Жртвување

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.927
Поени од реакции
20.720
Значи темава ја отворам да слушнам општо што мислите за жртвата која е цената за истата и за кого се би се жртвувале?
Дали би го направиле тоа само за некој близок? Или зависи од повеќе ситуации истото?
Јас бидејќи сум мајка на две деца пред се би се жртвувала за нив, би се жртвувала и за потесниот круг на семејствот.. но прашањево повеќе цели, што подразбира жртвата и каква е истата? До каде би оделе кога ќе треба да жртвувате нешто за некого? Имате ли некоја граница или пак сте широкогради и би направиле се што треба за да му помогнете/спасите некого во некоја тешка ситуација?

Ајде да ги слушнам вашите размислувања околу оваа тема..

(не најде пребарувачот ваква тема ако е дупла спојте)
 
жртва - доста тешко искушение во животот на секого , но зависи каква е таа жртва ?

конкретно за моите браќа и сестри ( семејството ) би се жртвувал по секој цена и за сешто ( макар да биде и нешто "валкано" )

за некого што го сакам , близок мој истото би го сторил - макар ако треба да се плати и "скапо" .
што мислите за жртвата која е цената за истата и за кого се би се жртвувале?
Дали би го направиле тоа само за некој близок? Или зависи од повеќе ситуации истото?

До каде би оделе кога ќе треба да жртвувате нешто за некого? Имате ли некоја граница или пак сте широкогради и би направиле се што треба за да му помогнете/спасите некого во некоја тешка ситуација?

нормално е - нешто ко инстинкт - за блиските , ако има малце доблест - после одредена ситуација - тоа е тоа ( ако не изреагирам така ќе ме гризе совестта , ќе неможам да му погледнам во очи на тој за кого не сум го сторил тоа )
 
би се жртвивал за некој кој знам дека ке се жртвува и за мене
 
Жртва... во кој смисол на зборот? Да се откажам од нешто мое за нечие добро? Да дадам лева рака за нечиј живот?:)

Не знам... Секој си гледа прво за него, после за другите.
Има исклучоци... На пример, за семејството, веројатно би се жртвувала кога би била во таква ситуација. Мада, пак не можам да замислам на какво хипотетичко жртвување се мисли...
 
Жртва... во кој смисол на зборот? Да се откажам од нешто мое за нечие добро? Да дадам лева рака за нечиј живот?:)

Не знам... Секој си гледа прво за него, после за другите.
Има исклучоци... На пример, за семејството, веројатно би се жртвувала кога би била во таква ситуација. Мада, пак не можам да замислам на какво хипотетичко жртвување се мисли...


Затоа и напоменав кој се ситуациите и која е границата за жртвување, значи кога што за вас е пресудно, да би дала еве рака за некој кој ти е близок, драг или незнам што ...?
 
...за домашниве...се ама баш секаква жртва би дала..заш тие ми се единствено нешто на светов...единствени се за мене...без нив...би била сосема сама :smir:
...за другарка..хммм моменрално незнам...во дилема сум тука...зашто како што гледам...не може никому да веруваш...заш сите зад грб ти седат со нож кој во секој момент би ти го забиле..само да дојдат до шанса...
 
Ако му треба некому мојата жртва, секогаш ја има, без оглед кој е. Најлоша особина нели? Е па таква сум.:jaj:
Значи не бирам кој е тоа. Секако за најблиските и без да го побараат од мене, го имаат тоа. За другите, доволно е да ми се побара, за да го направам тоа што им треба од мене. Може ќе се подзамислам доколку не е некоја стабилна личност во прашање, ама сепак на крај се жртвувам.
И да, никогаш не барам ништо за врзврат или го качувам на глава моето жртвување за да ми го запамтат и наградат. Јас си знам дека сум помогнала и тоа ми е доволно, ако успеало.
 
За ова не можам да зборам да не или би се жртвувал. Зошто како прво се работи за дадена ситуација и даден момент. Потоа за даден проблем. Така да се би зависело од тоа па во тој момент би ми дошол правиот одговор. И јас сеа може да се правам муж пред сите ќе скокам од камени мост, од ајфеловата кула, за Македонија би правел ова она ама работата е на дело тоа да се покаже затоа сите се правиме на зборови. а на дело не сме толку јаки затоа во темава мислам се е до моментот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom