Другарка на сопругот

Inception

Професор Д-р
Член од
3 април 2012
Мислења
115
Поени од реакции
55
Добро, олку „цитати“, објаснувања и свашта.. ама за кого ? ?? Дотичнава девојка ја нема никаде! Море какви не коментари, предлози, објаснувања на поими, дијагнози и што ли не, а таа само одговори на неколку постови каде што се најде навредена !!! Останативе нека си копаат очи меѓу себе. Ај то, нити се заблагодари на сите овие одговори. Изгледа заборави дека темава е изолиран случај ( само за неа ) не да поттикне дискусија па да си каже проблем туку си кажа проблем а реплицира само на тоа шо не и се допаѓа. Да го напишеше ова во Љубовни проблеми ќе е разберев ама вака :facepalm:
Девојко, не ти се чини дека си малце од поќе себична ??? Па уште кажуваш дека ти е криво шо ти немаш другари ???? Алоо.. срамота е ова да го помислиш а не да го кажиш!!!!
Барем да кажеше што се прави маж ти со таа другаката, каков разговор води, на каков начин, за што разговараат ... ајде и во кое време ( мислам од денот , или па ноќта :vozbud: ) разговараат зошто пред тебе си праел муабет( ваљда сеа нема да ти текне да речеш дека си глува и единствено што регистрираш е дека тој прави муабет со другарката !!!!! ), па да ти дадат совет, а не вака... тон муабети за ништо !!!
Причините се кај тебе девојко... незнам дали воопшто е правилно да правиме муабет за љубомора ама мислам дека нешто самата себеси си се разочарала и нормално тешко ти е да го прифатиш тоа па си бараш рачки за мажот ти .. да не речам си го криеш бесот.
Смени го понашањето, не биди себична! Разговарај отворено и мисли ( сериозно мисли на ефектот ) пред да кажеш нешто, зошто не си центар на светот, и другите имаат проблеми, чуства и тн. и Другите сакаат да бидат разбрани, сакани,да се искажат, да бидат слушнати и тн. и тн. Со вакви постапки ти очигледно не го даваш тоа што сакаш да го добиеш.
Ова испадна мн хејтање ама вкрај ме изиритира! Среќно!
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.729
Поени од реакции
82.726
А извини вака што ќе те прашам, зошто си се мажела ако се сомневаш во него...? И самата кажа дека тоа е старо пријателство, значи можеби е постаро и од вашето познанство. Си имала барем доволно време да размислиш/увидиш како се однесуваат тие двајца.
Прочитав дека не се дружиш со никој (дека несакаш по твоите постови), претпоставувам дека не работиш никаде, нели во блажена состојба си, и целото време го поминуваш дома. За разлика од тоа, маж ти сигурно работи негде за да ја издржува фамилијата, сигурно повеќето време после работа го посветува на тебе... и зошто по ѓаволите сега ќе му забрануваш да се гледа со другарите/другарките? Си размислила некогаш да се зближиш со таа фамозна пријателка, прво да ја запознаеш па потоа да ја оцениш што личност е...? Безвезе се муабетиве...
--- надополнето: 5 септември 2013 во 05:45 ---
Интересно ке беше ако насловот беше обратен т.е ако гласеше ДРУГАРОТ НА МОЈАТА СОПРУГА ,дали истите мислења ке беа напишани ,посебно од машките т.е дали ке им беше сеедно кога нивната сопруга би се слушала ,гледала со нејзиниот другар без него ....
Ќе имаше сеирџиски мислења, нормално ќе имаше мислења од типот на "женати е курва" ама вооглавно немаше да бидат сватени сериозно. Премногу драматизирате со ова, ако жена ми има другар, се разбира дека ќе се спријателам со него, ќе видам што човек е, нема да избрзувам на форум да отварам теми да почнам да се жалам. Сигурно нема да и ги расипувам пријателствата заради мене, и да ја држам како роб во сопствената (заедничката) куќа. А ако видам или пак слушнам од некого дека ме вара, тогаш јас знам како ќе постапам со нејзе. Ако еднаш ме изневерила, сигурно истото ќе го повтори одново и одново (истиот случај е и со машките). Колку и да ќе ми биде мила, ако видам дека ме вара ќе има да ја донесам до питјачки стап, ич око нема да ми трепне.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.696
Поени од реакции
12.109
Ок, мислете дека маж со своја другарка, жена со свој другар, секој за себе ќе функционирате долго во брак. Тогаш не знам што ќе ви брак осим да послужите како машина за раѓање и да му ги перете гаќите... @Strenght овде и овде ви ја долови поентата. Нема такво нешто као секој свој незаеднички другар од спротивен секс. Ако човек влегува во брак само за секс и јадење, тогаш не му треба брак. Со тоа ништо нема да постигне освен постепено разјадување на семејството, само ќе израсне деца у нездрава средина. Што значи брак и што се носи бракот со себе. Не една, не две него децении и децении... Се е само не парче хартија. Само и помагате на статистиката на разводи која овде вели се очекува скоро половина од браковите да се распаднат на еден или друг начин. Се помалку бракови, се повеќе разводи...
Што фали на „јас излегувам со оние, ти со оние“? o_O
Ако сум те одбрала тебе да ми бидеш другар, затоа што ми одговараш како таков и имам доверба во тебе, твојата жена ќе ја почитувам, можеби и ќе ја засакам, ќе си доаѓаме на гости, може ќе се станеме блиски, а може и не, ама ти ќе бидеш другар ми и тебе ќе сакам да ти се искажам кога ми е тешко. Не мора да значи дека ќе сакам и жена ти да ми биде блиска како што си ми ти.
затоа што е исклучително тешко така да се одржи брак без разводи, расправии, сцени и трауми за децата, а разводи се повеќе, сцени се повеќе. За интимни разговори и среќни моменти служи сопругот/сопругата...во добро и зло. Ако брачниот другар не е ријабл или не може да ти го реши проблемот, а другарот на страна може, како со таков брачен партнер ќе делиш секакви проблеми низ животот? Кој би бил тој проблем за кој е потребна моја другарка која не е другарка и на мојата сопруга? Не задоволува во кревет, не ја фарба собата со омилената боја? Со другари може и на фудбалче и у кафанче со триста муабети, но со другарка не знам која тема, што би зборел човек насамо. Со тек на време, како ќе раснат проблемите и обврските во брак, од лично свој другар лесно ќе стане интимејт, fuck buddy. Со личност т.н. своја другарка на страна за тоа не треба многу...без обврски, без секојдневни проблеми, опуштено...а сопружникот со тек на години е поизморен, со повеќе обрски, често зловолен од шефот или платата, аљкав во кујна или спална...другарот на страна е секогаш насмеан, секогаш расположен, галант... Ако во бракот такво нешто е нормално, во ред.
Да, не чинат крајности ама ова сепарате...
Зошто, на пример, ако јас не можам да се вклопам во неговото друштво (различен стил на заебанции, различни размислувања, глупи размислувања, сакаме различни работи...) морам да дремам со нив?
во дадениот случај не се работеше баш за тоа. вели таа ги прекинала контактите со другарите, тој не. како што прочитав, не и е баш понудено да учествува во нивното другарување.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Дали според тебе кога ќе се потпишеш у матично значи дека треба да ги прекинеш сите контакти на твојот сопруг со негови пријатели само затоа што те зел за жена и само ти имаш целосно право да управуваш со неговиот живот/пријатели?
Секако дека НЕ треба..погрешно сум се изразила :) .. Тоа се однесуваше доколку се работи за некоја нова пријателка..не на старо пријателство :)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.691
Светот не е црно- бел. Се е од случај до случај но ајде да се обидеме да извлечеме некој НЗС. Љубомората е неизбежна но не треба да се претера и да забега работата во посесивност. Нормално, исправно е пријателствата и другарствата да си продолжат, негуваат и по влегувањето во брак или сериозна врска. Прекинување на другарство или пријателство заради љуибомора од партнерот е смешна, несериозна, детска работа и ако се забега во таков правец нема да помине многу време парот ке се изолира од целата средина а откако ке нема реални луѓе околу кои ке се кршат копјата и љубомората тогаш ке почне една бескрајна Донкихотска борба со сеништа, околу измислени луѓе, уобразени швалерки и швалери, копање очи околу телефони и компјутери..... и на крајот ке се помират со пеколот во кој ке живеат или ке се разведат.
Затоа треба да има обострано разбирање помеѓу партнерите со респект кон другарствата и пријателствата од минатото но и оние кои се стекнуваат во сегашноста.
Е сега да не се лажеме дека содржината и начинот на дружење во машко-женските другарства и пријателства ќе останат исти како што биле кога двајцата другари биле слободни. Нормално е во машко-женски другарства по влегување во барк или сериозна врска на еден или двајцата од другарите да настанат некои промени и тоа е исправно и тука нема лутење. Ако пред да се женам или влезам во сериона врска кај некои другарки сум можел и без причина да отидам во било кое време од денот или ноќта и да преспијам кај неа без проблем, да отидам со другарка на летување или друга прошетка без проблем, да излезам на вечера без проблем, да ми се јави или јавам без некоја причина во било кое време од ноќта, да ми купи ли купам убав подарок без повод и многу, многу други работи................ сега кога сум во брак за ваков начин на дружење можам да сонувам, не оди така работата, таквите содржини ги нема, се случија промени и тоа е исправно. Неможе бе жена ми и мажот на моја другарка да речат бравос, слободно одете вие двајца 10 дена у грција а ние ке ве почекаме, поминете си убаво вие сте стари другари! Или на некој другар на жена ми иму текнало па дошол на муабет кај другарката и си останал до сабајле оти да не биде сама! Не оди така. Некои работи што кога сме биле слободни ни биле најнормални сега е најнормално да претрпат некои промени. Пријателставата и другарствата и натаму ке се негуваат но со должна почит кон чувствата на партнерот....
 
Член од
23 август 2011
Мислења
113
Поени од реакции
46
Добро, олку „цитати“, објаснувања и свашта.. ама за кого ? ?? Дотичнава девојка ја нема никаде! Море какви не коментари, предлози, објаснувања на поими, дијагнози и што ли не, а таа само одговори на неколку постови каде што се најде навредена !!! Останативе нека си копаат очи меѓу себе. Ај то, нити се заблагодари на сите овие одговори. Изгледа заборави дека темава е изолиран случај ( само за неа ) не да поттикне дискусија па да си каже проблем туку си кажа проблем а реплицира само на тоа шо не и се допаѓа. Да го напишеше ова во Љубовни проблеми ќе е разберев ама вака :facepalm:
Девојко, не ти се чини дека си малце од поќе себична ??? Па уште кажуваш дека ти е криво шо ти немаш другари ???? Алоо.. срамота е ова да го помислиш а не да го кажиш!!!!
Барем да кажеше што се прави маж ти со таа другаката, каков разговор води, на каков начин, за што разговараат ... ајде и во кое време ( мислам од денот , или па ноќта :vozbud: ) разговараат зошто пред тебе си праел муабет( ваљда сеа нема да ти текне да речеш дека си глува и единствено што регистрираш е дека тој прави муабет со другарката !!!!! ), па да ти дадат совет, а не вака... тон муабети за ништо !!!
Причините се кај тебе девојко... незнам дали воопшто е правилно да правиме муабет за љубомора ама мислам дека нешто самата себеси си се разочарала и нормално тешко ти е да го прифатиш тоа па си бараш рачки за мажот ти .. да не речам си го криеш бесот.
Смени го понашањето, не биди себична! Разговарај отворено и мисли ( сериозно мисли на ефектот ) пред да кажеш нешто, зошто не си центар на светот, и другите имаат проблеми, чуства и тн. и Другите сакаат да бидат разбрани, сакани,да се искажат, да бидат слушнати и тн. и тн. Со вакви постапки ти очигледно не го даваш тоа што сакаш да го добиеш.
Ова испадна мн хејтање ама вкрај ме изиритира! Среќно!
Читај на што тема коментираш дотичен педер. Ако не ти се допаѓа не мора да кењаш тука. Забегуваш малку.
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Затоа кога се зимаш со некој треба доволно добро да се познавате. Кој без доверба сака или па влегол у брак ... од старт е заебан. Многу заебан. Вистина е „верувај - но проверувај“ али не тоа да биде тестирање секој можен ден и чекање да се направи грешка. Ако доволно некој го познава партнерот и ако имаат добра врска во која има разбирање и почитување тогаш не треба да постои никаква забрана. Повеќе од јасно е дека на човек не можеш да му забраниш да те изневери. Може да го промениш, затвориш изолираш (во случај да си со партнер со карактеристики на офца) али не можеш да му забраниш да посакува и да проба да направи нешто со други луѓе. Многу е просто дека треба да дозволите партнерот да го направи тоа што го сака. Ако во тоа спаѓа варање и правење мајмуни од вас.... изборот е или остани мајмун или смени си го партнерот. Simple as that.
 
A

AnFem

Гостин
Ок, мислете дека маж со своја другарка, жена со свој другар, секој за себе ќе функционирате долго во брак. Тогаш не знам што ќе ви брак осим да послужите како машина за раѓање и да му ги перете гаќите... @Strenght овде и овде ви ја долови поентата. Нема такво нешто као секој свој незаеднички другар од спротивен секс. Ако човек влегува во брак само за секс и јадење, тогаш не му треба брак. Со тоа ништо нема да постигне освен постепено разјадување на семејството, само ќе израсне деца у нездрава средина. Што значи брак и што се носи бракот со себе. Не една, не две него децении и децении... Се е само не парче хартија. Само и помагате на статистиката на разводи која овде вели се очекува скоро половина од браковите да се распаднат на еден или друг начин. Се помалку бракови, се повеќе разводи...
затоа што е исклучително тешко така да се одржи брак без разводи, расправии, сцени и трауми за децата, а разводи се повеќе, сцени се повеќе. За интимни разговори и среќни моменти служи сопругот/сопругата...во добро и зло. Ако брачниот другар не е ријабл или не може да ти го реши проблемот, а другарот на страна може, како со таков брачен партнер ќе делиш секакви проблеми низ животот? Кој би бил тој проблем за кој е потребна моја другарка која не е другарка и на мојата сопруга? Не задоволува во кревет, не ја фарба собата со омилената боја? Со другари може и на фудбалче и у кафанче со триста муабети, но со другарка не знам која тема, што би зборел човек насамо. Со тек на време, како ќе раснат проблемите и обврските во брак, од лично свој другар лесно ќе стане интимејт, fuck buddy. Со личност т.н. своја другарка на страна за тоа не треба многу...без обврски, без секојдневни проблеми, опуштено...а сопружникот со тек на години е поизморен, со повеќе обрски, често зловолен од шефот или платата, аљкав во кујна или спална...другарот на страна е секогаш насмеан, секогаш расположен, галант... Ако во бракот такво нешто е нормално, во ред.
Да, не чинат крајности ама ова сепарате...
во дадениот случај не се работеше баш за тоа. вели таа ги прекинала контактите со другарите, тој не. како што прочитав, не и е баш понудено да учествува во нивното другарување.
Во бракот треба да функционирате како единка, а при тоа да не заборавите дека сте две различни личности, кои е пожелно да си останат свои, за на крај да нема префрлања и кавги.
Јас апсолутно се согласувам дека партнерот треба да ти е најдобар другар. И во примерот сакав да кажам дека другарката тебе ти се искажува, не ти неа. А нејзините тајни нема што да ѝ ги издаваш на сопругата. А за тоа што би зборувал со другарка... Мажот ѝ ја тепа, ја изневерува, финансиски проблеми итн. Теми - милион. Ако со некоја си растел и те гледа како брат, не како маж, е сосема во ред.

И овде зборуваме за другари, некој кој го гледаш како брат, сестра. Каков фак бади, побогу? Зарем сѐ мора да сведува на секс? Каде отиде онаа чиста и наивна дружба, без задни намери?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Во секоја врска има турбуленции... качувања и падови. И никогаш, апсолутно во никој случај не треба да си ги земаш работите здраво за готово - ако дотичниот речи дека не прај ништо со другарката, да се клај то в крпче и толку. Луѓето се менуваат, паѓаат во разно-разни искушенија и предизвици. Единствено со разговор се иди до коренот на проблемот, а и со разговор се решава. То шо Џиш, Петко, Трајко ќе го пишат на форум, само ќе ти дотури масло во огнот и ќе те клај во уште поголема недоумица.

Од друга страна, шо и да прајш, немој да ги прајш работите за инает. Ако тој има другарка, и ти мораш да имаш другар, па да најдиш некој со кој шо ќе се дружиш... не треба многу да се заврти слична мисла и кај дотичниот во глата, и ете ти проблеми од невидени размери. Зошто? За инат.

Седнете разговарајте. Незнам колку е сериозен проблемот и кој во случајот претерува (мада имам впечаток дека жените се 90% тие шо ја преувеличуваат работата), и незнам да кажам како треба целото ова да се заврши. Битно запамти дека сте возрасни личности, треба да размислувате зрело чим сте стапнале на лудиот камен и сте дошле до планирање фамилија - деца.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
И овде зборуваме за другари, некој кој го гледаш како брат, сестра. Каков фак бади, побогу? Зарем сѐ мора да сведува на секс? Каде отиде онаа чиста и наивна дружба, без задни намери?

Еве го целиот проблем. Сите овде читаат другарка, а во глава им одзвонува - швалерка, фак бади, превара, набивање рогови, скриени мисли, кај нејзе дома сами, кондоми, без кондоми, не така, он/она на мене - е сеа ќе видите!!!

И после другарката била проблемот
 
И според таа логика, бисексуалците не смеат да имаат другари после брак.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Пак ќе се умешам и ќе се навратам некоја страна наназад: што ќе беше ако се работеше за обратен случај, т.е. ако темата ја отвореше маж и кажеше дека жена му си прави муабет со другарот?
Дали мажите ќе беа либерални или ќе повикаа на линч?
Да бидеме искрени: многу ретки се тие другарства меѓу маж и жена кои траат цел живот. Тоа обично треба да се двајца кои пораснале заедно, па не се ни доживуваат како машко и женско.
 
иако ни во овој случај не повикувам на линч, за мене е исто. Во брак дружењето и друштвото се тие, истите, заеднички. Едино исклучително ако сопругата посака прошетка по продавници со пријателките или сопругот на рекреација, кладилница, што и да е за машко друштво. Ама овој случај не гледам дека е таков.
за на крај да нема префрлања и кавги.
за кого како, но крајот за мене е смртта, ништо друго.
И овде зборуваме за другари, некој кој го гледаш како брат, сестра.
тој другар би му бил другар и на сопругот, макар само пријател. Во дадениот пример пак ќе повторам, не е така. Да не завлегувам во други теми поврзани со оваа и зачувување на бракот...ова со темава не е ретка појава на сомнежи или грижи, основани или не. Постои и те како. Се надевам дотичната обична и секси ќе си најде решение и се ќе е в ред.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
иако ни во овој случај не повикувам на линч, за мене е исто. Во брак дружењето и друштвото се тие, истите, заеднички. Едино исклучително ако сопругата посака прошетка по продавници со пријателките или сопругот на рекреација, кладилница, што и да е за машко друштво. Ама овој случај не гледам дека е таков.
за кого како, но крајот за мене е смртта, ништо друго.
тој другар би му бил другар и на сопругот, макар само пријател. Во дадениот пример пак ќе повторам, не е така. Да не завлегувам во други теми поврзани со оваа и зачувување на бракот...ова со темава не е ретка појава на сомнежи или грижи, основани или не. Постои и те како. Се надевам дотичната обична и секси ќе си најде решение и се ќе е в ред.
Зошто све мора да е заедничко? Дури и пријателите? Бракот не значи трансформација од двајца луѓе во еден хермафродит, па све да биде заедничко. Имам многу машки другари, ко браќа ми се и никогаш за ништо не би се откажала од нив, исто ко што очекувам идниот ми партнер да има другарки и да се дружи со нив. Колку ме нервира тоа све морало да биде заедничко, индивидуалност во брак никако.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom