Можам бе. Ај малце да го практицизираме тоа што ти го збориш, пошо некако многу теорија ми вртиш, не дека не си у право. Чекањето да порасте свеста ќе започне кога ќе се укинат социјалните нет мрежи и телевизијата, ја уназадуваат младината, никој не се образува на никаков начин више надвор од факултет, или па тоа е недоволно. Не мора да живееме како пештерски луѓе, но мора да намалиме на технологија, а да зголемиме на култура и образование. Тоа значи, работното време да се намали на пристојно време па така човекот да има време да биде сестран. Зошто во ова време нема ни време ни сила. Не само да се намали работното време, него и некои професии и професиички да се отфрлат, политичари, администрација, келнери, дизајнери. Пред се`, работата да се сведува на снабдување на материи за егзистенција за секој жив, па според тоа, никој да не мора да има егзистенцијални проблеми. Да бе, сите луѓе на светов рецимо од 8 до 14 саат ќе бидат: пекари, земјоделци, сточари, во индустрија, во снабдување. Како ќе се реши проблемот со здравството и сите да бидеме покрај живи и здрави, не знам, ајде ти практицизирај малце бар у глава, пошо лап-топов се прегреа.