Барам информации за лечење од рак на бели дробови

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Misirkov, 25 декември 2008.

  1. Маца_мк

    Маца_мк ♫♥good girl gone bad♥♫

    Член од:
    13 февруари 2007
    Мислења:
    6.421
    Допаѓања:
    468
    чичко на мојата најдобра другарка имаше рак на бели дробови. за жал, заврши со најлошото сценарио.
    одеше на хемотерапија, му правеа операции, дури мислам дека беше и на лечење во Хрватска и Германија, ама веројартно предоцна го открија.
    на крај веќе имаше огромни проблеми со дишењето и му носеа специјално кислородни бои од странство. како што реков, се беше залудно.

    се надевам дека другар ти не е во толку лоша состојба, значи проверете во Хрватска или Германија, или ко што рече Луси во Русија. тука џабе се добри докторите кога немаат опрема и апарати ко што има во странскиве земји.

    со среќа и желби на другар ти да му биде подобро со секој поминат ден
  2. CELTIK

    CELTIK magionicar

    Член од:
    23 декември 2007
    Мислења:
    2.265
    Допаѓања:
    165
    misirkov majkami znae edna tecnost koja se pravi od aloe i nekoi drugi sostojki mu ima pomognato na nekolku slucai jas ne go znam receptot tocno no mislam deka potrebno e aloe postaro od deset godini ( toa e eden vid na kaktus ) i e mn lekovit ke ja prasam majka mi za celosen recept i obavezno ke ti pisam gospot zravje da mu dade na drugarti i neka ne se uplasimod bolesta neka bide hrabar i neka proba se sto moze toa e od mene pozdrav
  3. Helex

    Helex

    Член од:
    14 август 2008
    Мислења:
    1.664
    Допаѓања:
    481
    Bi sakal konkreten dokaz za ova, vaka se samo prazni, laicki ozboruvanja. Isto taka, ne veruvam deka smrtnosta od rak na b.drobovi mnogu se razlikuva kaj nas i vo zapadnite zemji ( i Rusija ).
  4. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    11.178
    Допаѓања:
    4.151
    Право кажа некој погоре, треба да се распраша (мислам дека досега тоа е сторено) кај нас. Има лекови кои се многу скапи но се поефикасни од оние терапии кои ги вршат рутински.

    Брат ми му најдоа на дебело црево, у ствари во цел стомак проширено. Се лечеше со препарат кој кошташе многу пари 1500-2000 евра месечно. Но сето тоа се повлече, навидум. Навидум, затоа што во меѓувреме бил зафатен и џигерот и жолчката, а тоа не можеле да го откријат со маркери, случајно беше откриено.
    За овој дел (жолчката) земаше друг исто така многу скап лек (најверојатно лекот кој се дава зависи од тоа кој дел е зафатен), пропратен со варумин (го има во аптеките) и многу, ептен многу чист сок од цвекло, матичен млеч и слични дополнителни препарати. Сега баш заврши со терапијата и рече дека ако му се (недај Боже) понови ќе проба со Брајсова/Бројсова метода не знам точно за името (изгладнување на организмот околу 40 дена, само на некој чај, друго ништо).
    Зборот ми е дека и во Македонија може, но лековите кои се поделотворни се многу скапи, но секако поскап е животот.

    Гледавме опции за странство, прашувавме преку институции, како-што па заклучивме дека и во другите земји тие се лековите. Е сега, има експериментални лекови кои се покажале многу поефикасни, но за аплицирање за експеримент требаше време, нешто што го немаш во такви случаи. И требаше сигурност дека тој експериментален лек баш за тој орган ќе функционира. Едино странство размислувавме за ЦТ скенирање на телото, пошто тука сеуште нема, но на момчето тоа сега не му е потребно. Му треба најефикасниот лек, комплексна терапија со дополнителни препарати, макар колку и да чини.

    Гуглајте, сурфајте, барајте по институти, јавувајте се, можеби ќе најдете нешто што брат ми не можеше. Ви посакувам среќа, голема среќа.
  5. Misirkov

    Misirkov Модератор

    Член од:
    17 март 2005
    Мислења:
    11.503
    Допаѓања:
    1.423
    Фала Селтик, постирај ја тука за сите да можат да знаат за течноста.

    Инаку знам за алое вера, тоа е билка-чудо, ја нарекуваат “пустинското лале’’. Неверојатно и помага на кожата, знам еден случај, жена со тешки изгореници 3 степен, неколку дена буквално лежеше во када наполента со алое, и оздраве како ништо да не било. Многу помага и за стомални заболувања и што ли уште не...

    Би сакал да го потикнам Lurtz да го постира рецептот односно коктел-терапијата со млеч и со сок од цвекло - но и со најконкретни упатства (“нацртани’’) како, кога, колку, итн.
  6. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    11.178
    Допаѓања:
    4.151
    Приквечер ќе одам до кај брат ми (сега до град е отиден) да го прашам за се конкретно, лекар-онколог, препарати, цитостатици, дополнителна терапија (Варумин, прочитај на http://www.varumin.com.mk/index_mk.html), се што користеше досега. Ќе ја замолам снаа ми и ако сакаш со неа директно да се слушнеш на телефон и да се информираш. Меѓу другото треба да побарам една скрипта од која вадевме рецепти за чаеви за разни случаи.
    Цвеклото го користеше за јачање на крвта-организмот независно од млечот, варуминот е додатна терапија со цитостатиците, знам дека сега користи матичен млеч (тешко се наоѓа свеж), но колку и како штом се информирам вечер ќе јавам, користеше и други чаеви и препарати. А за дополнително снаа ми понуди и телефон да ми даде од едно лице ... тоа може и на пп да ти пуштам. Се што можам, се што знаеме ќе напишам. Знам дека цитостатик примаше доста скап (1500 евра беше 1-месечна доза, дали авастин се викаше не ме држи за збор), но делуваше фала Богу. Битно е и со онкологот да се разговара за целосна терапија (и цитостатик и другите препарати што ги спомнав), и најважно надеж уопште не смее да се губи, секогаш и кога е најтешко нека има најголема позитивност, посебно со болниот.

    Е сега ми текна, користи и НОНИ, полинезиско, тоа е билка од која се прави како чај нешто. До вечер се ќе постирам.

    Мисирков, прашав па накратко да изложам. Можеби веќе нешто од ова веќе го знаете.
    За лекари не можеа да кажат пошто он беше на абдомен, а сигурно момчето е за торакална на плуќа.
    Секако ќе му одредат терапија. Брат ми земаше авастин, а потоа и еден друг цитостатик, но видот и дозата зависат од лекарскиот тим и тежината на пациентот (колкава доза ќе прима). Ова е работа на лекарите.

    За дополнителни средства лекарите тешко се одлучуваат да кажат, ретко кој од нив ќе признае дополнителна терапија освен витамини.

    Овие подолу повеќето се за јакнење на имунитет, а некои имаат и комплексно дејство.
    Еве линк на кој може дури да се постави и прашање со дијагноза и да се консултира датабазата за болести и лекови
    http://www.plivazdravlje.hr/?section=home

    Варумин спомнав има во Варуфарм (горе е линкот до сајтот, може да се проќитаат ефектите), под државна болница, по улицата кај што се наоѓа Зираат банка. Ми рекоа дека се зема или нони или варумин (има слични состојки), но другите пациенти со кои комуницирале а и брат ми се одлучиле за Варумин како поефикасен, според искуствата негови а и на други.

    Матичен млеч реков тешко се наоѓа, па ако не најдат, брат ми рече понеделник ќе земе телефон за контакт со лице што продава млеч. Многу мала количина се зема дневно (еден допир-капка под јазик дневно), доволно за цел ден. Не е ниту скапо, можеби до 300-400 денари за 1-2 грама (кои траат долго време).

    Цвекло земаше по 1-2 чаши на ден, заедно со ц-витамин во доза која е дневно оптимална (колку најмногу е дневно дозволено има на некои сајтови, точно не сум упатен но преголема количина ќе измокри, премала нема ефект, може и во аптека да прашате). Има едни ц-витамин капсули од шипка, поскапи, но наводно поквалитетни.

    Од чаеви користеше невен, коприва, коњско опавќе, ајдучка трева.
    За дневна доза, комбинација, интеракција меѓу чаевите и нуспојави користи еден прирачник "Лековити растенија" од Херба Стојанови тел. 031/426 330 и 432-196. Можда го има во продавниците кај нас. Ваљда ова не е реклама, да не ме сфатите погрешно, при ваков вид на дискусија реклама за мене нема. Во прирачникот има и која тревка за кој вид болест се користи. Обавезно да се чита нуспојава, пошто некои чаеви, макар и најбезазлени предизвикуваат повисок притисок ако се пијат подолго време или поголема количина. Си има дозирање и примена за тревките.

    Користеше и Q10 (коензим Ку10) и мачкина шепа, а сето тоа е потребно и за здрав човек затоа што се бори против слободни радикали и го јакне организмот.

    И за крај, третирање со космичка енергија, отворање на чакри...
    За последново бев голем скептик додека не го применија на брат ми. Не се плаќа ниту денар, а се влијае на некој начин, за нас непознат. Ако сакаш можам и тоа во понеделник да го прашам брат ми. Но за ова е едно битно-мора пациентот да сака и да верува инаку целосен ефект нема. Сега братов има нешто од тоа поднаучено, до некое ниво и самиот си применува до одреден степен. Ако сакате, а не кошта ништо, тука сум за контакт.

    Всушност за секој од овие препарати пациентот мора самиот да се убеди да верува во делотворноста. Тоа важи и за цитостатиците и за дополнителната терапија.
    Но само на дополнителна терапија без хемо или друга терапија (зрачење ли ќе е не знам) препишана од лекар не смее да се остави. Лекувањето мора да биде комплексно и комплетно. А за тоа е потребно јака воља да издржи. И потребно е никој околу него да не покаже знаци на паника и страв, колку и да е невозможно.

    Инаку со ваква комбинација брат ми еве заврши со хемотерапија, а му беше откриено пред 3-4 години.

    Толку за сега. Штом добијам информација за матичниот млеч (може да просурфаш да провериш делотворноста на секој од овие состојки), ќе те информирам. Можеби не бев од голема помош, но ако се соберат и исфилтрираат информации од неколку вакви случаи, ќе биде полесно да се помогне на другар ти.
    Поздрав

    П.С. не замерајте што постирам линкови од други форуми. Може Мисирков да ги преземе, па избришете ги, но се однесуваат на матичниот млеч. Ќе најдете апчиња за млеч, но најделотворен е во свежа состојба:
    Код:
    [/URL][URL]http://www.plivazdravlje.hr/?section=home[/URL]
    [URL]http://www.forum.taratur.com/index.php?topic=1442.0[/URL]
    [URL]http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2298&stID=25049[/URL]
  7. Misirkov

    Misirkov Модератор

    Член од:
    17 март 2005
    Мислења:
    11.503
    Допаѓања:
    1.423
    Голема благодарност и слободно постирај се што треба за млечот, за сокот од цвекло, за контактите итн. (а ако треба да се брише, ќе се брише подоцна).

    Инаку тоа што го кажуваш за “чакрите’’ т.е. рамнотежа на внатрешната енергија во телото е ГЛАВНА ЦЕЛ на секоја една цивилизација пред нашава, како на исток така и на запад вкл. и во Христијанство. Во нашава цивилизација и поимање на работите, тој фантастично важен концепт за баланс на внатрешната енергија во телото едноставно не постои.
  8. CELTIK

    CELTIK magionicar

    Член од:
    23 декември 2007
    Мислења:
    2.265
    Допаѓања:
    165
    misirkov ova deluvalo na rak na koza i rak na dojka pa sea kolku ke ti e od korist
  9. Dzish

    Dzish unlike any other...

    Член од:
    15 февруари 2007
    Мислења:
    14.006
    Допаѓања:
    2.648
    Мисир, тоа со варуминот мислам дека помага... Го знам човечето што го произведува, живее во Царев Двор - Ресенско, Наум се вика (Нане нагалено го викаат). Треба да го види другар ти, па ке ти каже што како. Ако ти треба повеќе инфо, можам да ти објаснам каде точно живее, па можете да го барате.
  10. Linux

    Linux

    Член од:
    9 ноември 2007
    Мислења:
    388
    Допаѓања:
    1
    Tretmanot i metodite za lekuvanje na karcinom vo cel svet se isti.Imam razgovarano so specijalist doktor na ovaa tema i mi ima ubavo se objasneto.Najvazno e ako imalo operacija taa da bila bezprekorno dobro izvedena drugo hemoterapijata e dosta vazna rabota.Imam citano na forumi deka za vreme na hemoterapijata dobro e da se primaat odredeni vitamini.I najvazno od se e da ima volja za zivot , da ne se nervira, nervozata e dosta vazen faktor ne samo za karcinomot tuku i za site ostanati bolesti.
  11. Јас имав случај во семејството...татко ми умре од тоа, но беше во одмината фаза и веќе немаше спас....стварно не знам...подобро е да се распрашаш по болници и од луѓе стручни за проблемот...вака тешко да дознаеш нешто....
  12. Misirkov

    Misirkov Модератор

    Член од:
    17 март 2005
    Мислења:
    11.503
    Допаѓања:
    1.423
    Dzish - те милам веднаш давај информации!

    Александра - сочуство за смртта на татко ти. Татко ми исто така почина од леукемија пред 6 месеци, се бореше 2 години иако му предвидеа неколку месеци. Знам колку позитивната енергија е битна, воњата за живот, дури и во подминати фази.
  13. Бат Елохим

    Бат Елохим One with the waves ~~~

    Член од:
    8 ноември 2008
    Мислења:
    2.496
    Допаѓања:
    565
    jas imav eden drugar.. imase rak, bese na hemoterapija (smesten na klinicki bese) i rakot mu se povlece :toe: edinstveno loso sto mu se sluci, mu padna kosata.... sega e super, zenet, itn...
    vujko mi imase rak, ama go operiraa i sega proagja na sute kontroli so zadovolitelen naod.
    ama na edni dve moi drugarki majka im bese bolna od rak na beli drobovi, ja operiraa, i kao i se povlece, a posle 6 mes. pocina od rak na limfni jazli. Nea ja lekuvaa najdobrite (kolku sto moze tuka) lekari od Klinika....ne znam sto da kazam... ama cim rakot metastazira edinstveno sto pomaga e voljata za zivot, grupi za poddrska, sto i da e... samo da ne go tepa psiha! Mozokot na covekot e proucen mnogu malku procenti.... vo drugite sto ne se prouceni... mozebi i se krie sposobnosta na covekot da upravuva so svoeto telo vo sekoj smisol...da ne zabeguvam.... :toe:
  14. Демијан

    Демијан Гостин

    Види тука има се во врска со ракот на бели дробови.
  15. Ѕвер

    Ѕвер Перфекционист

    Член од:
    4 јануари 2006
    Мислења:
    2.229
    Допаѓања:
    24
    Сочуство за татко ти Мисирков, мене најдобриот другар ми замина пред 1 недела токму од леукемија.2 години во Скопје го маткаа на Клиникава од Фондот не сакаа пари за лекување во странство да одобрат и од кога увидоа дека детево тука ќе им умре, си побараа огромно мито и го пратија во Израел на лекување.

    Израелските доктори се чуделе како е можно 2 години таков тежок случај да го држат во Скопје без трансплатација и со такви методи, констатирале дека 1 месец порано да стигнеле ќе му го спаселе животот.

    Поучен од овој случај, мој совет ти е другар ти да си спреми добри врски и мито за Комисијата лекари што одобрува средства од Фонд за здравство и да си замине во странство на лекување.Затоа што моментално за вакви тешки болести, македонското здравство уште не е подготвено.

Сподели преку: