- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.584
Сочувство од мене за другарот!Сочуство за татко ти Мисирков, мене најдобриот другар ми замина пред 1 недела токму од леукемија. 2 години во Скопје го маткаа на Клиникава од Фондот не сакаа пари за лекување во странство да одобрат и од кога увидоа дека детево тука ќе им умре, си побараа огромно мито и го пратија во Израел на лекување.
Израелските доктори се чуделе како е можно 2 години таков тежок случај да го држат во Скопје без трансплатација и со такви методи, констатирале дека 1 месец порано да стигнеле ќе му го спаселе животот.
Поучен од овој случај, мој совет ти е другар ти да си спреми добри врски и мито за Комисијата лекари што одобрува средства од Фонд за здравство и да си замине во странство на лекување.Затоа што моментално за вакви тешки болести, македонското здравство уште не е подготвено.
Опака е чумава, почнува да ми станува опсесија, најблиските ги губам од рак. Само што се зачленив во “Алијансата против ракот’’, а сега сакам и во неколку други меѓународни организации, подоцна ќе донирам средства колку што можам за било каков докажан напредок.
Ѕвер: конкретно дали можеш да најдеш било какви контакт и други информации за Клиниката во Израел па да ги постираме тука за секој да има увид?
Од што ми е мака, ќе те прашав за какво мито се работи, кој одлучува, колку време зема некој да одлучи, ама да не разводнувам...........
Поздрав,