- Член од
- 16 јули 2021
- Мислења
- 240
- Поени од реакции
- 544
Каков е вашиот став во оваа насока. Се повеќе гледам менаџери на светски компании дека го верглаат ова, а знаеме дека се фаќаат ко слепи за стап во однос на трендови: Hire for attitude, train for skills. Ме интересира дали се согласувате со овој тренд, дали го гледате да се применува, зашто едно е теорија, друго е пракса, и дали веќе, ако се применува, треба да се применува малку или многу на слепо? Да објаснам што сакам да кажам. Има луѓе што знаат да напраат добро интервју и да импресионираат, ама не ги бива, а обично тие што се поинтелектуални, праат послабо интервју, и да, тука ќе го одбереш тој што импресионира, но ќе го биде ли после. Според мене треба да има тест за квалификација за некои работни места, нешто у стил на тест горила, па после веќе да се избере кандидат од тие што го прошле.
Но тоа е моја насока, дајте вие ваше мислење и можеби насока на ова.
Но тоа е моја насока, дајте вие ваше мислење и можеби насока на ова.