БЕРЗА: Само дивидендите ги мотивираат Македонците
Информациите за исплата на дивиденди ја будат Македонската берза. Годинава највисока дивиденда од 3.998 денари ќе исплати „Реплек“
Ѕвоно, Македонска берза (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
Информациите за поделба на дивиденди на Македонската берза за хартии од вредност, кои се објавуваат во овој период, најмногу ги мотивираат Македонците и другите инвеститори да купуваат акции, велат аналитичарите на пазарот на капитал.
Според
Горан Марковски, директор на друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум инвест, дивидендите дефинитивно се главен мотив за купување акции.
- Дивидендите генерално имаат влијание врз идното купување акции, но таа информација била антиципирана од граѓаните. На пример, кај компании како „Алкалоид“ и „Македонија турист“, кои
редовно делат дивиденда и кои известија дека и годинава ќе поделат, има благ пораст на цените на акциите - вели Марковски.
Горан Марковски (Фото: mchamber.org.mk)
Васко Митев, директор на брокерското друштво „Илирика“, го дели истото мислење со Марковски. Тој потенцира дека
на Македонската берза сите инвеститори гледаат дали компанијата ќе исплати дивиденда, иако тоа не треба да биде главната причина за инвестирање.
- Ние сме
единствениот пазар каде што сите ја гледаат дивидендата. Ако компанијата одлучи да не исплати дивиденда или ако ја намали нејзината вредност, веднаш ѝ паѓа цената на акцијата. На пример,
кога „Македонски телеком“ објави дека дивидендата годинава ќе биде намалена на 30 денари за акција, цената на акцијата ѝ падна за 20%, а нејзината одлука во суштина не е лоша затоа што дел од парите ќе ги инвестира за да ја задржи позицијата на пазарот – вели Митев.
(Фото: Еcb.int)
Тој ги посочува примерите на
светските корпорации „Мајкрософт“ и„ Епл“, кои не исплаќаат дивиденди, но нивните акции постојано растат.
- „Мајкрософт“ лани првпат во својата историја подели дивиденда бидејќи од толку инвестирање нема повеќе идеи што да прави со парите – потенцира Митев.
Комерцијална банка и „Макпетрол“ годинава не делат дивиденди
Инвеститорите со негодување ја дочекаа информацијата дека
Комерцијална банка, чија акција е една од најтргуваните, годинава нема да дели дивиденда. Покрај неа,
иста одлука донесе и менаџментот на друштвото трговец со нафтени деривати, „Макпетрол“.
НЛБ Тутунска банка брокери (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)
- Најголем дивиденден принос ќе има „Реплек“, чија акција чини 48.100 денари, а дивидендата по акција е 3.998 денари. Дивидендниот принос кај акцијата на „Македонски телеком“ годинава ќе се движи од 6% до 7%, зависно од движењето на цената на акцијата која сега чини 359 денари – вели Митев од „Илирика“.
За разлика од тоа,
лани Телеком имаше највисок дивиденден принос од над 10%.
Останатите дивидендни приноси, на пример кај „Алкалоид“ и „Македонија турист“,
се движат од 3% до 5%, односно не се толку големи и примамливи, велат аналитичарите.
Акцијата на „Алкалоид“ моментално се продава по цена од 4.600 денари, а
нето-дивидендата по акција ќе биде 180 денари, што значи дека моменталниот
дивиденден принос е 3,9%.
Кај „
Реплек“, пак, односот меѓу
дивидендата по акција (3.998 денари) и нејзината
цена (48.100), моментално изнесува 8,3%, односно толкав е
дивидендниот принос кај ова друштво.
Македонска берза (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
Недостигаат информации за одржување на цените
Според Марковски,
врз тргувањето со акциите, покрај информациите за поделба на дивиденда кои се објавуваат на почетокот од годината, влијание имаат и позитивните информации за кварталните добивки на компаниите.
Но, како што вели, на македонскиот пазар на капитал е лошо што
по финансиските извештаи нема континуиран проток на информации за компаниите, кој би го одржал порастот на нивните цени.
(Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)
- Токму поради ова,
речиси секогаш по исплатата на дивидендите цената на акциите паѓа, па инвеститорите не можат особено да заработат ако подоцна сакаат да ги продадат.
На пример, ако сега една акција е 4.600 денари, кога акционерите ќе земат дивиденда, интересот за тргување ќе падне, а со него и вредноста на акцијата, на 4.300 или 4.200 денари. Вака, излегува дека
инвеститорот изгубил од вредноста, приближно онолку колку што добил од дивидендата што таа компанија му ја исплатила,- објаснува Марковски.
Инаку,
просечниот дневен промет на Македонската берза од почетокот на годинава е двојно зголемен, во споредба со
последниот квартал од минатата
2013 година. Тогаш, на Берзата во Скопје дневно „се вртеа“ од 3 до 3,5 милиони денари, а сега тој износ е шест милиони денари или 97,6 илјади евра.
(М.Б.Г./Телеграф.мк)
@Branchez Ова е за тебе