Зошто е убиена Ивана Ходак ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macthesick
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 септември 2008
Мислења
163
Поени од реакции
4
Бруталната ликвидација на ќерката на адвокатот на Загорац е дочекана како капка која ја прели полната чаша на незадоволството заради недопирливоста на организираниот криминал во Хрватска
Годишнината од прогласувањето на независноста (државниот празник 8 октомври) Хрватска го дочека на несекојдневен начин: во знак на тежок злостор, во кој жртва е Ивана Ходак (26), настан кој ги потресе највисоките сфери на државната власт. Под таа сенка, се одржа свеченоста во Собранието, кое веднаш по празникот ќе одлучува за смената на двата министри која ја најави премиерот Санадер.
Само 5-6 часа по убиството на Ивана во самиот центар на Загреб, Санадер донесе одлука за промена на министрите за внатрешни работи и правда Берислав Рончевиќ и Ана Ловрин и на нивни места ќе постави проверени кадри во борбата против организираниот криминал и воени злосторства.
Томислав Карамарко како шеф на тајната служба СОА, учествуваше во лоцирањето на бегалецот Анте Готовина и Хрвоја Петрач, осуден за киднапирање на малолетниот син на Владимир Загорац, а новиот директор на полицијата Маријан Фабер го откри и го донесе пред судот Главаш и неговите ликвидатори над осијечките Срби. Новиот министер за правда Иво Шимоновиќ е врвен правник, а меѓу останатото ја застапуваше Хрватска во тужбата против СРЈ за геноцид.
Иако всушност се уште не се знае зошто е убиена ќерката на адвокатот Звонимир Ходак и поранешната потпретседателка на хрватската влада Љерка Минтас - Ходак, домашната јавност е уверена (а тоа на свој начин го потврдуваат и реакциите на самиот државен врв) дека тука се работи за морбидна порака на некој „откачен“ дел од организираниот криминал, кој до сега полицијата и правосудството не успеале ни да го допрат, а ни случајно пак, сериозно да го загрозат.
Необични коинциденции
Многу чудни коинциденции укажуваат на таквата можност, а не дека можеби се работи за злостор од страст како што поединци се сомневаат. Имено, Ивана Ходак е ликвидирана со два куршума (еден во главата и еден во вратот) од пиштол најверојатно со придушувач, на скалите пред нејзиниот стан кој во моментот го напуштала. Убиецот влегол во зградата која секогаш е заклучена и има видео надзор, на сред ден, околу 11 часот, и после злосторот непречено исчезнал низ градските улици. Некои сведоци го виделе без маска како трча од зградата, но описите се различни. Ова се случи четири дена по предавањето на генералот Владимир Загорац во Хрватска.
Од друга страна, и врските на Ивана со мажите се вртат во оваа иста матна приказна. До летото неколку години била со младиот успешен менаџер Ивор Вуцелиќ, член на управата на Адриатика.нет, и врската се чинеше дека оди кон брак, но ненадејно летото на Хвар го сретнала Љубо Павасовиќ - Висковиќ и се случила взаемна љубов. Го оставила Ивор.
Работата да биде уште по необична, Љубо бил адвокат на Хрвоје Петрач кој е во затвор заради киднапирањето на синот на Загорац (наводно обид за изнудување на поголема сума на пари), кој на судењето ја открил приказната за скапоцените камења кои Загорац ги однел од Министерството за одбрана. Пријателството на Петрач и Загорац траело од првите денови на самостојноста на Хрватска, кога Петрач за сметка на власта на Туѓман, шверцувал динари со камиони во БиХ за купување на германски марки, пред промената на националната валута, а Загорац му бил еден од тие возачи.
Така младата Ивана се нашла директно меѓу два жестоко спротивставени табора, со што загрозила голем бизнис околу продажбата на градежните објекти на Загорац во Хрватска вредни околу 42,5 милиони евра. Имено, бидејќи околу него се стегала хрватската правосудна потера, Загорац почнал да го продава својот имот, па така на ред дошле и големите градежни работи во Хрватска во кои вложил многу пари.
Заинтересиран за купување бил познатиот композитор Тончи Хуљиќ, а посредник и негов соработник во тоа бил Ивор Вуцелиќ, кој преку својата тогашна девојка Ивана дошол во контакт со нејзиниот татко Звонимир Ходак, кој ги обавувал правните работи за Загорац во Хрватска. Тогаш во сето тоа наеднаш се заплеткала љубовта на Ивана со адвокатот на Петрач... Материјал за темелна сапуница со криминален заплет, но стварноста е значително по сурова и под куршумите се најде Ивана, а всушност се уште не се знае зошто.
Споредување со Србија
Хрватските медиуми сега се полни со разни претпоставки и конструкции, но најочигледен факт е дека јавноста е огорчена. Во коментарите во весниците се укажува дека главната порака на овој злостор е многу јасна и гласи: „Повеќе никој не е сигурен, можеме да ликвидираме кого сакаме“.
Тоа оди до таму, па на неколку места се истакнува дека Хрватска во пресметката со организираниот криминал многу заостанува зад Србија. Се наведува дека Хрватскиот криминал со овој злостор го презема лидерското место во регионот, а коментаторот на „Јутарњи лист“ Давор Бутковиќ пишува дека „хрватската власт денеска мора да направи исто што го направи власта на Ѓинѓиќ во 2003 година“, т.е. „денес мора да се уапсат сите оние кои на било кој начин се поврзани со организираниот криминал“.
Бруталниот злостор на сред ден и во центарот на Загреб веќе ги потресува и внатрешно политичките односи, а има и непријатни меѓународни импликации. Така лидерот на СДП Зоран Милановиќ смета дека до смена на министрите дошло „предоцна и премалку“, исто и тоа дека „единствен кој требало да замине е Санадер“.
„Уште пред пет дена тврдеше дека се е во ред, а денес се покажува сета беда на кадровската политика на ХДЗ“ - вели Милановиќ.
Слично резонира и претседателот на ХНС Радомир Чачиќ, кој вели: „Сето она што до вчера го говореа во Собранието сега се покажува како целосна лага и тоа во најчувствителните ресори на полицијата и правосудството“.

Мислење ? Зошто е убиена?:S
 
Odmazda,nejzinite roditeli ne sakale da sorabotuvaat so kriminalcite i ete ti sto se slucilo,eden mlad zivot e odzemen zaradi nekoj sto sakal da bide pobogat ili zatoa sto nejzinite roditeli gi zaebale nesto na kriminalcite.Imavme nie vo Strumica takov slucaj so Mudinovi,uste e misterija zosto se ubieni?!
 
Ееееј... многу ми падна жал кога слушнав за девојкава. Трагедија бе жими све. :(
A се знае зашто. Татко и чепкал кај што не треба да се чепка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom