Ninja
Кајгана на око
- Член од
- 15 мај 2005
- Мислења
- 623
- Поени од реакции
- 9
Ова прашање го поставија жителите на село Вратница по нападот врз полициската станица во истото село. Имено, како што ви е веќе познато, и во најкризните моменти во 2001 во Вратница немаше никакви инциденти. Во услови на (речиси) конституирана рамковна Р Македонија, ова прашање е сосем на место.
Исто така, некои медиуми располагаат со информациии (од безбедносни извори) за влез на вооружени групи од Косово кои се стационирале во Кондово и Радуша (веројатно како засилување на Агим Красниќи
).
Потсетувам и на полициската акција во Брест со акцент на количината на оружје која беше откриена таму, реакциите на тамошното население за бруталноста на полицијата и изјавите на пратеникот Џезаир Шакири (овој беше посебно нервозен
) дека не го интересира пратеничката плата, ниту Парламентот ако е мачен неговиот народ.
Од друга страна пак, пристигаат смирувачките изјави на политичкиот врв дека сето ова не значи нова дестабилизација, туку присуство на нервоза кај преостанатите екстремни групации на македонската територија зашто "се стега обрачот околу нив", а во услови на засилување на унитарноста на РМ со Рамковниот договор и отпочнувањето на преговорите за конечниот статус на Косово.
Ме интересираат коментари во врска со резултатот од ваквиот развој на настаните. Зошто баш сега?
Исто така, некои медиуми располагаат со информациии (од безбедносни извори) за влез на вооружени групи од Косово кои се стационирале во Кондово и Радуша (веројатно како засилување на Агим Красниќи
). Потсетувам и на полициската акција во Брест со акцент на количината на оружје која беше откриена таму, реакциите на тамошното население за бруталноста на полицијата и изјавите на пратеникот Џезаир Шакири (овој беше посебно нервозен
) дека не го интересира пратеничката плата, ниту Парламентот ако е мачен неговиот народ.Од друга страна пак, пристигаат смирувачките изјави на политичкиот врв дека сето ова не значи нова дестабилизација, туку присуство на нервоза кај преостанатите екстремни групации на македонската територија зашто "се стега обрачот околу нив", а во услови на засилување на унитарноста на РМ со Рамковниот договор и отпочнувањето на преговорите за конечниот статус на Косово.
Ме интересираат коментари во врска со резултатот од ваквиот развој на настаните. Зошто баш сега?
