Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.498
Потполно се согласувам, затоа и реков дека вие се плашите од тоа, претерано и пренасилено. Не еднаш ги чув овие муабети меѓу круг на жени кои уште немаат ни сериозна врска, а се убедени дека сите мажи ги вараат своите жени додека овие се трудни.Жити се?! Јас колку што знам, некој ако шврља, нема да чека бременост да му послужи како оправдание. И вака и онака ќе си го тера филмот.
Јас се прашувам зошто некој би трпел 50 пати звонење на телефон. Ако тоа не е тортура, не знам што е. Уствари знам. Мисли дека ако му роди дете, има тапија над него. Огромна грешка.
Тоа за ѕвонењето исто се согласувам, се знае која е нормалата и не може “другарка“ да ѕвони или праќа пораки доцна навечер и непрестајно да се среќава со вашиот маж без ваше присуство или пак знаење.
Според мене многу лесно се препознатливи “расипикуќите“ и во таков случај не треба да се има никаква толеранција, што подалеку треба да се држат.