Практиката VS Поповите

Член од
10 ноември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
3
Значи претходната тема што ја споделив беше " Искреноста VS Пр.Црква "

Сега сакам и за оваа тема да оставам разјаснување

Значи јас верувам во Бог така како што пишува во Библијата и не правам поделби али ова со православието ми е преногу чудно ..

Сакам да прашам можеби постои одговор

Во Библијата пишува ОДЕТЕ И ПРАВЕТЕ МОЈ УЧЕНИЦИ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ
Е Сега мене тоа што ме буни е што јас НИКАД во живот не сум видеч Поп на улица,на пазар на плоштад да оди да дели Библии , флаери да оди по врати да збори за ПОКАЈАНИЕ да зборва дека наближува Божјото Царство и доаѓа Исус .. а другиве цркви дури и да се секти прават многу повеќе работи од Пр.Црква што ги пишува во Библијата ... би сакал одговор кој има може јасум грешка .

Bless.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ниту ти ниту поповите прават така како што е заповедано во библијата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи претходната тема што ја споделив беше " Искреноста VS Пр.Црква "

Сега сакам и за оваа тема да оставам разјаснување

Значи јас верувам во Бог така како што пишува во Библијата и не правам поделби али ова со православието ми е преногу чудно ..

Сакам да прашам можеби постои одговор

Во Библијата пишува ОДЕТЕ И ПРАВЕТЕ МОЈ УЧЕНИЦИ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ
Е Сега мене тоа што ме буни е што јас НИКАД во живот не сум видеч Поп на улица,на пазар на плоштад да оди да дели Библии , флаери да оди по врати да збори за ПОКАЈАНИЕ да зборва дека наближува Божјото Царство и доаѓа Исус .. а другиве цркви дури и да се секти прават многу повеќе работи од Пр.Црква што ги пишува во Библијата ... би сакал одговор кој има може јасум грешка .

Bless.
Воа е типично погрешен заклучок од поединците, кои сеуште не се воцкровени. Оваа финта, со одењето и проповедањето, вешто и често ја користат заедниците кои себе со се нарекуваат христијански, па самите поединци од тие заедници одат по домови и по улици, досадуваат и велат дека демек Христос ги пратил! Како да не...

Една работа требда да биде јасна: Христос им заповеда само на своите Апостоли да одат, да ги научат сите народ и да ги кршеваат во името од Троединиот Бог. Значи, таа заповед им е дадена само на Апостолите, а не секому! Но, преку Апостолското преемство, целото црковно свештенство има власт да поучува и да крштева. Тркни до твојот најблизок парохиски православен храм, биди присутен на литургија или на крштевка, и самиот ќе се убедиш дека навистна свештенството пoучува и крштева, а не било кој, кој е пристутен на литuргијата или на крштевката.

Покајанието пак, е непосреден контакт меѓу Христа, духовникот/исповедникот и верникот. Само свештеникот исповеда и отпушта гревови, а тоа се прави при практикувањето на Светата Тајна исповед.

Така, нема да видиш поп кој по улица проповеда, крштева, поучува, препорачува...Тоа се чини само во рамките од Црквата и во црковните храмови.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45

Да, ти си грешка. Грешка те поучиле.
 
Г

Господ

Гостин
А зошто поповите шетаат по куќи пред велигден?
 
P

PoisonLady

Прво сакам да те прашам за првиот болд-зошто сметаш дека луѓето кои себеси се нарекуваат христијани пратени од Бог да проповедаат од човек на човек за Бог,всушност прават некоја глупост?
А за вториот пак,немам прочитано нигде во Библијата дека Исус тоа им го заповедал исклучиво на Апостолите и само на нив.Да,тој тоа им го рекол на нив,но никаде не пишува дека тоа важело САМО за нив.Всушност,поголемиот дел од заповедите,Исус им ги рекол на нив но тие важат и за денешните христијани така да ова некако не ми штима баш.
И,стварно,и јас не сум видела поп да им сведочи на луѓето.Можеби ако некој нешто го праша ќе одговори но не го прави тоа самоиницијативно.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Една работа требда да биде јасна: Христос им заповеда само на своите Апостоли да одат, да ги научат сите народ и да ги кршеваат во името од Троединиот Бог. Значи, таа заповед им е дадена само на Апостолите, а не секому!
Дали маченикот Стефан ( види Дела на апостолите, 6 и 7 поглавје) бил апостол? Не, тој бил ѓакон поставен да служи околу делењето храна. Сепак една цело поглавје (7) е посветено на неговото ревносно проповедање на евангелието. Така што оваа твоја теорија не држи вода ;)

Но, преку Апостолското преемство, целото црковно свештенство има власт да поучува и да крштева.
Апостолско преемство и свештеници не постојат во Новиот Завет.

Тркни до твојот најблизок парохиски православен храм, биди присутен на литургија или на крштевка, и самиот ќе се убедиш дека навистна свештенството пoучува и крштева, а не било кој, кој е пристутен на литuргијата или на крштевката.
Неколку пати годишно посетувам православен храм и до сега не сум сретнал "свештеник" како го проповеда евангелието, да ги пресведочува за гревот, да ги води луѓето до покајание, да ги убедува во вистинитоста и божественоста на Исус Христос, да им ја објасни Христовата застапничка жртва за нивните гревови, потребата од лична одлука и сл. Можеби сум бил баксуз и сум налетувал во погрешни храмови и во погрешно време.

Сепак, Христос никогаш не ги поучувал Своите ученици да си изградат удобни велелпни храмови, да се облечат во великодостојнички одора, да обесат златни крстови на нив и да ги чекаат неверните да дојдат кај нив за овие да им проповедаат евангелие. Напротив, Христовата заповед за проповедање на евангелието е секогаш во активна форма: Одете! Одејќи направете ги сите народи Мои ученици! Ве испраќам како јагниња меѓу волцо! Сеач излезе да сее! Итн.

Така, нема да видиш поп кој по улица проповеда, крштева, поучува, препорачува...Тоа се чини само во рамките од Црквата и во црковните храмови.
Прочитај ја предходната дисксуија. Тука само би додал дека до 3 век христијаните немале храмови (освен 1-2 толерирани, од кои едниот бил и срушен), а сепак евангелието се ширело со огромна брзина. Сепак во право си, ниту денес, а ниту во првите векови на христијанството немало попови кои оделе по улица и проповедале евангелие. Тоа го правеле христијаните. Христовите ученици оделе по улици, аеропаги, села, реки, царски дворци, секаде каде што ќе стигнеле го проповедале евангелито на секое создание. Ако беа првите христијани попови, тие ќе си направеа некои удобни црквичиња или можеби некое манастирче, ќе си правеа таму литургии, ќе си бдееа и созерцаваа, и таквото "христијанство" ќе замреше уште во 1 век. Но фала Му на Бог што првите христијани не биле попови, туку верни Христови ученици кои доследно ги извршувале Христовите заповеди.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Isus rekol po delata ke gi poznaete a popovite vikaat ne me gledaj sto pravam tuku so zboram, znaci kontra na Isus koj rekol po delata ke gi poznaete moite sledbenici.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали маченикот Стефан ( види Дела на апостолите, 6 и 7 поглавје) бил апостол? Не, тој бил ѓакон поставен да служи околу делењето храна. Сепак една цело поглавје (7) е посветено на неговото ревносно проповедање на евангелието. Така што оваа твоја теорија не држи вода ;)

Апостолско преемство и свештеници не постојат во Новиот Завет.

Неколку пати годишно посетувам православен храм и до сега не сум сретнал "свештеник" како го проповеда евангелието, да ги пресведочува за гревот, да ги води луѓето до покајание, да ги убедува во вистинитоста и божественоста на Исус Христос, да им ја објасни Христовата застапничка жртва за нивните гревови, потребата од лична одлука и сл. Можеби сум бил баксуз и сум налетувал во погрешни храмови и во погрешно време.

Сепак, Христос никогаш не ги поучувал Своите ученици да си изградат удобни велелпни храмови, да се облечат во великодостојнички одора, да обесат златни крстови на нив и да ги чекаат неверните да дојдат кај нив за овие да им проповедаат евангелие. Напротив, Христовата заповед за проповедање на евангелието е секогаш во активна форма: Одете! Одејќи направете ги сите народи Мои ученици! Ве испраќам како јагниња меѓу волцо! Сеач излезе да сее! Итн.

Прочитај ја предходната дисксуија. Тука само би додал дека до 3 век христијаните немале храмови (освен 1-2 толерирани, од кои едниот бил и срушен), а сепак евангелието се ширело со огромна брзина. Сепак во право си, ниту денес, а ниту во првите векови на христијанството немало попови кои оделе по улица и проповедале евангелие. Тоа го правеле христијаните. Христовите ученици оделе по улици, аеропаги, села, реки, царски дворци, секаде каде што ќе стигнеле го проповедале евангелито на секое создание. Ако беа првите христијани попови, тие ќе си направеа некои удобни црквичиња или можеби некое манастирче, ќе си правеа таму литургии, ќе си бдееа и созерцаваа, и таквото "христијанство" ќе замреше уште во 1 век. Но фала Му на Бог што првите христијани не биле попови, туку верни Христови ученици кои доследно ги извршувале Христовите заповеди.
Затоа повеќе пати имам напишано дека не се гледаат работите со иста ментална оптика ако си и ако не си член во Црквата, во телото Христово....

--- надополнето ---

Прво сакам да те прашам за првиот болд-зошто сметаш дека луѓето кои себеси се нарекуваат христијани пратени од Бог да проповедаат од човек на човек за Бог,всушност прават некоја глупост?
А за вториот пак,немам прочитано нигде во Библијата дека Исус тоа им го заповедал исклучиво на Апостолите и само на нив.Да,тој тоа им го рекол на нив,но никаде не пишува дека тоа важело САМО за нив.Всушност,поголемиот дел од заповедите,Исус им ги рекол на нив но тие важат и за денешните христијани така да ова некако не ми штима баш.
И,стварно,и јас не сум видела поп да им сведочи на луѓето.Можеби ако некој нешто го праша ќе одговори но не го прави тоа самоиницијативно.
1. Не, тие што шетаат не прават глупост, туку прават грешка. Но, и нивната грешка може да се изврти на добро, па некој поединец, кој не е упатен во рисјанската вера, може да дознае за верата и за Црквата токму од овие самоповикани, кои наоколу досадуваат.
2. Да, Христос само на Апостолите им заповеда да одат по тогаш познатиот Свет, да ги научат сите народи и да ги крштеват во името од Троединиот Бог. Види во Матеј, 28.19.
3. Кои се тие „денешни„ христијани? Ако тие христијани зад себе ја немаат Црквата и нејзиното 2 000 годишно колективно сеќавање и континуитет, тогаш мора да се некои самоповикани и самонаречени христијани.
4. А како, според тебе, попот треба да сведочи? Да застане на плоштад на постамент и да чита стихови од Писмото? Веќе напишав дека свештенството проповеда во храмовите, на литургиската пропоповед, или во разговорите меѓу свештениците и верниците. Секако дека попот не прави нешто самоиницијативно, туку ако некој му се обрати. Ако попот чини нешто по својот ум, ако проповеда а притоа никој не го прашал или никој не му се обратил, тогаш попот ќе наликува на овите кои одат по улици, делат списанија, се надмудруваат со минувачи (имам лично искуство со тоа...), чукаат на врата и ти велат дека Исус ќе дојде пак...

Еве, лично и персонално, не разговарам за мојата вера со мои соговорници, кои не покажале интерес за верата, а притоа ја знаат мојата верска определба. Ако јас им ја наметнам верата како тема за муабет, со тоа, ќе станам одбоен за нив, оти ми е повеќе од јасно дека за атеистите, поинтересно е да мудруваат за најновите компјутери, автмобили и „мобиљки„, но не и да богомудруваат. Напросто, кој не верува, не сака да богомудрува. Така е и со поповите и со нивното навидум пасивно однесување.

--- надополнето ---

А зошто поповите шетаат по куќи пред велигден?
За благословување и осветување вода.
 
P

PoisonLady

Гостин
Еве, лично и персонално, не разговарам за мојата вера со мои соговорници, кои не покажале интерес за верата, а притоа ја знаат мојата верска определба. Ако јас им ја наметнам верата како тема за муабет, со тоа, ќе станам одбоен за нив, оти ми е повеќе од јасно дека за атеистите, поинтересно е да мудруваат за најновите компјутери, автмобили и „мобиљки„, но не и да богомудруваат. Напросто, кој не верува, не сака да богомудрува. Така е и со поповите и со нивното навидум пасивно однесување.
Во право си за тоа дека ќе им станеш одбоен,меѓутоа одете по светот и правете мои ученици е всушност наредба,заповед која не те исклучува ни тебе ни мене ни секој кој себеси се нарекува христијанин.Најпосле,и самиот Исус Христос им бил одбоен на тогашните луѓе кога им проповедал покајание и простување за гревовите но тој тоа упорно го правел.Тој им ја наметнувал темата и покрај нивното осудување,зарем не?Затоа што сепак,секој треба да дознае за Исус а не само некои "привилигирани".Како некој би се покајал и би поверувал ако никогаш не слушне нешто за тоа од тебе или некој друг?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Она кое свештенството во Црквата го одредува, благословува и заповеда до верните (на што сум очевидец), е тоа дека верните се должни да сведочат за својот Бог и за својата вера, на сите можни начини: со збор, без збор, со дело....Но, сведочењето за верата не е исто што и проповедање на верата. Таа должност ја има свештенството, кое има црковна власт да служи богослужби, да поучува, да практикува Свети Тајни и сл.

Несомнено е дека Христос проповедаше јавно, но Неговата улога беше токму таа, да поучува и да повикува на покајание, оти Он тоа од Отецот го имаше добиено како мисија во овој Свет. Ради тоа проповедање, Он и беше намразен, па затоа Он и не предупреди дека ќе бидеме намразени од сите, ради Неговото име.

Начинот на кој другите (оние кои сеуште не поверувале) можат да се запознаат со Христовата наука, е повеќестран и различен, оти чудни се патиштата Божји за тоа како и кога некој ќе поверува. Во раната Црква, тоа запознавање го чинеа Апостолите, со оформувањето нови Цркви, а во денешно време, просто е неверојатно дека некој не слушнал за Исуса од Назарет или за Библијата, а друго е прашањето колку луѓето се заинтересирани за Неговото учење.

Мојот интерес за Бог и за Божјата наука, се пројави под влијание од мој професор, кој ни оддалеку не е свештеник. Така, јасно е дека и верните можат да имаат влијание врз својата околина, сведочејќи пред другите за својот Бог и вера.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Да не заборавиме дека Исус Христос исто рекол и: „Никој не доаѓа при мене,ако Мојот Отец не го привлече...“ (Јован 6,44), така да „одењето и правењето ученици“ нема сила ако личноста го нема тој призив од Отецот. Патем речено, дури и со часови некому да му проповедаш доколку Бог не „му го отвори срцето„ како на македонката Лидија кога проповедал апостол Павле (Дела Ап.16,14), ништо нема да разбере и „семето нема да падне на добра земја“.
 
Во тој случај,испаѓа дека немаме слободна волја затоа што Бог-таткото фактички си ги бира верниците.Да,на многу места во Библијата е нагласена слободната волја но и избирањето од страна на Бог (она што ти го пиша) но тогаш ова е контадикторност.
Значи,како некој да поверува и да се покае за гревовите ако не му е дадено од Бог? И зошто тогаш Исус заповедал да се проповеда Евангелието?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Во тој случај,испаѓа дека немаме слободна волја затоа што Бог-таткото фактички си ги бира верниците.Да,на многу места во Библијата е нагласена слободната волја но и избирањето од страна на Бог (она што ти го пиша) но тогаш ова е контадикторност.
Значи,како некој да поверува и да се покае за гревовите ако не му е дадено од Бог? И зошто тогаш Исус заповедал да се проповеда Евангелието?
И тие цитати се извадени од Библијата и тие во никој случај не ја оспоруваат слободната волја за прифаќање или не прифаќање на призивот. Едноставно, секој добива шанса/и за вечноста , но дали ќе ја прифати или не, тоа е негова лична одлука. Но, на некој на кој не му се „отворени ушите и очите на срцето“ бадијала му збруваш. Да се потесетиме на параболата за сејачот (Лука 8,5-15)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom