Зошто мажите се плашат од брак?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bertines
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам мн. работи да кажам ама мисливе ми се бааги хаотични, незнам по кој редослед да одам, т.е. не придавајте значење на редоследов :)

Причини:

1.Поради сомнежот, дека девојка ми е психолошки спремна за таков чекор.
Не сакам разочарувања,а посебно не за вакви сериозни етапи од животот.

2. Не поднесувам рутина. Не би можел да поднесам подолга врска базирана на рутина која би требала уште во брак да премине.

3. Одговорноста, да бидам врзан за некого. Кога сум сингл можам да правам што ми се присака(општо), но во брак нема место за себичност.
Тоа подразбира и многу компромиси, а компромисите не ретко подразбираат откажување од некои свои лични стремежи, сонови или надежи.

4. Губењето на слободата, во контекст на самостојноста.
А тоа го подразбира и жртвувањето на сексуалната разновидност.

5. Сум се разочарал премногу.

6. Не поднесувам притисок, убедувањето на жените за што побрзо “скротување“.. брррр


Сакам да си ги подредам нештата во мојот живот, не се плашам од врска, ниту се штедам емотивно, но во овој конкретен период од животов сум премногу скептичен во однос на жените. :wink:
 
Мажите не се плашат од бракот, се додека не дојде време за брак... хмм.... тоа ти иде вака..

Барајќи ја соодветната жена за започнување на брак.. кратко кажано..
Колку повеќе барат, толку повеќе се соочуваат со реалноста и природата на жената.. почнуваат да ја гледаат иднината која следува со бракот..
Стравот не е од бракот.. стравот е дека неможе да се најде соодветна жена за истиот. Сепак, во човековата природа има една гадна особина наречена Откажуање.
Така, наголем број од мажите се откажуваат од потрагата после неколку неуспешни обиди за наоѓање на соодветна жена.... или остануваат слепи и стапуваат во брак со некоја несоодветна и имат проблеми цел живот..
Ретко кој останува до крај на целата потрага и си ја најде соодветната жена за брак и си има среќен брак..

Значи шо сакам ја да кажам..
Одеш со некоја шо не ја сакаш со сила 2-3 години и од стра дека ќе останеш сам и нема да најдеш друга некоја стапуваш у брак со неа и мизеруваш заедно без љубов и сл. цел еб.. живот, без да се потрудеш да си ги следеш инстиктите и срцето.. и страо тука е тоа шо ќе бидеш со некоја шо не ја сакаш, некоја шо ти е сеедно.. цел живот.. поз..:baeh:
 
Грешка си... мажите не се плашат од бракот, се плашат од брак со една жена.

Немој вака, секој ќе го дефинира и сфати на различен начин.

Дечки, не почнуваат само кај вас проблемите, што сте чудни побогу.
Почнуваат и кај жените проблемите, и се многу поголеми и поразновидни, особено кај оние кои се мажени за поконзервативни момци.

Со сето ова што го пишувате, имам впечаток, кхм. Ајде не сакам да навредувам, не ми е ни тоа целта, ќе си поќутам, да не навлегувам во конфликти.
 
Се плашам од неуспешен пропаднат брак, изгубено скапоцено време од животот поминато со погрешен човек..
Не постои неупешен пропаднат брак, само искуство.
Не го губиш времето кога учиш нови работи.
Погрешен човек?-Се во животот се случува со некој цел, не постојат грешки. Што и да одлучиш, тоа е потребното, тоа е вистинската одлука. Некогаш и да одлучиш нешто што знаеш дека е полошо, е поправилно... незнам сега колку ме свати...

Он топик: Многу луѓе, а и мажи се плашат од брак... И јас се плашам од брак.. исто така мислам дека нииикогаш нема да се омажам...стравот бидејќи во целото детство каде и да погледнам (бар на ТВ) има се некои разводи... бла бла..Уште кога почина татко ми? Морав да ја гледам мајка ми како страда...не сакав да сум на нејзино место.. Но верувам дека и тој страв ќе исчезне, бидејќи само се плашам од “губење на слободата„. Мислам дека и многу мажи се плашат од ова, нели?
 
лично сметам дека врзувањето за една личност со еден лист хартија не ми е воошто страшна доколку двајцата партенри се сакаат и меѓу нив има вистинска љубов но потполно ги сваќам и оние кои се уплашени од соочување на вистинските проблеми во животот грижата за семејството не само за самиот дупло зголемени обврски.... мислам дека ова е најголемиот страф на сите слободни души
 
Бракот значи своите права да ги преполовиш, а своите должности да ги удвостручиш!
 
Зарем жените не се плашат од брак?Што мислите?
 
Зарем жените не се плашат од брак?Што мислите?
немој те молам ќе претворат темава во тоа дека жените се извор на злото,опаѓањето на наталитетот,дека сме причината за катаклизмите кои се случија последнава деценија,дека сме виновни за економската криза итн.

Цела тема има во дом и семејство и таму дробат за тоа како да бидеме домаќинки и како правиме сериозна грешка(грев ќе гориме бо пеколот) затоа што сакаме да имаме кариера првин па потоа фамилија
 
Зарем жените не се плашат од брак?Што мислите?

Јас мислам дека и мажите и жените имаат определена резерва, трема, страв што и да е во врска со бракот, затоа што тоа е сосема нов начин на живот, се превртува цел свет (најчесто), почнува парот свој заеднички темели, буџет и се останато што иде со тоа.
И сосема е различно додека си во двојка, сосема различен е бракот, многу поголеми се обврските.
Башка во модернава ера се почести се разводите, се повеќе бракови не успеваат и нормално е да има страв, затоа што никогаш не знае човек што ќе се деси во иднина, како ќе биде.

Мислам дека нема улога тука полот.
 
не се плашам..
еве 5 години сум во брак...многу ми е убаво.
 
За жените секогаш е потешко.. и фатално е за една жена да не и се погоди мажот а со тоа и бракот.
Зошто е фатално?
Епа затоа што ќе се родат деца нели, и со распаѓањето на бракот автоматски ќе и припаднат на мајката а никој не сака веќе разведена со деца, така што жени очи отварајте пред да стапите у брак зошто црно ви се пишува ако пропадне, нормално тоа важи и за мене хехе:pipi:
 
Не мора да значи, моите се развеле па мајка ми не ме сакала и татко ми ме чувал.
 
Како што жените си прават планови кога да се венчаат каква да биде свадбата и некои такви работи јас лично па и мои другари ги слушам си планираат до која година нема да се венчаат и ќе поуживаат малце. не дека велам бракот е најлошо нешто но веќе ја немаш таа слобода. Јас пример пред да се женам сакам да го разгледам светот да видам нови ствари па и да се изнажуркам прво па после на обврските што следуваат со бракот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom