500 евра, за петте илјади кои нема да фигурираат никаде.
И ако не ми ги вратиш за месец дена, ќе се видиме со адвокати и извршители.
А мислиш дека засновувањето на двострани договори со нееднаква вредност на заемни давања е легално?[DOUBLEPOST=1401308085][/DOUBLEPOST]Иначе, кога би почнувал мал бизнис би ја избегнал масата потрошувачи и би се фокусирал на индустриите кои имаат за таргет група големи бизниси и компании. Едновремените ангажмани во форма на договор за дело моментално се мошне атрактивни и ќе стануваат се повеќе и повеќе атрактивни затоа што станува премногу скапо за големите компании да вработуваат луѓе, воглавно заради давачките кон државата и комплицираните регулаторни политики.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
А што велите за перална?
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Интересна идеја е авто перална, битна е локацијата, но многу е важно и како ќе се работи, доколку добро се работи, муштериите се загарантирани. Лоша страна на овој бизнис е тоа што е ,,сезонски,,.

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
А што велите за перална?
Од искуство автоперална НЕ, имавме автоперална и вулканизер околу 10 години и пералната вади малку пари а имаш големо малтретирање пред се во барање на перачи, во главно доаѓаат роми да работат и тоа дојди си оди си ти ке ги пријавуваш ке губиш време пари енергија така да не, АМА вулканизер е прва ствар. Комплет машини се околу 1500 евра на старо. Трошок за матријали ( пример балансирање гуми 400 денари трошок 20-30 денари за оловца, лепење гума 150 денари трошок 20-30 денари, промена на гуми зимски летни и обратно 50 денари од бандаш, трошок 0, башка коа ке ти мења гуми и ке сака да ги балансира новите, мењање уље трошок 0 ) и тн... вулканизер може лесно да вади и по 500 евра месечно, само погоди си ја локацијата.
 
Член од
31 мај 2014
Мислења
172
Поени од реакции
306
имам 36год, работам приватно свое од мојата 17та год.... без помош на никог, почнав со 200 еу ....и сега мојот ЛЕГАЛЕН долгогодишен бизнис е со вредност од да кажам 20.000 еу ...(под кирија).... поголемо спечалив една кола од 10.000 еу за сиве овие години и еден мотор од 2500 еу...и тековни трошења за живот, на одмор од грција и бугарија никаде подалеку , просечна гардероба и живот.....И сега најважното..... штедам подолго време (неколку год) ...и имам заштедено околу 10.000 еу ...се мислев дали да се иселам од Мк со тие пари или овде друг бизнис затоа што овој може ќе умре (сега за сега ок е - за живот само ) а и сум под кирија што не е сигурно (во Мк и да успееш може се да ти упропасти газдата на локалот кој го држиш под наем) .... И СЕГА СУМ НА ИСТО ниво како кога бев 17год......имам бизнис кој ми носи плата...САМО ПЛАТА....и заштедено пари за нешто (порано тие 200 еу беа како сега 10.000 за да почнам ново нешто ), друг бизнис или иселеништво....За бизнис овде....ЦЕЕЕЕЛЛЛЛ мој живот се расправам со притисоци, инспекции, закони, правила и срања..и ми е преку глава. За пари можеби има за живот ...НО тоа западњаците го прават кога не се работодавци туку работници, а овде работодавецот печали колку работникот во странство. Западњакот ако е работодавец има милиони..(буквално) ....После 19 годишна работа, а никогаш не сум заглавил...стално ми одел бизнисот ....сваќам дека моите заштедени 10.000 еу , и + бизнисот со вредност од 20.000 еу ....СЕ НИШТО ...НИШТООО во ова општество во 21век ....после многу плати поделени награди и вработени луѓе кој ми се како фамилија, после толку даноци платени и трошоци направени да успеам....УСПЕАВ...ЕТЕ ИМАМ 10.000 ЕУ и толку ....ШТО МОЖЕ ДА ГИ ПОТРОШАМ ЗА 3 ДЕНА АКО МИ ДОЈДЕ УЈП И МИ НАЈДЕ НЕКОЈА СЛУЧАЈНА ГРЕШКА ...ИЛИ ПАК АКО КОНКУРЕНЦИЈАТА МИ Е ОД ПАРТИЈАТА НА ВЛАСТ ПА ДА МЕ МАЛТРЕТИРА ПОРАДИ КОНКУРЕНЦИЈА.... 2 казни по 5000 еу ...и ете ги моите посрани 10.000 (извинете на израз ама револт ...разбирате) .....А дечко ...ти со твоите 5000 еу ако не си женет... ФАЌАЈ ПАТОТ ОД ОВАА ДРЖАВА...а ако си женет ПАК ФАЌАЈ ПАТОТ ако можеш.[DOUBLEPOST=1401571622][/DOUBLEPOST]Ако толку си запнал да останеш во Мк...еве ти совет од искуство..... отвори бизнис со 2000 еу ....(ништо повеќе) ....значи овде стави фирма, фискална и се друго.... 3000 еу зачувај си ....нека стојат за унапредување на бизнисот доколку осетиш дека е добар бизнисот, или за затворање (не дај боже) на бизнисот и отворање на нов (така ќе имаш 2 шанси) ...Од искуство ти кажувам дека за било кој нов бизнис, треба да го отвориш и да оставиш пари на страна за да го одржаваш додека ти тргне, за да ти тргне бизнисот ако е добра идејата (што е тешко во конкуренција) ќе ти требаат најмалку 6месеци, значи за 6 месеци треба да имаш настрана пари за плати, кирии, струја и др.... после 6 месеци ќе почнеш да се изедначуваш т.е. ќе можеш од бизнисот да ги плаќаш трошоците, а после 1 година да вадиш плата за себе, од 1.5год до 2 год ќе си ги повратиш парите, тоа значи после 2год ќе можеш да речеш....еве сега бизнисот е ок , ги врати парите И СЕГА СУМ НА НУЛА.... ОД ДЕНЕС ПОЧНУВА ПЕЧАЛБАТА... ... тоа е ако идејата е добра. Ако не е добра временскиот период дуплирај го (значи по 4год ќе го извадиш бизнисот )...ако идејата е лоша ...периодот ќе го минусираш за дупло, значи ќе затвориш за 1год ...ако си свесен ќе затвориш порано за да не ги потрошиш и остатокот од 3000 еу .....АКО ГИ ПОТРОШИШ СИТЕ 5000 ЕУ ЗА отворање на бизнисот ...и ако идејата ти е лоша...тоа значи дека ќе треба да земеш кредит за да затвориш ....затоа со памет.
 
Последно уредено:
Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
Колкави се трошоците за отворање авто перална ? Опрема има еден пријател ќе му ја земам за ефтини пари правев муабет, е сеа што трошкови други имам , мора ли фирма,фискални и сл ...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Зошто не си напишал што знаеш да правиш доста се големи можностите али и ограничувањата.Јас би инвестирал во себе 5000 евра зошто со 5000 евра бизнис не започнуваш.Ако претпоставам дека тргаш со средно или некој од безвредните факултети а би сакал за година,година и пол да почне да ти се враќа инвестицијата би ти го препорачал следново.


1.Земи CISCO курс уплати ,запиши втор јазик германски/шпански/португалски/руски/албански/грчки и положи го дополнително FCE/Тојфел по англиски , иди на пракса ( или ако може и да те плаќаат ) во некоја компанија што се занимава со одржување на компјутерски системи.Може не е бизнис али би имал доволно вештини да би ти требале минимални инвестиции да почнеш барем да работиш на своја рака.Вториот јазик нормално да го земеш според какви ти се плановите.

2.автомеханичар/масер/медицински брат во Работнички сертификат,јазик за која земја сакаш да идеш и пракса додека ги учиш првиве две.За првите две можеш свој салон да си отвориш ако си добар без проблем .

Знам дека ова не се баш бизниси али во Македнија услужни бизниси се многу лоша инвестиција ( а што друго можеш со 5000 евра ),едноставно скоро секој може да се занимава а има многу кои имаат врски во владата да ја сотрат конкуренцијата.Најпрофатилно би било како Фаранг што рече ,да отвориш производствен погон во Македонија користи евтина работна рака и субвенции а цело производство надвор пласирај али за тоа ти требаат или доста пари или да си огромен експерт во својата струка и да имаш голем круг на контакти.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.970
Поени од реакции
35.617
Колкави се трошоците да се увезе кола од Германија? Значи царина плус регистрација вакви ствари. Најдов една добра Астра за 650 евра , ме интересира колку пари ќе ме кошта да ја донесам до македонски табли па потоа да ја шитнат со 200-250 евра заработувачка ако можам.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Еј многу се добри овие од Економски лидер
http://lider.mk/2014/07/26/pocnete-bizis-so-pomalku-od-5000-evra/
Почнете бизнис со помалку од 5.000 евра
За покренување на мали бизниси не постои строго правило за висината на почетниот капитал. Има дејности кои може да се извршуваат во стан, па не бараат почетни вложувања, додека за други потребен е простор. Еве за кои бизниси долната граница е 5.000 евра.
Кројачка работилница (од 1.500 до 3.000 евра)

Шиењето е една од оние дејности кое може да се врши во стан, и за тоа да не мора да се плаќа изнајмување на простор. Ако станува збор за мала кројачка работилница, тогаш за неа се потребни барем две машини за шиење. Подобра машина чини од 700 до 1.000 евра. Изнајмувањето на простор од 30 квадрати, што е доволно за една таква работилница е од 300 до 500 евра месечно. За конци, игли и материјал се потребни уште 200 евра. Тука е надомест барем за еден работник ако му се исплати плата од 250 евра.
Одгледување блитва (од 1.300 до 2.000 евра)
Без пластеници за оваа работа се потребни околу 1.000 евра за систем за наводнување капка по капка. Тука е и трошок за ѓубриво и заштитни средства од околу 800 евра, но за цела година. Кесичка семе од блитва чини 10-15 денари. Ако има 10 семки во кесичката, потребни се околу 100, односно од 1.000 до 1.500 денари. На 10 акри, а тоа е 100 по 10 метри, може да се посее блитва или слично растение во 17 редови на растојание од 20 сантиметри. Садењето може да почне во март и не мора повторно да се сади следната годишна зошто е двегодшно растение.
Фризерски салон (од 4.000 до 4.500 евра)
За помал салон се доволни 30 квадрати, а изнајмувањето од од 200 до 600 евра. Две фризерски столици чинат околу 1.000 евра, шампоњерата исто така околу 1.000 евра, и најмалку две огледала по 170 евра. Масата и фотељите за седење може да се најдат за 300 евра. Два професионални фенови се 160 евра, а за препарати, шампони, фарби… мора да се има барем уште 1.000 евра. Комуналиите се околу 120 евра месечно.
Сметководствена агенција (од 600 до 2.500 евра)
При отворање на оваа фирма трошокот за изнајмување на просторот може да се избегне бидејќи таа работа може да се извршува во стан. Единствена алатка за работа е компјутерот, кој чини околу 500 евра, а потребен е и печатач кој може да се купи од 50 до 100 евра. Кон ова треба да се додадат и уште трошоците за хартија и интернер, што на месечно ниво се околу 50 евра.
............. Просто неможам да им се начудам со која леснотија и кој дилентантизам го пишуваат сево ова! А претендират да станат сериозен портал кој ги анализира и обработува темите од економијата.
Посебно ми се допаѓа она со ‘‘Сметководствена агенција‘‘ па и фризерски салон ми е интересна и многу оригинална! Како бе никој на ова да се сети!?....
:pos:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Да, да за сметководител не треба многу вложување во основни средства, ама и во брокер на Wall Street па скоро ич не треба!.... За сметководител овдека да отвори сметководствено биро (агенција) му треба и експириенс и тренинг и лиценца... и тоа на квадрат! Малкумина економисти знаат да водат сметководство со сите заебанции: контирања, аналитика, синтетика... и особено завршна сметка. Во оваа бранша е потребно 99% знаење искуство и лиценца... а 1% инвестиција! Затоа е бесмислено да се спомне во бизнисите со влог од 5,000 Евра.... Во тој сл нека ги споменат и нотарите и извршителите, лекарите по општа пракса, регистрираните агенции за катастар кои немаат скоро никакви вложувања (или сосем мали) во основни средства, а се пуни со пара, пуни бре ко око!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom