Рекордер во офтопик мислења, Д бест типстер, со што го заслужи црвениот картон кој ќе го добие по малку за офтопик муабети (Иако е ова ЧДА, и тука оф топик нема, ама... мерак пусти)
Инаку луѓе луди и сулуди, членови вредни ко кленови, Јове Бт, големиот битолчанец што се билдаше кај Паљото за нечија жал а нечија радост никогаш не беше тргнат од модераторската функција.
Јас сеуште ќе го малтретирам дека Битола нема аеродром (не, не се важи спортскиот), а тој сеуште ќе ме дупи дека Миранда ни даде три гола.
Добро бре шахисти, трапезоисти и ситни мазохисти... свесни ли сте дека со овие 20 страни покажавте колку го сакате овој модератор? Сакате да бидете нешто повеќе, да бидете големи и моќни, да бидете сакани и обожувани од плебсот, а сепак сте толку мали плукајќи по нападнатиот или по напаѓачот. Истовремено, на теми навистина важни за вашиот живот ќе молчите со наведната глава без да заземете став. Вие си знаете, вашиот двор е ваша работа, па не го метете нашиот кога кај вас не е чисто.
Јас Јове_бт и понатаму ќе си го сакам, и ќе го зезам дека Пелистер нема титула, и ќе си јадеме топено сирење во Буре. Тој е добредојден кај мене во секое време на скопско а вие можете за сето тоа време само да полните страници. Штета што нема, исполнета е квотата од 23 побарувања.
И запамтете еднаш во животот, форумот не е место за себе промоција, ние кои веќе го поминавме тој дел, многу добро ни е јасно зошто го велам тоа. Функцијата (не титулата) модератор со себе не носи толку предности колку вие мислите, а секако носи и по некоја мака со себе. Сепак, оние кои ја имаат таа функција се трудат да ја извршуваат најдобро што можат, а ако со сите се во добри односи значи дека не ја извршуваат најдобро. Јове е генијалец чим се справува со еден таков хаос како што знаете да приредите вие кои на крајот на постот ќе напишете “знам дека ќе не бришат ама...“
Да не одам офтопик, модераторите ќе ме бришт

но форумот е само место каде се вртат муабети. Не можете да мразите форумски лик кого никогаш не сте го ни сретнале во животот. Не можете ни да го сакате. Затоа секој труд во оваа виртуелна реалност надвор од вашите шупи и распаднати тастатури полни чипс и полиени со кока кола не вреди ни пет пари, и вашата омраза или љубов тука на форумот, мене, а и на Јове ни значи исто колку и ланскиот снег.
Ви благодарам на сите за вниманието. Се гледаме во реалноста со нови хејтерски збрки... :helou: