Primera División 2013/14

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    195
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.902
Убедени Осасуна да опстанат.:facepalm:
Па Осасуна и заслужува да опстанат. И Атлетико и Барса ја победија на свој терен , за Реал не сум сигурен како беше , а и Валенсија едвај се спаси да извади нерешено.
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Ќе оди Адуриз за Бразил, ахх да влезеше ова!:vozbud:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Не знам кој би сакал да оди во ЛШ, Севиља или Билбао.

Билбао ќе бидат многу понезгоден противник за кого било ако играат во форма каква што играат во втората половина од годинава, ама кај нив стандардно е тоа доаѓање у бранови, па не ме чуди наредната сезона, баш во првиот дел (групите) да се катастрофа. А и може да ги шитнат клучните играчи па да бидат ко Сосиедад сезонава.

Севиља е исто во нагорна форма, но кај нив мислам дека нема ризик од распад, рекоа дека ќе го градат тимот полека, дури и подобро од очекуваното се пласирани, па со истиов состав + 2-3 имиња би можеле да изборат нокаут-фаза.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
дали ќе оди за Бразил е тешко прашање, сигурно после утакмициве на Адуриз и Бркото е под притисок. Од напаѓачите може само Диего Коста повеќе заслужува од него да биде повикан и никој друг.
многу размазени фановиве на Барселона, нема навивачи што не сакаат победи и титули, ама срамота беше што испраќаа по некој свиреж кон Меси. Иначе заврши серијата на Валверде против Барселона од 7 утакмици без пораз иако мирисаше дека можеа да бидат 8, ама Барса се врати у рок од три минути.
Штета што Валверде некогаш и во некој моменти игра повеќе храбро од што треба т.е. помалце тактички, така лани со Валенсија се заеба против ПСЖ во првата утакмица од 1/8ф, ама затоа е крал на пресвртите. Остајте вие Симеоне итн. Валверде е исто тренериште.
"среќата ги прати храбрите" - ако некој тренер е "храбар" во фудбалов тоа е Валверде, само што овој човек не го прати среќа...
уште од времето кога беше во Еспањол и она финале против Севиља на Хуанде Рамос во Куп Уефа, кога со играч мање Валверде и Еспањол успеаа да израмнат и да стигнат до пенали, каде што сите знаете дека изгубија. Па епизодите во Грција, таму освојуваше титули дури и навивачите на Олимпијакос му пееа песни, иако замина поради приватни причини и дека фамилијата сакала да му се врати во Шпанија. И таму кога имаше потенцијал да направи запазен успех со Олимпијакос во Европа се падна у група со "местачите" :) - Дортмунд и Марсеј, пред 3-4 години во утакмица од последно коло од ЛШ која каснеше за 10 минути од сите други и каде од 2:1 во 90+ Марсеј направи 2:3 и така пројдоа понатаму.
Со Валенсија лани во последното коло го изгуби 4 место, дојде во лошо време во Валенсија и да се рачунаше лигата од неговото доаѓање ќе завршеше само неколку бода позади Реал и Барса, а пред Атлетико. Со Билбао утакмицата на сезоната ќе ја играат следната недела против Севиља на Сан Мамеш и тогаш ќе се знае повеќе за тоа кој има повеќе шанси да заврши четврт. Севиља е у налет ќе видиме како ќе ја поминат следната недела, нејќам да зборам ништо за Емери да не го урочам :).
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Пола Камп Ноу празен беше барем на деловите кај што долови камерата. Убеден бев дека ќе тепа Билбао ама ништо. Следново коло играат Атлетик - Севиља ќе биди интересно!
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Меси пак повраќал со Билбао :eek:
нешто од оваа сезона
и најновото со Билбао.

дали е нешто со здравјето на Меси или зима лоши дроги/допинг може само да си нагаѓаме ама дефинитивно е еден од факторите за лошите игри на Меси.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Сега го гледам прегледов...на Паулао од Бетис ептен не му бил денот.
Кои глупости ги направи, после автоголот одма измена си побара.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Меси пак повраќал со Билбао :eek:
нешто од оваа сезона


дали е нешто со здравјето на Меси или зима лоши дроги/допинг може само да си нагаѓаме ама дефинитивно е еден од факторите за лошите игри на Меси.
можно е нешто да е и на нервна база, да има некој личен проблем, повраќањето е обично прва реакција на внатрешни мачења.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Сега го гледам прегледов...на Паулао од Бетис ептен не му бил денот.
Кои глупости ги направи, после автоголот одма измена си побара.
во тренинг центарот навивачите му напишале дека е кукавица :D



ко што пишав пред некој ден дека Алмерија и Бетис се спакувани за у Сегунда, после поразот од Селта 2:4 се поверојатно станува и за Алмерија...
интересно ќе биде која од четирити загорезени екипи (Осасуна, Елче, Ваљадолид и Хетафе) ќе испадне, Елче и Осасуна имаат +3 во однос на Ваљадолид и Хетафе. За Елче следната утакмица е win or win (+ соседи се со Леванте може да ја наредат), а следните три утакмици им се тешки утакмици со Малага (гости) и против Барселона и Севиља.
Хетафе исто треба да игра против Барселона (г), Севиља(д) и Малага (д) како и против Рајо (г).
Ваљадолид освен заостаната утакмица против Реал немаат така тежок распоред, не би било чудно да победат уште во петок против Селта на Балаидос, лани на две кола до крај имаше слична ситуација, само што тогаш на Селта и требаше победа против Ваљадолид во гости и .... победија, дали сега ќе им ја вратат услугата останува да видиме :)
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
ФИФА им дозволи на Барселона да купуваат играчи во летниот трансфер рок :)

најверојатно Тер Штеген доаѓа во Барселона. Искрено го немам многу гледано голманов, ама не ми остави некаков впечаток во тие 3-4 утакмици, се мислам дека ќе пројде како Хилдебранд... и тоа Хилдебранд пред да дојде во Валенсија беше класа голман, освоји Бундес со Штутгарт (добро сеа е тешко друг тим да освоји покрај Баерн и Дортмунд), памтам пред да дојде во Валенсија имаше податок дека држи рекорд во Бундес негде 900+ минути без да прими гол, е сега незнам дали некој успеал да го сруши тој рекорд ...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Зарем се сомневаше некој во ова? Едино изненадно е тоа што одма ја укинаа, а не ко Челзи после 1 преоден рок. То ест овде е фактички суспендирана (заради жалба најверојатно) но сигурен сум дека и комплетно ќе ја укинат и ќе се заврши со парична казна или некоја јако-глупа клаузула во стилот: Забрана за купување u-19 играчи од Замбија, Нигер и Конго.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.212
Поени од реакции
7.269
uefalona not detected, please write again.


EAHUEHAUHEAUHEUAHEU
 
B

Beck's

Гостин
Зарем се сомневаше некој во ова? Едино изненадно е тоа што одма ја укинаа, а не ко Челзи после 1 преоден рок. То ест овде е фактички суспендирана (заради жалба најверојатно) но сигурен сум дека и комплетно ќе ја укинат и ќе се заврши со парична казна или некоја јако-глупа клаузула во стилот: Забрана за купување u-19 играчи од Замбија, Нигер и Конго.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.960
Dzabe ke im e koga pak tatence ke im e trener :)

Sent from my ZTE V889S using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom