C
cige
Гостин
Да не помислил дека те праќаат да шпиунираш нешто кога видел што студираш?Само што се вратив од амбасада,сега ке ви го кажам целовкупното искуство.
Прво имам 25 години и имам упишано втор мастер (првиот ми е речиси готов,остана само одбраната на тезата) , а вториот мастер 7,8 семестар ми е чист со просек 9.00.Прво од надвор ме испратија на тресење и ги доставив сите работи (саат,новчаник,каиш,цигари) на скен.Потоа се качив горе кај шалтерите и еден господин ми ги зема документите и ми рече ке бидеш викнат за отисоци.Ме викнаа на шалтер број 3 и ми ги земаа отисоците со информација дека ке ме викне конзулот на интервју.Работеа 3 шалтери од кој на 8ца беше црнкињата со репутација дека ги бута сите,за срека у несрека ме викнаа на шалтер број 7.Таму еден средновековен маж ,истиот конзул ни здраво не рече и одма почна со прашања.Првично очекував да ме прашува за факултет како што и беше.Осмех на лице, и почна циркузот.
Што студираш?
- Факултет за безбедност,финансиска контрола и криминологија , Втор циклус на студии - Криминологија.
Колку години имаш?
-25 години,господине
Според ова што можам да го видам овде си аплицирал за W&T виза а имаш упишано мастер студии со добар просек.
- Да , господине.
Според работната понуда гледам дека можностите за работа ти се Busboy,waiter,server ect.
- Да господине,информиран сум за работните позиции.
Епа зашто со мастер студии сакаш да бидеш Busboy?
- Господине,безразлика за работата во програмата се вклучува и шетањето. Сум бил низ Европа но никогаш во Америка.Според сите мој пријатели кој биле имаат одлично искуство па и јас сакам да бидам дел од истото.
Аха Ок.
Што работи татко ти ?
- тоа и тоа
Што работи мајка ти ?
- тоа и тоа
Брат ти што работи ?
- тоа и тоа
Брат ти бил во Америка?
- Да беше двапати , еден од најголемите подржувачи за мојте планови ова лето.
Како беше?
Преку J1 - W&T
и идемо опет.
И зашто да работиш Busboy дечко? Зар не мислил дека си малце преквалификуван за оваа програма? Те информираа ли од агенција?
- Господине, сепак нема срам од каква било работа.Од агенција ме информираа дека доколку имам добри оцени и зборам напреден англиски ,поголеми ми се шансите да ми се укаже можноста за УСА ова лето.
Какво работно искуство имаш?
- Имам работено во Хотел во Бугарија кога бев помлад, и 2 години работев full time на приватен факултет каде и што завршив додипомски студии.
А брат ти кај работи сега?
- Таму и таму
Уште неколку прашања за брат ми ми постави.
- му одговорив дека незнам каква врска имам јас со брат ми за оваа апликација.
Молк настана едно 1 минута и рече почекај ке се вратам.
Се врати.
Извини Илија сепак си преквалификуван за ваков тип виза, не ја гледам причината зашто еден мастер би работел како Басбој во Америка.Ке мора да те одбијам. (шалтер се затвара)
А за иронијата да биде уште поголема, на листот што ми го даде дека ме одбива пишува дека одбиен сум поради тоа што не ги исполнувам условите за виза
Тоа е моето искуство за Америка,конзулот бараше влакно во јајце за да ме одбие, денес беа одбиени многу луге безразлика на квалификации едноставно станува збор за чиста срека.
Нека не ве депримира постов,едноставно пробајте си ја среката.