Другарка на сопругот

Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
иако ни во овој случај не повикувам на линч, за мене е исто. Во брак дружењето и друштвото се тие, истите, заеднички. Едино исклучително ако сопругата посака прошетка по продавници со пријателките или сопругот на рекреација, кладилница, што и да е за машко друштво. Ама овој случај не гледам дека е таков.
за кого како, но крајот за мене е смртта, ништо друго.
тој другар би му бил другар и на сопругот, макар само пријател. Во дадениот пример пак ќе повторам, не е така. Да не завлегувам во други теми поврзани со оваа и зачувување на бракот...ова со темава не е ретка појава на сомнежи или грижи, основани или не. Постои и те како. Се надевам дотичната обична и секси ќе си најде решение и се ќе е в ред.
Потпуно се сложувам....тешко е да се живее во сомнеж,и по мене тука треба да се игра со отворени карти...се на време,да не дојде до крах на нешто навидум небитна работа, а сепак битна.На крај крајева не се живее цел живот така и да се продлабочува нетрпението и сомнежот.....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Зошто све мора да е заедничко? Дури и пријателите? Бракот не значи трансформација од двајца луѓе во еден хермафродит, па све да биде заедничко. Имам многу машки другари, ко браќа ми се и никогаш за ништо не би се откажала од нив, исто ко што очекувам идниот ми партнер да има другарки и да се дружи со нив. Колку ме нервира тоа све морало да биде заедничко, индивидуалност во брак никако.
Никој не спомена дека не треба да постои индивидуалност, но покрај индивидуалност постои и заедништво во еден брак. Да одржиш баланс меѓу двете е оптимално, но ретко кој го може тоа. Со годините, заедништвото е се позасилено, за сметка на индивидуалноста. Затоа секое другарство бившо или сегашно, од повеќе причини споменати низ цела тема, треба да се што повеќе заеднички, барем јас така практикувам. Инаку за други ако сакаат секоја вечер нека излегуваат тој со другарки, таа со другари...мене не ми пречи се додека се работи за туѓ брак.
Поголем број такви излегувања, на одредени негодувања на сопружникот, со тек на годините, од причини кажани претходно не мора, но може да доведат до други непотребни компликации. Ако ми кажеш дека познаваш поголем број среќни брачни парови кои минале најмалку 15-20 години брак со веќе возрасни деца на овој начин (со недругарување на едниот од сопружниците), секоја чест за нив. Јас, освен еден пар не познавам такви ни на работа ни меѓу пријателите. Треба да гледаш...години, хормони, замор, проблеми, простор, грижи...илјада чинители се во прашање.
На страна таа индивидуалност, неприфаќањето носи и други дилеми...дали да ја откачам другарката фор гоод или да не влегувам во брак со мојата љубов.
Кому би му дале предност во таков случај -на другар или на сегашен или иден сопруг?

Што се однесува до овој пример
И во примерот сакав да кажам дека другарката тебе ти се искажува, не ти неа. А нејзините тајни нема што да ѝ ги издаваш на сопругата.
Зошто другарката моја не би ја прифатила мојата сопруга како пријателка и човек од доверба? Ако го мисли тоа за мојата сопруга, тоа е за мене навреда.
што е тоа толку тајно што сопругата не смее да го знае. Нејзини проблеми во нејзиниот брак (како што вели примерот)...тие се нејзини проблеми, сето тоа е мешање во туѓ брак.
Потпуно се сложувам....тешко е да се живее во сомнеж,и по мене тука треба да се игра со отворени карти...се на време,да не дојде до крах на нешто навидум небитна работа, а сепак битна.На крај крајева не се живее цел живот така и да се продлабочува нетрпението и сомнежот.....
нормално, дали ќе ја прифати или не, за тоа отворен нормален разговор уште пред почеток на бракот.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Кого прв би поставиле во таков случај -другар или сопруг?

Зошто мора да бирам? Не е тоа малку претерано? Не е нерално да се очекува дека мојот партнер мора да има муабет со сите мои другарки и другари и обратно? Крај краева, мои си се, јас сум си ги одбрала затоа што мене ми одговараат - и друштвото и партнерот. Убаво е, како што кажа претходно - да се направи баланс, али ако не успева дружбата помеѓу нив, зошто да се форсира или па да се бира меѓу двете?

Од почит спрема партнерот, ќе излезеш со тие луѓе кои не ти се баш по кеиф, ќе бидеш пристоен и културен спрема нив и толку. Не мора цело негово друштво да биде автоматски и мое друштво и обратно. Али, мора да се почитуваат тие врски. Со забрани и форсирање ништо не се постигнува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Зошто мора да бирам? .
Затоа што последните муабети беа ептен хипотетички случаи. Од тајни за туѓ брак, преку индивидуалност...ако збориме за повеќето примери од реалниот живот не е така. Или стануваат заеднички пријатели или воглавно со тек на време целосно се губи комуникација. Да потсетам, збориме за другарување со лица од спротивен пол, за кои може, може и да не се согласи сопружникот (или вереникот) понатаму да другаруваат ниту заедно ниту посебно. Што во тој случај -ќе го прекинете другарувањето пред или во брак или ќе ја прекинете врската пред брак (ако зборите за тоа пред брак) или во брак. Прашувам конкретно.
Не мора цело негово друштво да биде автоматски и мое друштво и обратно.
ова во случај кога си девојка со момче или тазе мажена. Прашав колкав број се успешни бракови со ваков однос кому кај и кога ќе му текне да излезе по најмалку 15-20 години брак и сите салтанати со него. Вака може само да пишуваме до бескрај
Со забрани и форсирање ништо не се постигнува.
никој не спомна забрани и форсирања, но во бракот постои начин на однесување, заради успешност на самиот брак. Ако е се дозволено во бракот, ок....Е или не е?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Затоа што последните муабети беа ептен хипотетички случаи. Од тајни за туѓ брак, преку индивидуалност...ако збориме за повеќето примери од реалниот живот не е така. Или стануваат заеднички пријатели или воглавно со тек на време целосно се губи комуникација. Да потсетам, збориме за другарување со лица од спротивен пол, за кои може, може и да не се согласи сопружникот (или вереникот) понатаму да другаруваат ниту заедно ниту посебно. Што во тој случај -ќе го прекинете другарувањето пред или во брак или ќе ја прекинете врската пред брак (ако зборите за тоа пред брак) или во брак. Прашувам конкретно.
ова во случај кога си девојка со момче или тазе мажена. Прашав колкав број се успешни бракови со ваков однос кому кај и кога ќе му текне да излезе по најмалку 15-20 години брак и сите салтанати со него.


Ова е тоа што ме мачи во ситуацијата. Зошто партнерот не се сложува? Ако има некакви информации за моите другари во смисла на тоа дека се, рецимо, педофили, сериски убици, силувачи, трговци со бело робје и сл - ок. Ако тоа е негов личен хир во смисла на „нема да се дружиш со нив пошто јас така сакам“ тогаш во прашање е игра на моќ и воспоставување на контрола. Тоа нема да го дозволам. Од било која страна и да доаѓа. Оној кој ќе се обиде да ме стави во ситуација да бирам помеѓу дечко ми или другарките - ќе биде тој кој нема да биде одбран. Партерот ми е партнер поради тоа што го сакам и сакам да бидам со него, другарите ми се другари од истите причини, само без романтичната конотација. И едниот и другите немаат право да ме ставаат во незгодна ситуација која отфрла една страна, само заради тоа што така им кефнало.
 
A

AnFem

Гостин
Прашувам конкретно.
ова во случај кога си девојка со момче или тазе мажена. Прашав колкав број се успешни бракови со ваков однос кому кај и кога ќе му текне да излезе по најмалку 15-20 години брак и сите салтанати со него.
Кај многу просечни семејства е така. Мажот дреме со другари по кафани, кладилници... Жената озборува со комшиките на кафе...

А јас прашувам што ако некој од сопружниците е бисексуалец? Не смее да има воопшто другари?

На времето имав една професорка, жена во години, со маж, деца итн. Во една прилика, онака родителски, нѐ советуваше да не дозволуваме љубоморни сцени и недоверба. Рече дека ако некогаш ѝ се случи да се види со некој пријател или другар од порано, ќе си седне некаде на кафе со него и нема да има никаков проблем.

Никој овде не зборува за секојдневно, посебно излегување со пријатели. Тоа и мене не би ми било ок и не би го толерирала. Но мислам дека ако излезеш сам со друштво два-три пати во месецот, е пожелно и здраво за бракот. Чисто да си ја излуфтираш главата и да дозволиш да ти недостига партнерот.

(Забегав во друг тема, знам :) )
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Хмм. Од една сложена реченица до цел реферат. Klinton јас имам маж, задоволен или незадоволен не е таа темата. Дали е во ред беше темата. А некои кои имаат толку слобода обично си дозволуваат премногу слобода.
тебе целиот проблем ти потекнува од оваа реченица и ваквото размислување. Во мојот „реферат“ јас сакав да ти објаснам дека маж ти може да те изневери без било какви другарки и контроли од тв емисии. Доволно е на работа да отидеш ти а он да е настинат, или обратно. Да изневериш е премногу едноставно, да се решиш да го направиш тоа кога имаш што да изгубиш не е.
Дали маж ти е задоволен од тебе или не игра најголема улога во тоа дали те изневерува или не.
Он може да има 100 другарки а да се работи со сестра ти или комшика ти или другарка ти во која имаш доверба, не му требаат другарките за тоа него, може да брцне нешто и без другарки.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 17:57 ---
А јас прашувам што ако некој од сопружниците е бисексуалец? Не смее да има воопшто другари?

(Забегав во друг тема, знам :) )
Анарко немој тој муабет за право на избор за сексуалност ме убиваш со него, тоа може на запад да го има кај нас не, барем не во наредните 150 години ако опстоиме

офтопик ај ма на кафе од кога те немам видено
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Баш заради поранешното значење на зборот љубомора и моите олд скул ставови за истото, пред некое време се најдов во жустра караница со другарка. Крајниот резултат беше дека ја не го почитувам дечко и и како не ми е срам. Ден денес уште не ми прави муабет.

Ова ми е засебен феномен - луѓе кои не ја подгреваат љубомората, ама и те како уживаат во неа, погрешно толкувајќи ја за љубов, грижа, посветеност. Замисли ти он колку те сака ако е љубоморен кога татко ти ти помага да го облечеш капутот? Или, колку е грижлив кога опсесивно се интресира дали во кафичот кај што си била искочена со другарка работел конобар или конобарка? Тоа е таа љубов! И уште мал милион вакви примери...

Не знам како стигнавме до стадиум каде љубомора може да биде пожелна. Кај пожелна, па таму и показател за цврстината на врската. Не ни сакам да знам, глупаво е.

А за оние кои не успеваат да го најдат балансот, кои потклекнуваат пред растроени mind games и слични заврзлами...јбг, така и им треба. ;)


Зошто постои израз "болно љубоморен"?:cool:
Постојат многу начини да се покаже болеста и ниту еден не е убав пример. Јас се прашувам, како луѓево воопшто завршуваат со вакви партнери-па мудрувам дека, всушност, се работи за надополнување-оние што трпат ваков однос и самите имаат некаков психолошки проблем, што го решаваат (барем така мислат) со вметнување на љубоморна личност во животот. Едни со други, како типови на личност, си се потребни.

Како и да е, кога се збори за избор меѓу пријателите и партнерот, секако, сметам дека никој не смее да биде ставен во ситуација да бира. Пријателите (оние од детството и новостекнатите) се дел од личноста, од нас. Дел од нас станува и оној што сме го избрале за привремен ;) или постојан партнер. Така да, лично сметам дека ваков избор е невозможен.

Оноа што не можам да сфатам (и прифатам) се, на пример, постојани интензивни излегувања со другари / другарки, мажот и жената секој посебно на своја страна...не можам да сфатам интимизирање со оженет човек (другар, нали)- као ај сеа да си ги споделиме тајните, како во студентските денови-времето поминува, со него се менуваме и ние-па малку чудно е, бар според мене, истите работи да ни бидат забавни цел живот, поготово кога на дневен ред доаѓаат обврски од поинаков тип. Мора да се најде начин за вметнување на партнерот во нашето друштво (и обратно). Инаку нема да има заедница. Барем не за долго.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Класична женска љубомора..

Оваа бремена(здебелена 10-15 кила)..Другарката е гарант витка и не е бремена и се јавува одма сомнеж ''Видиме каква сум овој сигурно ме вара со другарка му ''

Абе среќо,ако му е другарка од памтивек тогаш спиј си мирно пошто ако сакал некад да те вара ќе те варал од кога сте се упознале а не сеа коа сте у брак па и тоа со другаркаму која му била цел живот на дофат.
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Јас ова неможам да го разберам и кај мажите и кај жените. Љубомора посесивна...

Ако сакам нешто да направам, и да ми забранува...ЌЕ ГО НАПРАВАМ.
Значи ако сум го намислила, нема жива сила да ме спречи. Има милион начини на кои може да се изведат ваквите работи.

Ако ти му забраниш, да не контактира со неа...не значи дека си се спасила од една беља. Дека нема да направи нешто со неа или било која друга.
Само можеш да добиеш контра ефект (во смисол да ги зближиш повеќе, или контактот да си го одржуваат тајно без да знаеш) и плус ќе си добиеш караница дома. Нарушување на мирот и благосостојбата...за глупости.

Биди малку поопуштена. Тоа што сте во брак нека не те врзува ниту тебе, ниту него да немате машко-женски пријателства.
Љубомората е лоша. После волку мислења сигурно сфаќаш што е правилно.
И дружи се повеќе и ти. Имај и машки и женски пријателства...да видиш дека нема ништо страшно ако знаеш до каде ти е границата.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
љубомората во сите нејзини форми и варијации е БОЛЕСТ.
нема оправдување за неа.
ако е будала нека се замара и излудува до бесвест дали сум се поздравил со оваа, дали сум испил кафе/сок/алкохол со онаа, но нејзе по нос ќе ја мавне. исто и обратно, ако јас се замарам со кого била на пауза, кој ја довезол до дома, ќе треба да идам да се лечам и тоа под Хитно.
секогаш треба да се тргне од себе, дали ти би сакал некој/неккоја да се однесува со тебе на тој начин. просто и едноставно. замисли се дека за време на пауза имаш колега (некој од спротивен пл) со кој/која ти иде муабетот. и? и сега дали би сакал партнерот да ти забранува или контролира кај си и со кого си? нормално дека одговорот е НЕ. така да секогаш прашајте се прво себе си дали го сакате истиот третман и према себе, и тогаш ќе знете како понатаму.
не е важно дали се нови или стари пријатели, социјални битија сме и дружењето е неопходност. а новите пријатели/другари само не збогатуваат.
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
245
Поени од реакции
250
А извини вака што ќе те прашам, зошто си се мажела ако се сомневаш во него...? И самата кажа дека тоа е старо пријателство, значи можеби е постаро и од вашето познанство. Си имала барем доволно време да размислиш/увидиш како се однесуваат тие двајца.
Прочитав дека не се дружиш со никој (дека несакаш по твоите постови), претпоставувам дека не работиш никаде, нели во блажена состојба си, и целото време го поминуваш дома. За разлика од тоа, маж ти сигурно работи негде за да ја издржува фамилијата, сигурно повеќето време после работа го посветува на тебе... и зошто по ѓаволите сега ќе му забрануваш да се гледа со другарите/другарките? Си размислила некогаш да се зближиш со таа фамозна пријателка, прво да ја запознаеш па потоа да ја оцениш што личност е...? Безвезе се муабетиве...
--- надополнето: 5 септември 2013 во 05:45 ---


Ќе имаше сеирџиски мислења, нормално ќе имаше мислења од типот на "женати е курва" ама вооглавно немаше да бидат сватени сериозно. Премногу драматизирате со ова, ако жена ми има другар, се разбира дека ќе се спријателам со него, ќе видам што човек е, нема да избрзувам на форум да отварам теми да почнам да се жалам. Сигурно нема да и ги расипувам пријателствата заради мене, и да ја држам како роб во сопствената (заедничката) куќа. А ако видам или пак слушнам од некого дека ме вара, тогаш јас знам како ќе постапам со нејзе. Ако еднаш ме изневерила, сигурно истото ќе го повтори одново и одново (истиот случај е и со машките). Колку и да ќе ми биде мила, ако видам дека ме вара ќе има да ја донесам до питјачки стап, ич око нема да ми трепне.
Значи сепак ке сакаш и ти тука во тоа пријателство да се уклучиш како нејзин сопруг .....
--- надополнето: 5 септември 2013 во 18:54 ---
И според таа логика, бисексуалците не смеат да имаат другари после брак.
AnFem ,затоа тие претежно имаат женски пријатели ..еве од познати светски фаци види примери ,..еве Хајди Клум изјави дека најдобар пријател и бил геј со кој единствено можела да ги сподели своите тајни ,принцезата Дијана имаше изјавено дека најдобар пријател и е Елтон Џон,исто еднаш Елтон Џон изјави дека избегавал машки пријатели поради што бил многу љубоморен неговиот сега мислам веке брачен сопатник .....
--- надополнето: 5 септември 2013 во 19:06 ---
Кога веке ја спомнав принцезата Дијана нешто во врска со насовот на темата ,се сетив на едно нејзино интервју каде расказуваше дека исто ја убедевале дека нетреба да и смета и да му приговара тоа што нејзиниот сопруг Чарлс и неговата пријателка од детството Камила си се слушаат по телефон и си се дружат тоа било нормално тие си биле пријатели уште од детство ,нели ако ја сакал повеке од пријателака ке се оженел со неа а не со Дијана итн.......но ете времето си покажа се ....
--- надополнето: 5 септември 2013 во 19:15 ---
Светот не е црно- бел. Се е од случај до случај но ајде да се обидеме да извлечеме некој НЗС. Љубомората е неизбежна но не треба да се претера и да забега работата во посесивност. Нормално, исправно е пријателствата и другарствата да си продолжат, негуваат и по влегувањето во брак или сериозна врска. Прекинување на другарство или пријателство заради љуибомора од партнерот е смешна, несериозна, детска работа и ако се забега во таков правец нема да помине многу време парот ке се изолира од целата средина а откако ке нема реални луѓе околу кои ке се кршат копјата и љубомората тогаш ке почне една бескрајна Донкихотска борба со сеништа, околу измислени луѓе, уобразени швалерки и швалери, копање очи околу телефони и компјутери..... и на крајот ке се помират со пеколот во кој ке живеат или ке се разведат.
Затоа треба да има обострано разбирање помеѓу партнерите со респект кон другарствата и пријателствата од минатото но и оние кои се стекнуваат во сегашноста.
Е сега да не се лажеме дека содржината и начинот на дружење во машко-женските другарства и пријателства ќе останат исти како што биле кога двајцата другари биле слободни. Нормално е во машко-женски другарства по влегување во барк или сериозна врска на еден или двајцата од другарите да настанат некои промени и тоа е исправно и тука нема лутење. Ако пред да се женам или влезам во сериона врска кај некои другарки сум можел и без причина да отидам во било кое време од денот или ноќта и да преспијам кај неа без проблем, да отидам со другарка на летување или друга прошетка без проблем, да излезам на вечера без проблем, да ми се јави или јавам без некоја причина во било кое време од ноќта, да ми купи ли купам убав подарок без повод и многу, многу други работи................ сега кога сум во брак за ваков начин на дружење можам да сонувам, не оди така работата, таквите содржини ги нема, се случија промени и тоа е исправно. Неможе бе жена ми и мажот на моја другарка да речат бравос, слободно одете вие двајца 10 дена у грција а ние ке ве почекаме, поминете си убаво вие сте стари другари! Или на некој другар на жена ми иму текнало па дошол на муабет кај другарката и си останал до сабајле оти да не биде сама! Не оди така. Некои работи што кога сме биле слободни ни биле најнормални сега е најнормално да претрпат некои промени. Пријателставата и другарствата и натаму ке се негуваат но со должна почит кон чувствата на партнерот....
Многу јасно објаснето за различните пријателства кои постојат кај секој а со тоа и различниот однос кон нив ,а тука постојано свесно или несвесно се бегаше од насловот на темата ставајки ги упорно сите пријателства на исто место ,што е далеку од вистината
 

Kajgana Shop

На врв Bottom