Зошто атеистите немаат одговор на следниве прашања.

  • Креатор на темата Креатор на темата smart ass
  • Време на започнување Време на започнување
Па гледам дека тука сте само да терате сеир,не ми делувате сериозни ,веднаш следуваат илјадници критики кои се непотребни , така да нема потреба да образложувам,извинете но немам намера поопширно да дискутирам.
Па не ни дискутирај
Пред се постовите ти се на несоодветна тема
 
Браво. Јако психолошки. За жал и такви психијатри има.
Има се на овој свет,погледнете го аватарот ваш прво на што асоцира,зборува за вашата личност и д ане ве познава човек ,ќе ве препознае.....,а има толку прекрасни работи навистина ви треба стручна помош.
 
Па гледам дека тука сте само да терате сеир,не ми делувате сериозни

WAT???

Ти штотуку напиша дека си го видела господ, дошол дома кај тебе......

Кога веќе го тврдиш тоа, сподели го доживувањето од средбата со севишниот, како изгледа, каков е, што кажа итн
 
Ви посакувам да доживеете и самите го почуствувате,само тоа можам да кажам.
 
Па гледам дека тука сте само да терате сеир,не ми делувате сериозни ,веднаш следуваат илјадници критики кои се непотребни , така да нема потреба да образложувам,извинете но немам намера поопширно да дискутирам.

Џулија, сеирот е секогаш последица на некои тврдења кои остануваат недообјаснети, и се сфаќаат буквално.

Кога велиш си го видела и запознала Господ, а притоа не појаснуваш дали мислиш дека духовно си се пронашала себе си, и се соединила со него, или пак нешто друго ти значи тоа,
тогаш неминовно е да помислат сите дека визуелно си се видела со него.

Пробај таквите метафорични тврдења да ги подобјасниш и мислам дека нема да има кој да фаќа сеир:)
 
Некој има розови наочари некој догматски а некој гледа она што ќе посака. И сите тие не ја гледаат вистината.
Ти не ја ни знаеш вистината, и да успееш да ја видиш пак нема да веруваш.
Stosot kaj verata e toa da ne gledas a da veruvas, zatoa i se vika vera. A toa sto nekoi velat deka go pocuvstvuvale, ili bile svedoci ili na niv samite im se desilo nesto neobjasnivo od strana na naukata toa moze da bide samo dokaz za niv...
 
А поради истото тоа не можеш да го наречеш вистина, туку само лично верување.
 
Личното верување се граничи со личната вистина.

Ако за тебе девојка ти е најубава, најдобра и најпаметна, не значи дека е тоа навистина така, туку тоа е твое ЛИЧНО ВЕРУВАЊЕ.

Ако некој се одлучил да верува дека Господ создал се живо и диво за неколку деноноќиа, тоа за него е вистина се додека не се докаже спротивното.

Во моментов, сеуште нема цврсти докази дека погорното, метафорично гледано, не е вистина.
 
Во моментов нема никакви докази ниту дека погорното е вистина па затоа сеуште е лично верување силно поткрепено од армија свештеници поради лични цели. Личното верување е лична вистина но не е општа, а од лична вистина до општа вистина има голема и суштинска разлика.

Проблемот е во наметнувањето на личната вистина врз останатите па дури и со смешни обиди како на пример „и пчелите веруваат во Бог“ како што беше напишано во некој од постовите на форумов па до многу сериозни и опасни по здравје како што е воведувањето на Инквизицијата.
 
1. Во моментов нема никакви докази ниту дека погорното е вистина па затоа сеуште е лично верување силно поткрепено од армија свештеници поради лични цели. Личното верување е лична вистина но не е општа, а од лична вистина до општа вистина има голема и суштинска разлика.

2. Проблемот е во наметнувањето на личната вистина врз останатите па дури и со смешни обиди како на пример „и пчелите веруваат во Бог“ како што беше напишано во некој од постовите на форумов па до многу сериозни и опасни по здравје како што е воведувањето на Инквизицијата.

1. Па тоа никој не го спори :P

2. Никој не може да ти наметне како да размислуваш, ако ти не сакаш да ти биде наметнато. Сам си кажа има смешни обиди за некакво си наметнување:). Инквизицијата е веќе далечно минато.

Христијанството веќе нема толкава моќ како религија. Но, исламот има сеуште.
 
под 1. Ако никој не го спори тогаш нема да го правиме овој муабет, затоа што некој сака да ја наметне својата вистина затоа се овие дискусии.

под 2. Мене не може да ми наметне меѓутоа на дете во основно може и затоа е таа битка да се воведе веронаука во основно баш со идеја да се вратат позициите на религијата имено на христијанството.

Инквизицијата сеуште постои под друго име а како Инквизиција постоела до 1908, само што веќе не може да прави што сака.
--- надополнето: 20 јануари 2012 во 11:06 ---
Se e relativno, pa i samata vistina. A site teorii sto postojat, pa i onaa za sozdavanjeto od strana na Bog se necie veruvanje.

Па не баш се, ако е надвор -15 степени тука нема никакви сомнежи ниту простор за лична вистина, но тоа е веќе очигледно и нема потреба од разглабање.

Проблемот настанува при наметнување на личната вистина врз останатите заради различни , најчесто себични и ниски цели.
 
под 1. Ако никој не го спори тогаш нема да го правиме овој муабет, затоа што некој сака да ја наметне својата вистина затоа се овие дискусии.

под 2. Мене не може да ми наметне меѓутоа на дете во основно може и затоа е таа битка да се воведе веронаука во основно баш со идеја да се вратат позициите на религијата имено на христијанството.

Инквизицијата сеуште постои под друго име а како Инквизиција постоела до 1908, само што веќе не може да прави што сака.
--- надополнето: 20 јануари 2012 во 11:06 ---

Па не баш се, ако е надвор -15 степени тука нема никакви сомнежи ниту простор за лична вистина, но тоа е веќе очигледно и нема потреба од разглабање.

Проблемот настанува при наметнување на личната вистина врз останатите заради различни , најчесто себични и ниски цели.
Dve spravi mozat da pokazat razlicna temperatura, ednata -14, drugata -15 za istoto mesto.
Ok, moze ako mislis na popovite i kompanija. No, sto imam jas so tie nivni niski i sebicni celi so toa sto veruvam, i so toa sto nekoj drug veruva. Kakva materijalna korist imam jas? Nikakva. I nikoj na nikogo ne moze da mu nametne veruvanje. nema sansi. Sto pati moze da te krstat, ti pak da vikas Gospod ne postoi.
 
под 1. Ако никој не го спори тогаш нема да го правиме овој муабет, затоа што некој сака да ја наметне својата вистина затоа се овие дискусии.

под 2. Мене не може да ми наметне меѓутоа на дете во основно може и затоа е таа битка да се воведе веронаука во основно баш со идеја да се вратат позициите на религијата имено на христијанството.

Инквизицијата сеуште постои под друго име а како Инквизиција постоела до 1908, само што веќе не може да прави што сака.

Не е толку страшно не се секирај:P. Тешко дека некој од религиозните се обидува да наметне нешто.
Мислам дека дискусиите се повеќе да ги одбранат своите стојалишта кои стојат на стаклени нозе, ама сеуште стојат;)

И да имаше веронаика во основно, ништо немаше да промени. Дечињата Ќе се соочеа со "фактот" дека постои Господ и ќе знаеја по некоја молитва да кажат:P. А тоа не е така страшно. Откако ќе осознаат други работи можеби ќе го променат мислењето.

Па таман работа у 21 век да инквизицијата праи што сака користејќи ја религиозната убеденост.

Имаш многу полоши работи од религијата.

Ако малку подразмислиш инквизицијата и вербата во црковните старешини како пратеници господови се замени со нешто друго, многу пострашно - (не)вербата и (не)приврзаноста кон политичките партии, кои ја имаат улогата на креатори на нашите животи.
Па види сеа кое е помало зло.
 
Dve spravi mozat da pokazat razlicna temperatura, ednata -14, drugata -15 za istoto mesto.
Ok, moze ako mislis na popovite i kompanija. No, sto imam jas so tie nivni niski i sebicni celi so toa sto veruvam, i so toa sto nekoj drug veruva. Kakva materijalna korist imam jas? Nikakva. I nikoj na nikogo ne moze da mu nametne veruvanje. nema sansi. Sto pati moze da te krstat, ti pak da vikas Gospod ne postoi.

Па јас и не зборам за тебе и за твоето лично убедување, зборам за наметнувањето, односно за користењето на твоето лично верување (поточно за личното убедување на луѓето, се разбираме) од страна на свештениците низ целата историја на човековото постоење.

Не е толку страшно не се секирај:P. Тешко дека некој од религиозните се обидува да наметне нешто.
Мислам дека дискусиите се повеќе да ги одбранат своите стојалишта кои стојат на стаклени нозе, ама сеуште стојат;)

Да стоеа немаше да го праиме муабетов ама паднати се, одамна. Затоа сега имаат потреба од наметнување на своите ставови инаку ќе останат без леб. :P

И да имаше веронаика во основно, ништо немаше да промени. Дечињата Ќе се соочеа со "фактот" дека постои Господ и ќе знаеја по некоја молитва да кажат:P. А тоа не е така страшно. Откако ќе осознаат други работи можеби ќе го променат мислењето.

Не, ја нема причината ја нема ни последицата. Ај вака, нека учат веронаука од 18 години натаму и тоа по слободна воља, баш и не сум сигурен дека тие часови ќе бидат многу посетени. Затоа е таа бука да се воведе веронаука во основно кога сеуште можат да ги изманипулираат и кога не умеат да поставуваат непријатни прашања.

Па таман работа у 21 век да инквизицијата праи што сака користејќи ја религиозната убеденост.

Имаш многу полоши работи од религијата.

Ако малку подразмислиш инквизицијата и вербата во црковните старешини како пратеници господови се замени со нешто друго, многу пострашно - (не)вербата и (не)приврзаноста кон политичките партии, кои ја имаат улогата на креатори на нашите животи.
Па види сеа кое е помало зло.

И во двата случаи луѓе што вртат големи пари, кои не би можеле да го прават тоа ако немаат следбеници, врбуваат следбеници на сите можни најчесто ниски начини. Кај е разликата.
 
1. Да стоеа немаше да го праиме муабетов ама паднати се, одамна. Затоа сега имаат потреба од наметнување на своите ставови инаку ќе останат без леб. :P

2. Не, ја нема причината ја нема ни последицата. Ај вака, нека учат веронаука од 18 години натаму и тоа по слободна воља, баш и не сум сигурен дека тие часови ќе бидат многу посетени. Затоа е таа бука да се воведе веронаука во основно кога сеуште можат да ги изманипулираат и кога не умеат да поставуваат непријатни прашања.

3. И во двата случаи луѓе што вртат големи пари, кои не би можеле да го прават тоа ако немаат следбеници, врбуваат следбеници на сите можни најчесто ниски начини. Кај е разликата.

1. Стојат батка особено оние недоволно разјаснетите од науката. ВО најмала рака додека се разјаснат ќе стојат како божја работа.

2. Ок, нека е така. Само немој д амислиш дека деца од 6-7 години не поставуваат незгодни прашања. Веруј ми и те како поставуваат.

3. Еве и ја викам нема разлика , а ако има тогаш овие новиве - политикантиве (намерно е така напишано) се далеку полоши, според мене.

Сума сумарум светот повторно изнајде рамка (политичарите) како да биде народот во заблуда.
Едната работа се замени со друга, едно зло се замени со друго зло.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom