С
Сатори
Гостин
Луѓето-НЕ, одредени луѓе-ДА...
Се зависи од човековата психа, информираноста и закоравеноста на паметот, средината на живеење, како и од многу други работи. Факт е дека бојата нема никаква врска со нештата кои ни се случуваат без разлика дали станува збор за убави или лоши нешта, само што одредени наши сфаќање треба да се уништат и целосно искоренат затоа што ионака се нема полза од нив.
Далеку сум јас од традиционалист, но, никогаш не би кажала дека целата историја на мојата нација, каква таква е комплетно бескорисна и дека треба да се искорени? :nesvest:
Сите ние живееме како народ на одредена територија во општество кое што со векови наназад градело култура и традиција која што го создала она во кое ти живееш денес.Бојата не треба да има никаква врска со тоа што ти се случува

Тоа е исто како јас на мајка ми да и кажам дека не треба да носи црно затоа што нејзина роднина починала, или, колку и да изгледа наводно излишно, да се појавиш на погреб облечена во бело и розово, тоа е непочитување не само кон фамилијата, туку и кон она што било градено како култура и те претворило во она што си.
Крајно не станува збор за поврзување на бојата, сите носиме црно и во секојдневниот живот, туку за симболиката која што таа боја ја одава, како и секоја друга во палетата.
Од вакви постови се создаваат погрешни концепти и се генерираат мислења кои што треба да бидат наводна слободоумност, а всушност го ругаат она во што пораснале.