Македонска берза

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Не си во право, во 2007-08 најголемиот промет го правеа шпекулантите, луѓе кои продаваа станови и земаа кредити со 20% камата за да станат милионери преку ноќ.
Денес најголемиот број на трансакции го прават инвеститори ко тебе, мене, Стефус, луѓе кои читаат финансиски извештаи и се надеваат на растови од 10% годишно и по некоја дивиденда од 5-10%.
Инаку се слагам дека фалат институционални инвеститори, пред се фондови и осигурителни компании.
Точно е ова. Но значаен фактор беа и регионални фондови и инвеститори. Такви сега нема.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
И официјално, ќе нема дивиденда за КМБ, ќе ги префрлат сите средства од добивката лани во резерви.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Не си во право, во 2007-08 најголемиот промет го правеа шпекулантите, луѓе кои продаваа станови и земаа кредити со 20% камата за да станат милионери преку ноќ.
Денес најголемиот број на трансакции го прават инвеститори ко тебе, мене, Стефус, луѓе кои читаат финансиски извештаи и се надеваат на растови од 10% годишно и по некоја дивиденда од 5-10%.
Инаку се слагам дека фалат институционални инвеститори, пред се фондови и осигурителни компании.
Na investitor mislev kompanija ili nekoj fond so ke vlozi stotici iljadi evra.. A, jas i ti i drugite ko nas, so 4-5 000 evra? To se smeski :) Nie sme obicni igraci, so cekame podobri denovi :D
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
A, jas i ti i drugite ko nas, so 4-5 000 evra? To se smeski :) Nie sme obicni igraci, so cekame podobri denovi :D
Види, моментално во банките лежат скоро 3 милијарди евра пари на граѓаните.
Доколку само 10% од нив решат само 10% од нивниот кеш да префрлат на берза оваа година, тоа ти се 30 милиони евра.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Памти некој колку беше бруто дивидендата од комерцијална исплатена 2013 за тековната 2012год. ми треба за Годишна даночна пријава (УЈП)?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
Памти некој колку беше бруто дивидендата од комерцијална исплатена 2013 за тековната 2012год. ми треба за Годишна даночна пријава (УЈП)?
100 денари
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Bruto 100, neto 90 denari bese. Idi vo komercijalna banka vo bilo koja ekspozitura ke ti dadat dokument
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
имате некои официјални или не официјални информации, околу дивидендите сто ќе се исплаќаат за 2013 год?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
имате некои официјални или не официјални информации, околу дивидендите сто ќе се исплаќаат за 2013 год?
За која фирма те интересира?
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
АKО СЕ ОСТВАРАТ ЗАKАНИТЕ НА САД И ЕУ ЗА ЕKОНОМСKА ИЗОЛАЦИЈА

Санкциите кон Русија ќе удрат по македонските лекови


Евентуалните економски санкции и изолацијата на Русија, со кои се закануваат САД и ЕУ, ќе ги погодат македонските фармацевтски компании што извезуваат на рускиот пазар, како и дел од прехранбените компании и винарници од земјава. Но, нивната застапеност на тамошниот пазар е многу мала за тој удар да ја растресе целокупната економија во земјава, сметаат стопанствениците.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, Русија е десетти по ред трговски партнер на Македонија. Обемот на трговска размена меѓу двете земји лани бил 181 милион долари, од кои македонскиот извоз на рускиот пазар вреди 30 милиони. Речиси 90 отсто од извезените стоки се лекови, земјоделски и прехранбени производи и вино.

Од Македонско-руската стопанска комора објаснуваат дека трговската размена меѓу двете земји многу е намалена последните неколку години, односно Русија до пред некоја година беше четврти трговски партнер на Македонија, а сега се наоѓа на 10. позиција. Извршниот директор на Kомората, Дејан Бешлиев, смета дека токму поради малиот извоз, македонската економија нема да претрпи голем шок при наметнувањето санкции врз Русија.

- Евентуалните санкции од САД и од ЕУ врз Русија може само посредно да се одразат врз нашата економија. Доколку се воведат санкции, тоа ќе го почувствуваат нашите фармацевтски компании, фирми од прехранбената индустрија и винарниците. Но, тие на рускиот пазар извезуваат стоки чија испорака не прекинува ниту во период на санкции. Дури и ЕУ да реши економски да ја изолира Русија, Македонија можеби нема да има обврска да ги спроведува нејзините одлуки бидејќи е само земја-кандидат, а не полноправна членка. Може да има ефект само ако се донесе таква политичка одлука за што во моментов не гледам можност да се случи - вели Бешлиев.

Единствен поголем ефект, смета Бешлиев, може да има евентуален прекин на испораката на гас од Русија кон Украина, што по други канали кај нас може да предизвика поскапување на увозниот гас.

- Сепак, не верувам дека тоа ќе се случи набргу. И во вакви услови секојдневно продолжува соработката меѓу Русија и Украина на разни полиња. Бројките покажуваат дека речиси милијарда долари се слеваат преку границата на двете земји наменети за исплата на плати на Украинци вработени во Руската Федерација. На крајот на денот тие бројки се многу поголеми од нашиот извоз таму - вели Бешлиев.

Изминативе неколку години во земјава влегоа неколку руски инвестиции, кои во моментов се проценуваат на стотина милиони евра. Тоа се „Лукоил“, во неколку рудници, „Гришко“ и „Продис“, како и инвестиција во „Југохром“ и во термоелектраната „Те-То“.
Бугарите исплашени само за гасот

Економските санкции врз Русија нема да удрат во основата на бугарската економија и националната валута, но земјата може да настрада при евентуален прекин на испораката на гас, пишуваат тамошните медиуми.

Бугарскиот економист од Институтот за пазарна економија, Петар Ганев, вели дека малку е веројатно оти ќе бидат наметнати економски санкции врз Русија. Но, ако тоа се случи и се прекине испораката на гас, земјата ќе се најде во неволја.

- По кризата во 2009 година и по запирањето на дотурот на природен гас, многу се зборуваше за мерките што треба да се преземат. Но, ништо не завршивме, не обезбедивме алтернативи, нема гасни врски со соседите, забранивме истражувањата и екстракција на гас од шкрилци. Затоа самите ќе бидеме виновни ако гасот се претвори во недозволено однесување од страна на Москва - изјави Ганев.
Даница Тунтевска-Вуjовиќ[DOUBLEPOST=1394144517][/DOUBLEPOST]ТЕЛЕКОМ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА


На Владата и припаѓаат 17 милиони евра


Одборот на директори на Македонски телеком му предлага на Собранието на акционери на друштвото на седницата закажана за 27 овој месец да одобри исплата на дивиденда за 2013 година во вкупен бруто износ од 2.716.252.939 денари (44,167 милиони евра). Во известување упатено вчера до Македонската берза за хартии од вредност, од Македонски телеком информираат дека предвидената сума за дивиденда претставува целокупниот износ од остварената нето добивка на друштвото за 2013 година.
- Бруто износот на дивиденда по акција е 31,49 денари. Друштвото, согласно важечката регулатива, од бруто износот на дивиденда: при исплатата на физичките лица ќе задржи и уплати данок на добивка и персонален данок на доход, и при исплатата на правни лица ќе задржи и уплати данок на добивка и данок по задршка каде што е
применливо - велат од Телеком.

Согласно 38,3% од акциите што се во сопственост на македонската држава, неа ќе и припадне 17 милиони евра од дивидендниот колач. Според известувањето до Берза, право на дивиденда ќе имаат сите акционери заведени во Акционерската книга заклучно до 10 април 2014 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2013 година е 7 април. Исплатата на дивиденда за 2013 година ќе се изврши во периодот помеѓу 23 и 30 април 2014 година.
Досега, од продажбата на Телеком во 2001 година, македонската Влада како втор малцински акционер во компанијата ги има добиено следниве дивиденди, и тоа: во првите три години по 18,5 милиони евра, а во 2004-та дури 44,8 милиони евра. Дивидендата за 2005 година од 48 милиони евра беше исплатена со едногодишно задоцнување поради истрагата за финансиски малверзации на поранешното раководство. За 2006 година немаше исплата, бидејќи акционерите одлучија дивидендата да ја префрлат во акумулирана добивка, а за 2006 и 2007 година Владата доби 61 милион евра дивидендата, при што се исплати целата добивка од 159 милиони евра. Во 2008 година беа поделени 100 милиони евра, од кои за Владата 38 милиони евра. Во 2009 година беа поделени 105,2 милиони евра (за Владата 41 милион евра), во 2010 се распределија 97,7 милиони евра, а во 2011 за поделба беа ставени 100 милиони од кои на Владата и останаа 38,7 милиони. Во 2012 година од добивката од 91,8 милиони евра на Владата и припаднаа 35,5 милиони евра. Лани пак, Телеком и Т-Мобиле остварија само 2 милијарди денари (32,5 милиони евра) добивка.

(С.Бл.)
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
552
Поени од реакции
130
mbi10, tie sto davaat: komercijalna, granit, alkaloid, sto znam mozebi makpetrol ke frli nesto... :) telekom i sl
Комерцијална не дели оваа година ништо.иначе мтур дели исто така оваа година 200 ден ми се чини дека беше исто така реплек ќе дели,скопски пазар има уште некој па ако му текне нека пише.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Ima nekoj informacii ili objasnuvanje za zgolemenata prodazba na akcii od KMB vo poslednite 2 nedeli?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
objasnuvanje za zgolemenata prodazba na akcii od KMB vo poslednite 2 nedeli?
Нема да даваат дивиденда, иако е ова очекувано сепак изгледа не е за сите.

Плус се шири шпекулација по други форуми дека и следната година нема да даваат дивиденда ради тоа што во планот за 2014 пишува дека за 2014 нема да се дели дивиденда.
Според мене тоа лошо е протолкувано, се однесува за добивката од 2013, не за таа од 2014. Ова го базирам со споредба со ланскиот план каде иако пишуваше за 2013, сепак се однесуваше на добивката од 2012 која се распредели во 2013.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom