Приквечер ќе одам до кај брат ми (сега до град е отиден) да го прашам за се конкретно, лекар-онколог, препарати, цитостатици, дополнителна терапија (Варумин, прочитај на
http://www.varumin.com.mk/index_mk.html), се што користеше досега. Ќе ја замолам снаа ми и ако сакаш со неа директно да се слушнеш на телефон и да се информираш. Меѓу другото треба да побарам една скрипта од која вадевме рецепти за чаеви за разни случаи.
Цвеклото го користеше за јачање на крвта-организмот независно од млечот, варуминот е додатна терапија со цитостатиците, знам дека сега користи матичен млеч (тешко се наоѓа свеж), но колку и како штом се информирам вечер ќе јавам, користеше и други чаеви и препарати. А за дополнително снаа ми понуди и телефон да ми даде од едно лице ... тоа може и на пп да ти пуштам. Се што можам, се што знаеме ќе напишам. Знам дека цитостатик примаше доста скап (1500 евра беше 1-месечна доза, дали авастин се викаше не ме држи за збор), но делуваше фала Богу. Битно е и со онкологот да се разговара за целосна терапија (и цитостатик и другите препарати што ги спомнав), и најважно надеж уопште не смее да се губи, секогаш и кога е најтешко нека има најголема позитивност, посебно со болниот.
Е сега ми текна, користи и НОНИ, полинезиско, тоа е билка од која се прави како чај нешто. До вечер се ќе постирам.
Мисирков, прашав па накратко да изложам. Можеби веќе нешто од ова веќе го знаете.
За лекари не можеа да кажат пошто он беше на абдомен, а сигурно момчето е за торакална на плуќа.
Секако ќе му одредат терапија. Брат ми земаше авастин, а потоа и еден друг цитостатик, но видот и дозата зависат од лекарскиот тим и тежината на пациентот (колкава доза ќе прима). Ова е работа на лекарите.
За дополнителни средства лекарите тешко се одлучуваат да кажат, ретко кој од нив ќе признае дополнителна терапија освен витамини.
Овие подолу повеќето се за јакнење на имунитет, а некои имаат и комплексно дејство.
Еве линк на кој може дури да се постави и прашање со дијагноза и да се консултира датабазата за болести и лекови
http://www.medicina.hr/index/index.asphttp://www.plivazdravlje.hr/?section=home
Варумин спомнав има во Варуфарм (горе е линкот до сајтот, може да се проќитаат ефектите), под државна болница, по улицата кај што се наоѓа Зираат банка. Ми рекоа дека се зема или нони или варумин (има слични состојки), но другите пациенти со кои комуницирале а и брат ми се одлучиле за Варумин како поефикасен, според искуствата негови а и на други.
Матичен млеч реков тешко се наоѓа, па ако не најдат, брат ми рече понеделник ќе земе телефон за контакт со лице што продава млеч. Многу мала количина се зема дневно (еден допир-капка под јазик дневно), доволно за цел ден. Не е ниту скапо, можеби до 300-400 денари за 1-2 грама (кои траат долго време).
Цвекло земаше по 1-2 чаши на ден, заедно со ц-витамин во доза која е дневно оптимална (колку најмногу е дневно дозволено има на некои сајтови, точно не сум упатен но преголема количина ќе измокри, премала нема ефект, може и во аптека да прашате). Има едни ц-витамин капсули од шипка, поскапи, но наводно поквалитетни.
Од чаеви користеше невен, коприва, коњско опавќе, ајдучка трева.
За дневна доза, комбинација, интеракција меѓу чаевите и нуспојави користи еден прирачник "Лековити растенија" од Херба Стојанови тел. 031/426 330 и 432-196. Можда го има во продавниците кај нас. Ваљда ова не е реклама, да не ме сфатите погрешно, при ваков вид на дискусија реклама за мене нема. Во прирачникот има и која тревка за кој вид болест се користи. Обавезно да се чита нуспојава, пошто некои чаеви, макар и најбезазлени предизвикуваат повисок притисок ако се пијат подолго време или поголема количина. Си има дозирање и примена за тревките.
Користеше и Q10 (коензим Ку10) и мачкина шепа, а сето тоа е потребно и за здрав човек затоа што се бори против слободни радикали и го јакне организмот.
И за крај, третирање со космичка енергија, отворање на чакри...
За последново бев голем скептик додека не го применија на брат ми. Не се плаќа ниту денар, а се влијае на некој начин, за нас непознат. Ако сакаш можам и тоа во понеделник да го прашам брат ми. Но за ова е едно битно-мора пациентот да сака и да верува инаку целосен ефект нема. Сега братов има нешто од тоа поднаучено, до некое ниво и самиот си применува до одреден степен. Ако сакате, а не кошта ништо, тука сум за контакт.
Всушност за секој од овие препарати пациентот мора самиот да се убеди да верува во делотворноста. Тоа важи и за цитостатиците и за дополнителната терапија.
Но само на дополнителна терапија без хемо или друга терапија (зрачење ли ќе е не знам) препишана од лекар не смее да се остави. Лекувањето мора да биде комплексно и комплетно. А за тоа е потребно јака воља да издржи. И потребно е никој околу него да не покаже знаци на паника и страв, колку и да е невозможно.
Инаку со ваква комбинација брат ми еве заврши со хемотерапија, а му беше откриено пред 3-4 години.
Толку за сега. Штом добијам информација за матичниот млеч (може да просурфаш да провериш делотворноста на секој од овие состојки), ќе те информирам. Можеби не бев од голема помош, но ако се соберат и исфилтрираат информации од неколку вакви случаи, ќе биде полесно да се помогне на другар ти.
Поздрав
П.С. не замерајте што постирам линкови од други форуми. Може Мисирков да ги преземе, па избришете ги, но се однесуваат на матичниот млеч. Ќе најдете апчиња за млеч, но најделотворен е во свежа состојба:
Код:
[/URL][URL]http://www.plivazdravlje.hr/?section=home[/URL]
[URL]http://www.forum.taratur.com/index.php?topic=1442.0[/URL]
[URL]http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2298&stID=25049[/URL]