rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Автомобилските натпреварувања, рели трките, Формула 1 и слични други натпреварувања се сметаат за машки спортови и натпревари.
Но сепак има и храбри и одлични девојки кои им се конкуренција на најдобрите машки возачи во светот.
Неколку девојки можат да се стават во листата на најдобри женски возачи во светот и кои се натпреваруваат рамноправно со мажите во одредени автомобилски натпреварувања.
Во минатото погрубите спортови беа исклучително машки а денеска речиси да не постои исклучиво машки спорт. Фудбалот важеше за најмашки спорт, но денес постојат илјадници женски фудбалски клубови и повеќето држави имаат женски фудбалски репрезентации. Постои женски бум во светот за фудбалот.
А се повеќе се зголемува и интересот за автомобилските спортови кај жените.
Еве неколку интересни примери за одлични женски возачи
Natasha Gachnang премина од шпанската Формула 3, каде била меѓу најдобрите, во новоорганизираната Формула 2, која би можела да биде отскочна даска за влегување во Формула 1.
21-годишната возачка имала многу успеси во својата кариера, од двете страни на Атлантикот, а минатата сезона во шпанската Формула 3 заврши како трета.
Организаторите на новата Формула 2 ја поканија да се приклучи кон нивните трки.
Ако влезе во Формула1, Gachnang нема да биде првиот женски возач во историјата на ова натпреварување, туку шеста.
Најдобриот женски возач во историјата на Ф1 беше јужноафриканката Desire Wilson, која возеше пред 30 години.
Леге е првата жена-возач што добила шанса по повеќе од 10 години да тестира болид на Ф-1. Слично искуство имаше и Сара Фишер во 2002 година во Индијанаполис, но тоа беше само кратка демонстрација со болидот на Мекларен. Според Леге, причина за излетувањето бил системот за "контролата на тракцијата", која за момент се исклучила.
Последната жена што се обидела да се натпреварува во Формула 1, била Италијанката Џована Амати во 1992 година. Не успеа да се квалификува на неколку трки, возејќи го болидот на Бребем. Потоа беше заменета од Дејмон Хил, кој 4 години подоцна стана светски првак.
Danica Patrick може да биди првата жена која ќе вози Формула 1 после 30 години. Сексипилната Американка со Српско потекло која порасна во Илиноис ги покажа своите квалитети со победата на Indy Car, па газдата на Хонда, Nick Fry сега ја повика на тест возење за да провери колку може да се докаже и во Формула 1.
Доколку Даница ги покаже своите квалитети на пробното возење во Барселона, на ладни услови, наредната сезона би можела да стани дел од тимот на Хонда.
Кај нас секоја година за 8ми Март се одржуваат женски рели трки на кои учествуваат околу 30сетина натпреварувачки.
Се повеќе ќе се зголемува бројот на женски возачи во автомобилските натпреварувања. Ништо чудно за некоја година да видиме и женски Ф1 натпреварувања и трки.
Многу би сакала и активно да вози некоја девојка Ф1, така и ќе се зголеми гледаноста на формула од страна на женскиот пол.
Автомобилизмот не е повеќе само машки спорт