Другарка на сопругот

Член од
28 март 2006
Мислења
17.716
Поени од реакции
12.145
И што испадна сега. Тие се во брак ама тој има другарка од памтивек, која не е нејзина другарка. Таа нема другари да се слуша оти прекинала контакти со нив. Таа негова другарка не е нејзина другарка, иако се во брак...уф :notworthy:
 
O

Orion.

Гостин
Не одговори на едно од поважните прашања, што можат да дадат одговор за твојава недоумица и да се види дали воопшто има и ако има до кого е проблемот.
Нема пошто ако си у брак и имаш другари тоа е варање (сарказам)
Или маж и не и дава, само он смее да има другарки

:)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Можеш да се караш и за други работи - не мора вечна тема да биде „зашто не ми крена на второто звонење, о ти дрољо неопеана?“

И не мора одма во екстреми да се иде, туѓи деца, прикриени „пријатели“ и не знам више што.

Не постои такво нешто како здрава љубомора, барем не во здрава врска.


Хммм, се сложувам со ова!

Но за жал денешниве врски функционираат на база на љубомора.

Според мене, редоследот е ваков:

Првин тргнува со тоа дека основата на секоја врска е сексот а денес тој добива митски размери. Сексот МОРА да биде совршен, мора да се практикува минимум седум пати во неделата, се пишуваат препораки од стручњаци, се даваат рецепти за вежби...заедно со сексот оди идеалот за физичката убавина т.е не можеш да имаш фантастичен секс ако не си фаизички фантастичен-па така, многу жени мислат дека мажите ги ценат само и единствено преку тоа како изгледаат (има и тука здрава подлога во тоа како мажите се програмирани да гледаат на жените и тоа е во нашата природа-сосема нормално и неоспорно, кое што е злоупотребено) Проблемот е во тоа што на овој момент (сексот и физичкиот изглед) му се дава суштинско значење. Така, жените воглавно, имаат потреба постојано да го потсетуваат својот партнер дека се убави, згодни, едноставно сексуално привлечни за другите мажи-па свесно ги прават љубоморни. Сигурно е дека е некаква патологија во прашање кога една личност себеси се вреднува според тоа како изгледа и какви креветски егзибиции умее да изведе, ама тоа е, за жал, трагедијата на нашето време.

Конечно, сакам да кажам дека во денешно време односите маж-жена се сведуваат на секс - физичка убавина - љубомора. Пошто никој нема време (брзајќи да го провери фејсбук профилот, мејлот, да доврши некоја работна обврска и сл) да се занимава со "длабочините на душата", да се обиде емотивно да му се приближи на партнерот, да покаже разбирање (кога тој е загрижен околу излегувањата со другари и другарки), да вложи здрав напор во прекинување на папочната врска со "другарите од детството" (а и зашто би, коа се тоа е добр начини за да се кидне од реалноста?). Никој не сака да се занимава со решавање на проблеми. Зошто да решава кога едноставно може да сврти телефонче и да си закаже излез на кафенце-а ако некој дома има проблем, нема гајле, можеби нема уште долго да биде дома...;)
--- надополнето: 5 септември 2013 во 00:45 ---
И што испадна сега. Тие се во брак ама тој има другарка од памтивек, која не е нејзина другарка. Таа нема другари да се слуша оти прекинала контакти со нив. Таа негова другарка не е нејзина другарка, иако се во брак...уф :notworthy:


Мислам дека подобра идеја е друкарката да си ја викне дома на кафе, каде што заедно со жена му, ќе си споделат смешни моменти од детството. Така и на неа (која што чмае дома трудна), ќе и го направи денот поинтересен. А и дружењето нема да им биде сомнително.

Или уште подобра идеја-што не излезат сите тројца заедно, да си прошетаат низ град?

Уф? :P
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Интересно ке беше ако насловот беше обратен т.е ако гласеше ДРУГАРОТ НА МОЈАТА СОПРУГА ,дали истите мислења ке беа напишани ,посебно од машките т.е дали ке им беше сеедно кога нивната сопруга би се слушала ,гледала со нејзиниот другар без него ....и незнам зашто постојано тука ги мешате сите пријателста ,кога тука конретно се спомнува блиско дружење со другар од спротивенен пол
За ова си во право.
Да беше обратно, маж да отвореше тема дека жена му имала другар, поинакви муабети ќе се вртеа, дека жена му е курва, треба да ја претепа и исфрли од дома и слично. Дека постојат двоструки критериуми за овие ствари е факт, ама тоа е веќе друга тема.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
За ова си во право.
Да беше обратно, маж да отвореше тема дека жена му имала другар, поинакви муабети ќе се вртеа, дека жена му е курва, треба да ја претепа и исфрли од дома и слично. Дека постојат двоструки критериуми за овие ствари е факт, ама тоа е веќе друга тема.

Pa normalno, se znae koj e gazda u kuchi... :ROFLMAO:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.294
Поени од реакции
108.408
А дали твојата сопруга ке ти биде во ред да си се слуша дружи со својот машки другар без тебе ,зашто тука на темава станува за другар од спротивен пол ....и многу сте контрадикторни тука со одговорите зашто на истиов форум има тема дали е можно пријателство помеѓу машко и женско ,и скоро сите машки имате одговорено дека не е можно дека претежно во мислите ја гледате како ЖЕНА а не како другарка освен ако не е многу ружна ....
Јас нигде се немам изјаснето дека не постои пријателство меѓу маж и жена, и друга работа, ако нејзе и пречи што има другарка и реков што треба да напраи, развод или нека го пука со пиштол. Пошо у 21 век да имаш вакво размислување треба да имаш недостаток на мозочни клетки, или да си им паднал на докторите од раце при пораѓај.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Хммм, се сложувам со ова!

Но за жал денешниве врски функционираат на база на љубомора.

Според мене, редоследот е ваков:

Првин тргнува со тоа дека основата на секоја врска е сексот а денес тој добива митски размери. Сексот МОРА да биде совршен, мора да се практикува минимум седум пати во неделата, се пишуваат препораки од стручњаци, се даваат рецепти за вежби...заедно со сексот оди идеалот за физичката убавина т.е не можеш да имаш фантастичен секс ако не си фаизички фантастичен-па така, многу жени мислат дека мажите ги ценат само и единствено преку тоа како изгледаат (има и тука здрава подлога во тоа како мажите се програмирани да гледаат на жените и тоа е во нашата природа-сосема нормално и неоспорно, кое што е злоупотребено) Проблемот е во тоа што на овој момент (сексот и физичкиот изглед) му се дава суштинско значење. Така, жените воглавно, имаат потреба постојано да го потсетуваат својот партнер дека се убави, згодни, едноставно сексуално привлечни за другите мажи-па свесно ги прават љубоморни. Сигурно е дека е некаква патологија во прашање кога една личност себеси се вреднува според тоа како изгледа и какви креветски егзибиции умее да изведе, ама тоа е, за жал, трагедијата на нашето време.

Конечно, сакам да кажам дека во денешно време односите маж-жена се сведуваат на секс - физичка убавина - љубомора. Пошто никој нема време (брзајќи да го провери фејсбук профилот, мејлот, да доврши некоја работна обврска и сл) да се занимава со "длабочините на душата", да се обиде емотивно да му се приближи на партнерот, да покаже разбирање (кога тој е загрижен околу излегувањата со другари и другарки), да вложи здрав напор во прекинување на папочната врска со "другарите од детството" (а и зашто би, коа се тоа е добр начини за да се кидне од реалноста?). Никој не сака да се занимава со решавање на проблеми. Зошто да решава кога едноставно може да сврти телефонче и да си закаже излез на кафенце-а ако некој дома има проблем, нема гајле, можеби нема уште долго да биде дома...;)

Искрено, иако делумно се сложувам со делот за корелацијата помеѓу сексот - физичкиот изглед - љубомората, не сум баш волна да изнаоѓам оправдувања. Љубомората како таква за мене секогаш била и ќе остане непожелна, негативна, деструктивна, бескорисна емоција која најчесто нема никаква врска со личноста врз која е проектирана. Како таква, нема што да бара во една врска помеѓу две особи. Јасно ми е (ко ден!) дека на поедини лица им е тешко да ја контролираат откако веќе ќе се појави, ама никогаш нема да ми биде јасна нејзината крајна цел, а ни пропратните елементи уз кои обавезно доаѓа.

Можеме да зборуваме и за фејсбук, и за инстаграм, и за нови трендови, наметнати стандарди, нереални очекувања, траумите од филмовите на Дизни (во смисла на непостоењето на принцот на бел коњ) али ништо од тоа не може да го оправда она што љубомората може да го создаде како терор во една врска.

Факт е дека сме презафатени со секојдневни ситници и дека таа презафатеност си го зима данокот на сметка на односите со најважните луѓе, али не гледам како потресување околу нечие пријателство ќе го поправи тој факт.

Другарите од детството се значајни, но се сложувам дека тоа другарство не мора и не треба да го исклучува партнерот. Тоа е една екстрема. Друга екстрема би било партнерот да стане непроменлива константа во истото другарство. Постои баланс. Барем би требало да постои.
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
245
Поени од реакции
250
Јас нигде се немам изјаснето дека не постои пријателство меѓу маж и жена, и друга работа, ако нејзе и пречи што има другарка и реков што треба да напраи, развод или нека го пука со пиштол. Пошо у 21 век да имаш вакво размислување треба да имаш недостаток на мозочни клетки, или да си им паднал на докторите од раце при пораѓај.
Не ми одговори на моето прашање ,дали тебе како машко нема да ти пречи твојата сопруга да одржува близок контак со другар без тебе ,да си се слушаат ,да си се гледаат ......
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Искрено, иако делумно се сложувам со делот за корелацијата помеѓу сексот - физичкиот изглед - љубомората, не сум баш волна да изнаоѓам оправдувања. Љубомората како таква за мене секогаш била и ќе остане непожелна, негативна, деструктивна, бескорисна емоција која најчесто нема никаква врска со личноста врз која е проектирана. Како таква, нема што да бара во една врска помеѓу две особи. Јасно ми е (ко ден!) дека на поедини лица им е тешко да ја контролираат откако веќе ќе се појави, ама никогаш нема да ми биде јасна нејзината крајна цел, а ни пропратните елементи уз кои обавезно доаѓа.

Можеме да зборуваме и за фејсбук, и за инстаграм, и за нови трендови, наметнати стандарди, нереални очекувања, траумите од филмовите на Дизни (во смисла на непостоењето на принцот на бел коњ) али ништо од тоа не може да го оправда она што љубомората може да го создаде како терор во една врска.

Факт е дека сме презафатени со секојдневни ситници и дека таа презафатеност си го зима данокот на сметка на односите со најважните луѓе, али не гледам како потресување околу нечие пријателство ќе го поправи тој факт.

Другарите од детството се значајни, но се сложувам дека тоа другарство не мора и не треба да го исклучува партнерот. Тоа е една екстрема. Друга екстрема би било партнерот да стане непроменлива константа во истото другарство. Постои баланс. Барем би требало да постои.


Кога ќе се подзамислам, порано кога ќе се спомнеше зборот љубомора, сите го сфаќавме како нешто негативно т.е имаше исклучиво негативно значење. Подоцна разбрав дека имало и позитивни аспекти (она дека доза на љубомора било здраво за врската) :) какви игри со здрав памет, што гадно ни се одразуваат на сите...

Инаку, и јас мислам дека клучот е во балансот. Ама кој има време (и на крајот, кој умее) да балансира? Ретките среќни. Повеќето не ни сакаат да мислат на изнаоѓање решенија - просто, си трасираат нов пат.

За жал, екстремите, а не средината, ни го водат животот. Јас лично, не можам да разберам љубоморни изливи (но и свесно подгревање на љубомора). Понекогаш мислам дека на ова воглавно се сведуваат врските денес. Затоа и еден куп осамени ликови, пропаднати врски и бракови.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.716
Поени од реакции
12.145
Мислам дека подобра идеја е друкарката да си ја викне дома на кафе, каде што заедно со жена му, ќе си споделат смешни моменти од детството. Така и на неа (која што чмае дома трудна), ќе и го направи денот поинтересен. А и дружењето нема да им биде сомнително.

Или уште подобра идеја-што не излезат сите тројца заедно, да си прошетаат низ град?

Уф? :P
да :) . Кога влегувам во брак, моите другар/к/и афтомацки се и нејзини и обратно...освен некои од нив со кои нема да сме компатибилни. штом не е така, нешто не штима или не се кажува.
Контрадикторна е приказната, збунува, полна е дупки, а мене незгодно да прашувам понатаму.
Можеме да зборуваме и за фејсбук, и за инстаграм, и за нови трендови, наметнати стандарди, нереални очекувања, траумите од филмовите на Дизни (во смисла на непостоењето на принцот на бел коњ) али ништо од тоа не може да го оправда она што љубомората може да го создаде како терор во една врска..
во овој случај не се работи за љубомора. Според пишуваното вели што може да е во прашање ако -тој останал во близок контакт со другарка од пред брак, таа ги прекинува контактите со другарите, и недостасува што нема другари за контакт, нигде не кажува дека и таа другарува, се дружи со другарката на сопругот.
Ако тргне секој на своја страна со другарување, по некое време може да се создаде здрава подлога за развод.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Кога ќе се подзамислам, порано кога ќе се спомнеше зборот љубомора, сите го сфаќавме како нешто негативно т.е имаше исклучиво негативно значење. Подоцна разбрав дека имало и позитивни аспекти (она дека доза на љубомора било здраво за врската) :) какви игри со здрав памет, што гадно ни се одразуваат на сите...

Инаку, и јас мислам дека клучот е во балансот. Ама кој има време (и на крајот, кој умее) да балансира? Ретките среќни. Повеќето не ни сакаат да мислат на изнаоѓање решенија - просто, си трасираат нов пат.

За жал, екстремите, а не средината, ни го водат животот. Јас лично, не можам да разберам љубоморни изливи (но и свесно подгревање на љубомора). Понекогаш мислам дека на ова воглавно се сведуваат врските денес. Затоа и еден куп осамени ликови, пропаднати врски и бракови.


Баш заради поранешното значење на зборот љубомора и моите олд скул ставови за истото, пред некое време се најдов во жустра караница со другарка. Крајниот резултат беше дека ја не го почитувам дечко и и како не ми е срам. Ден денес уште не ми прави муабет.

Ова ми е засебен феномен - луѓе кои не ја подгреваат љубомората, ама и те како уживаат во неа, погрешно толкувајќи ја за љубов, грижа, посветеност. Замисли ти он колку те сака ако е љубоморен кога татко ти ти помага да го облечеш капутот? Или, колку е грижлив кога опсесивно се интресира дали во кафичот кај што си била искочена со другарка работел конобар или конобарка? Тоа е таа љубов! И уште мал милион вакви примери...

Не знам како стигнавме до стадиум каде љубомора може да биде пожелна. Кај пожелна, па таму и показател за цврстината на врската. Не ни сакам да знам, глупаво е.

А за оние кои не успеваат да го најдат балансот, кои потклекнуваат пред растроени mind games и слични заврзлами...јбг, така и им треба. ;)
 
A

AnFem

Гостин
Бракот не е заеднички живот на дечко и девојка во смисол јас излегувам со овие, ти со оние, пак се гледаме, нема љутиш...по некое време ќе се создаде здрава подлога за развод. Зошто тогаш луѓето воопшто се земаат, за да роди дете и да му ги испере гаќите? Не е наивен ниту "модерен" таквиот начин на живеење.
Што фали на „јас излегувам со оние, ти со оние“? o_O
Зошто, на пример, ако јас не можам да се вклопам во неговото друштво (различен стил на заебанции, различни размислувања, глупи размислувања, сакаме различни работи...) морам да дремам со нив?
Ако сум те одбрала тебе да ми бидеш другар, затоа што ми одговараш како таков и имам доверба во тебе, твојата жена ќе ја почитувам, можеби и ќе ја засакам, ќе си доаѓаме на гости, може ќе се станеме блиски, а може и не, ама ти ќе бидеш другар ми и тебе ќе сакам да ти се искажам кога ми е тешко. Не мора да значи дека ќе сакам и жена ти да ми биде блиска како што си ми ти.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
во овој случај не се работи за љубомора. Според пишуваното вели што може да е во прашање ако -тој останал во близок контакт со другарка од пред брак, таа ги прекинува контактите со другарите, и недостасува што нема другари за контакт, нигде не кажува дека и таа другарува, се дружи со другарката на сопругот.
Ако тргне секој на своја страна со другарување, по некое време може да се создаде здрава подлога за развод. Навидум е лесно ама е прилично тешка обврска бракот со сите салтанати.


Јас пишував повеќе општо, не конкретно за девојката која ја отвори темата. Ако ни објасни што точно и смета, тогаш ќе пишуваме.

И пак општо - нема ништо лошо во тоа да имаш другари кои нема да бидат заеднички со партнерот. Некои луѓе едноставно не си одговараат за дружба.
 

kjara

Самовилата
Член од
1 март 2007
Мислења
666
Поени од реакции
1.424
Мажот да сакал да биде со другарката/пријателката до сега 100 пати ќе бил.
На жената ќе и рече: „Слушај жено ОК си али ја не чинам, не си го губи времето со мене.“ Ќе си се разведе пошто боље добар развод него лош брак.
Ама чим се уште во брак ја не гледам причина за љубомора ниту за паника. Све мислам дека паничнава љубомора е некој вид на прикриен страв и немоќ за да се контролира партнерот, што до сега изгледа добро одело од женската страна.
Има пријателство помеѓу машко и женско и тоа пријателство е подобро отколку измеѓу женско и женско.
Со други зборови ако требало да се деси нешто помеѓу нив, пошто се знаат одамна ќе се десело уште пред мажов и обична и секси да се запознаат.
А, некој ако сака да вара ако сакаш ти закључи го дома и врзи го со ланец и стави му чипче на вратот тој ќе најде начин и ќе те вара.
Едит: сум имала многу другари и уште контактираме и се дешавало ја на нив да им местам женски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom