Барам информации за лечење од рак на бели дробови

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Мој ептен близок другар -- инаку страсен пушач -- беше дијагностициран со рак на плуќа пред некој ден, и со назнака дека е “неоперабилен’’. Претпоставувам тоа значи метастази на ракот надвор од плуќните крила во други делови на телото.

Барам било каква информација за условите за лечење од рак на плуќа во Македонија.

Кои се најискусните лекари, дали има софистицирани апарати за детекција/скенови и следење на прогресот на ракот (онколошки и радиолошки), дали има цитостатици и дали се со потребниот квалитет (ако не, каде можат да се набават и како?), како и каде се дава радијација, се користат ли алтернативни методи, колку трае и колку чини целиот третман, која е стапката на смртност, итн.

Речено ми е дека ракот на плуќа усмртува поголем број луѓе од сите видови рак земени заедно, а стапката на преживување од кимо-радијација третман е 10-15%.

Однапред благодарам - и дури сум спремен да платам (по договор) за било каква додатна информација надвор од генералните кои ги барам погоре и/или било каква помош во иднина вкл. и експериментални и алтернативни методи на лекување.


 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Ракот на бели дробови претставува најсмртоносен облик на ракот. Во светот секоја година од него умираат 3 милиони луѓе (знам, ова воопшто не е утешително).
Терапијата и прогнозата зависат од хистолошкиот тип на ракот и фазата во која се наоѓа. Терапијата вклучува хируршки зафат, хемотерапија и зрачење.

Хируршката интервенција зависи од видот на туморот и се состои од отстранување на еден лобус или на целото белодробно крило и со отстранување на лимфните јазли околу туморот.

Ако е во помала фаза, ракот може да се излечи со операција, но ако е во поголема со хемотерапија и зрачење. Стапката на преживување е 14%. Дали ќе успее терапијата зависи од тоа колку е раширен ракот, имунитетот на пациентот и во која фаза се наоѓа.

Главната причина за појава на рак на бели дробови е никотинот, односно најзагрозени луѓе од овој тип на рак се пушачите. Непушачите се дури 15% помалку загрозени од ова.

Ова што го пишав може не е од некоја помош. Искрено се надевам дека ќе се излечи твојот другар.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Многу ти благодарам! Во право си, напишаното воопшто не е утешително.

Меѓутоа, јас барам инфо за условите за лечење во Скопје.

Било каква друга информација е добродојдена.
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Многу ти благодарам! Во право си, напишаното воопшто не е утешително.

Меѓутоа, јас барам инфо за условите за лечење во Скопје.

Било каква друга информација е добродојдена.
Прашај ги докторите од Институтот за Радиотерапија и Онкологија, па види што ќе ти кажат, а инаку ако сакаш да дознаеш повеќе за ракот на белите дробови, еве ти линк http://rak.mk/index.php?option=com_content&view=section&id=32&Itemid=236
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.678
Поени од реакции
19.589
Не стагнирај само во Македонија, испраќај веднаш писма со наодот преведен на англиски јазик и по поголеми клиники во земјите на Европа и САД, Русија би ти ја препорачала луди се имаат доста алтернативи они:smir:
И нормално храброст и издржливост во овие ситуации, и не шетајте многу по бајачки гатачки, само време ќе изгубите.. :(

Послушај ме за ова со Русија, знам за една клиника горе јужно се наоѓала во Русија кои лечат канцер на спесифичен начин... ако сакаш детели како се спроведува истото кажи ќе ти пишам по пп:smir:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Проблемот е што заради неговата тепка состојба, другаров малтене другиот ден почна со хемо-терапија, па затоа се интересирав какви се условите за лекување во Скопје. Мислев ако некој имал случај во семејството или познат, да сподели информации тука.

Луци Лу, те молам напиши конкретно се’ што знаеш за третманот во Русија.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ако е за алтернативна медицина и сл... барај статии по весници :smir:
 

NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
Искрено другар, многу скоро време се најдов во слична ситуација, на моја блиска личност и дијагностицираја рак на дојката.. Е сега не бил во тие крајни фази, но сепак тие и ветија дека преку конкретни терапии, пример зрачење (бидејќи било касно за хируршка интервенција) , со опремата која се поседува во нашите клиники, единствено можат да го забават процесот до извесен степен-односно да и го продолжат животот за неколку години.
Значи не знам колку сум право, ама заклучив дека има шанси да се спаси, но не при вакви услови во нашата земја...

Третманите кои се преземаат за лекување на туморите , зависат од типот на туморот,дали е бенигни или манигни тумор,дали е лоциран во “безбедна“ зона, така да не предизвикува влошување на околното ткиво. Кога туморот е малигни , третманот опфаќа радијација, операција, хемотерапија или комбинација на овие методи. Ако туморот не метастазирал тогаш тој се отстранува со операција, ако метастазирал во околните лимфни јазли, тогаш се отстрануваат и тие , а ако дал далечни метастази тогаш лечењето е со помош на радиација и хемотерапија.

Лимфонот на пример не се третира со хемотерапија или операција туку со радиација по избор на пациентот. Ако туморот е бенигни , тогаш очекувањата дека пациентот ќе биде излечен се доста големи, меѓутоа има случаеви каде што и бенигниот тумор може да предизвика компликации(во мозокот). Ако туморот е малигни, тогаш очекувањата зависат од степенот на неговото метастазирајње. Некои ракови можат да се излечат , некои можат да се третираат така да пациентот живее уште многу години, додека некои сепак се фатални. Туморни комликации: можат да настанат ако туморот е лоциран во дел од организмот во кој се врши притисок во околното здраво ткиво и ја нарушува неговата нормална функција.

Превенција:

Превенцијата на туморите во прв ред се одвива со избегнување на причините кои што го предизвикуваат: пушењето цигари,пиење на алкохол, големо изложување на сончево светлина, радијација и сл.

Мој совет, да се дијагностицира состојбата, и при можности веднаш да се реагира во некој друга ,побогата држава, со поопремени-поспремни клиники.

[FONT=Geneva, Arial, Helvetica, san-serif]
[/FONT]
 

tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
Брат барај по странство помош ако сеуште не е развиен многу.. со цигари никој од вас околу него... незнам колку помага ама една комшика имаше рак на дојка или на дробовите не се сеќавам точно, сори, и пиеше крв од желка (незнам каква желка точно) и еве ја више 10 години така тера, а не се ни жали поише (знам нонстоп е кај баба ми на кафе :)) за разлика од порано.. па уствари нема ни спомнато.. :) Ако може да се среди медицински гоу ахед! Ако неможе (ама боље да може) ондак пробај ова со желкиве боље информирај се или пиши ми да се распрашам шо крв точно пиела, по колку, како...
 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Мисирков,
Имам тројца дедовци и една баба кои починаа од карцином или рак. Сите тројца дедовци починаа од карцином на бели дробови, а баба ми од карцином предизвикан од чир во желудникот.
Е вака сега од тоа што сум го гледал секој ден ќе ти го пренесам.
Двајцата мој дедовци починаа од карциномот бидејќи беше откриен во краен стадиум.
Многу е битно за карциномот кај ќе ги фрли своите метастази, ако е во мозокот може да погоди некој центар, може да ослепе човек, да оглуви, да биде непокретен и.т.н. Метастазата во мозокот е најспецифична. Хемотерапијата овде во Македонија не помага, не се лечи карцином со оваа хемотерапија што се дава во Скопје. Само се мачи човекот, барајте лек за другар ти во странство, еве во Русија или Франција, а може и САД.
Хируршката интервенција кај карцином на бели дробови не се препорачува од причина што нема гаранција дека карциномот нема да се појави на друго место, односно не е фрлил метастази, тој е најтежок карцином и најчесто е метастазиран додека кај другите видови на карцином може да се случи карциномот да не е метастазиран и да не ни фрли метастази. Хепотерапијата може да го продолжи животот неколку години тоа е точно али се зависи од човекот, на еден мој дедо му правеа хемотерапија и воопшто не му се продолжи животот, напротив имаше полош крај и од дедовците кои не им беше давана хемотерапијата.
Краен совет, странство.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Мисирков,
Имам тројца дедовци и една баба кои починаа од карцином или рак. Сите тројца дедовци починаа од карцином на бели дробови, а баба ми од карцином предизвикан од чир во желудникот.
Е вака сега од тоа што сум го гледал секој ден ќе ти го пренесам.
Двајцата мој дедовци починаа од карциномот бидејќи беше откриен во краен стадиум.
Многу е битно за карциномот кај ќе ги фрли своите метастази, ако е во мозокот може да погоди некој центар, може да ослепе човек, да оглуви, да биде непокретен и.т.н. Метастазата во мозокот е најспецифична. Хемотерапијата овде во Македонија не помага, не се лечи карцином со оваа хемотерапија што се дава во Скопје. Само се мачи човекот, барајте лек за другар ти во странство, еве во Русија или Франција, а може и САД.
Хируршката интервенција кај карцином на бели дробови не се препорачува од причина што нема гаранција дека карциномот нема да се појави на друго место, односно не е фрлил метастази, тој е најтежок карцином и најчесто е метастазиран додека кај другите видови на карцином може да се случи карциномот да не е метастазиран и да не ни фрли метастази. Хепотерапијата може да го продолжи животот неколку години тоа е точно али се зависи од човекот, на еден мој дедо му правеа хемотерапија и воопшто не му се продолжи животот, напротив имаше полош крај и од дедовците кои не им беше давана хемотерапијата.
Краен совет, странство.
Друже ти да почнеш со редовни прегледи нема да е лошо :smir:
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Современата медицина овде не може многу да помогне. Останува хемотерапијата, која веќе знаеш, во вакви случаи има слаби резултати. Се надевам дека другар ти ќе биде еден од оние медицински исклучоци. Треба да се има надеж.

Не би сакал да звучам грубо, но тоа е тоа. Евентуално, останува алтернативната "медицина", која не би ја препорачал, но лесно ми е на мене од мојата, cancer-free, позиција да не препорачувам .
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Уште еднаш ви благодарам на сите за информациите.

И дајте да не згасне темава, зошто 3 милиони души годишно (не знам колку точно е смртноста во Македонија, претпоставувам не е мала) е огромен број!

Со оглед на тоа што другар ми почна со хемо-терапија во Скопје, веројатно ќе се исчека првиот третман, а во меѓувреме ќе се брка насекаде по светов. Скопскиве лекари ми рекоа дека хемо-терапијата трае 3 дена па 3 недели пауза, па повторно неколку циклуси. Има тнр. рак без келиски мембрани (small cell), тоа е поопасниот од двата облици на рак на бели дробови. Инаку има оток над надбубрежна жлезда, таму е метастазата, со другите органи е ОК.


Не ми замерјате, не сакам никому да досадам, но дали некој друг има дојдено до слични заклучоци како подоле за условите и “квалитетот’’ на третманот во Скопје, а посебно ако има искуство и може да спореди со третман во било кој странска клиника (вкл. и на Балканот)???

Фазонот е само да не изгубиме драгоцено време...

...односно да и го продолжат животот за неколку години. Значи не знам колку сум право, ама заклучив дека има шанси да се спаси, но не при вакви услови во нашата земја...
Хемотерапијата овде во Македонија не помага, не се лечи карцином со оваа хемотерапија што се дава во Скопје. Само се мачи човекот, барајте лек за другар ти во странство...
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
41
кај можи да се донира?
терај настрана !!!
овде здрав да е ќе го умрат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom