дали ќе оди за Бразил е тешко прашање, сигурно после утакмициве на Адуриз и Бркото е под притисок. Од напаѓачите може само Диего Коста повеќе заслужува од него да биде повикан и никој друг.
многу размазени фановиве на Барселона, нема навивачи што не сакаат победи и титули,
ама срамота беше што испраќаа по некој свиреж кон Меси. Иначе заврши серијата на Валверде против Барселона од 7 утакмици без пораз иако мирисаше дека можеа да бидат 8, ама Барса се врати у рок од три минути.
Штета што Валверде некогаш и во некој моменти игра повеќе храбро од што треба т.е. помалце тактички, така лани со Валенсија се заеба против ПСЖ во првата утакмица од 1/8ф, ама затоа е крал на пресвртите. Остајте вие Симеоне итн. Валверде е исто тренериште.
"среќата ги прати храбрите" - ако некој тренер е "храбар" во фудбалов тоа е Валверде, само што овој човек не го прати среќа...
уште од времето кога беше во Еспањол и она финале против Севиља на Хуанде Рамос во Куп Уефа, кога со играч мање Валверде и Еспањол успеаа да израмнат и да стигнат до пенали, каде што сите знаете дека изгубија. Па епизодите во Грција, таму освојуваше титули дури и навивачите на Олимпијакос му пееа песни, иако замина поради приватни причини и дека фамилијата сакала да му се врати во Шпанија. И таму кога имаше потенцијал да направи запазен успех со Олимпијакос во Европа се падна у група со "местачите"
- Дортмунд и Марсеј, пред 3-4 години во утакмица од последно коло од ЛШ која каснеше за 10 минути од сите други и каде од 2:1 во 90+ Марсеј направи 2:3 и така пројдоа понатаму.
Со Валенсија лани во последното коло го изгуби 4 место, дојде во лошо време во Валенсија и да се рачунаше лигата од неговото доаѓање ќе завршеше само неколку бода позади Реал и Барса, а пред Атлетико. Со Билбао утакмицата на сезоната ќе ја играат следната недела против Севиља на Сан Мамеш и тогаш ќе се знае повеќе за тоа кој има повеќе шанси да заврши четврт. Севиља е у налет ќе видиме како ќе ја поминат следната недела, нејќам да зборам ништо за Емери да не го урочам
.