The_Red1
значи фактички
- Член од
- 18 септември 2009
- Мислења
- 4.209
- Поени од реакции
- 4.756
Гледав пред неколку дена на ТВ (дали српски или хрватски беше каналот не знам, а може и босански - не ги разликувам јазиците, ама небитно) и главно се разговараше/дебатираше конкретно за Балканските земји, со осврт на Југославија, нивната состојба и нивните меѓусебни односи последниве 20-25 години, поточно по распадот на Југославија.
И без да гледаме некои документарни емисии, да читаме книги или било што, знаеме дека состојбата на Балканов (од аспект на пријателски односи) ни е катастрофална. Секој со секого е “скаран“ и има нерачистени сметки. Секој на секого му должи нешто.
Една стварно чудна појава што мислам дека само кај нас ја има до тој степен. Да почнам од Македонија со Грција - за името, за Аце наш и Солунско поле. Со Србија за црквата, со Бугарија за територија, граници и што ти знам таму. Србија пак со сите, најактуелно со Косово, од порано со Босна за таа Сребреница и Братунац, со Хрватска така-така, границите од нигде не средени. Босна кутрата од Србија (србите) глава не може да крене. Де геноцид (?!), де територијата од Р. Српска не знае дали ке им остане. Од тие Балкански војни (после Југославија, не тие во 1912 и 1913 година) а посебно од таа Сребреница уште не се опоравени психички (не сите!) и последиците и ден денес ги чувствуваат. Хрватска не е во поповолна положба воопшто, но сепак дели од претходните. И конечно Словенија која за нивна среќа е далеку пред сите бивши Југословенски држави и си тера напред или како што викаат дипломатите: Стабилно чекори и им се придружува на Западно Европските земји!
На крај испаѓа дека е точна старата народна “Што јужније - то тужније“
Муабетот ми е: Дали постои “простор“ за насловот? За Балканско помирување? Зарем не се доволни овие 20 и кусур години на буквално тапкање во место само заради тие неизрамнети сметки? Зарем уште да живееме со историјата и да имаме вечни непријатели?
И по 20 години на некој Бошњак да го прашаш за Сребреница маме му е*ава на секој србин до трето колено. А пак србите да ги прашаш за истото, ај што немаат грижа на совест туку (некои) јавно викаат дека тоа што се десило во Сребреница за нив е исто како да биле убиени 8000 мачки (да, ова лично го имам слушнато од Босански србин).
Баш ме интересираат мислења од оптимистичка гледна точка.
Не викам пак да бидеме тоа “Братство-Единство“ и повторно да правиме федерација ама сепак да имаме едни соседски односи како што стварно доликува.
И за крај, ако сакаме Европска Унија и една поголема стабилност на Балканот кога-тогаш тие прашања мора да се решат. Како Македонија, така Србија и Босна.