YuZe
Fortune favors the Brave
- Член од
- 22 септември 2005
- Мислења
- 991
- Поени од реакции
- 651
Кога ќе си во таква фирма, само набиј искуство и надвор одма оди. Тоа е слепа улица.Немам баш некое огромно искуство по фирми ама од она што сум го видел има еден куп луѓе со висок скил а тапа менталитет и таквите можеби моментално придонесуваат во фирмата (прават профит) ама џабе кога истите се штетни за околината околу нив.
Еден од најголемите совети што сум ги добил од C-suite ниво: Ако сакаш да напредуваш во компанија, мора тој што е одма под тебе да го истренираш толку добро, што можи да ја работи твојата работа. Кога ќе гледаат кој да напредат, ти ќе ја земеш позицијата, тој под тебе ќе ја земе твојата.Конкретно има еден еден вреден одговорен работник во фирмата кај мене, ама човекот има комуникација 0 со останатите, на новите наместо како поискусен да им објасни он им ја отежнува и прави во старт да се осеќаат во фирмата како отфрлени.
Ако си газда со визија, тој работник не е за ништо подобро од обичен работник. За водич на смена, управител на одсек, директор не ти треба само да бидиш интелект.Да сум јас газда на истава фирма би го заменил да бидам искрен, џабе допринесуваш со работа кога си себичен а средината не е за индивидуална работа - го саботира во старт идниот кадар на фирмата, веројатно и намерно за да другите не напредуваат еве од мене се зависи во работата.