Зголемен бројот на корисници на интернет во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Македонија бележи раст на корисниците на Интернет во првите пет месеци од годинава, споредено со истиот период лани, покажало последното истражување на “Стратеџик Маркетинг“, нарачано од УСАИД.
Според анкетата бројот на Интернет корисниците во земјава пораснал за 5 отсто, додека бројот на корисници на компјутери пораснал за 4 отсто. Околу 32 отсто од анкетираните граѓани се изјасниле дека користат Интернет, а 47 отсто дека редовно користат компјутер.
Со анкетата било констатирано дека 64 отсто од 1.057 испитаници секојдневно користат компјутер. Интернет пак секојдневно користат 44 отсто од испитаниците, а 42 отсто, тоа го прават еднаш неделно.
 
Топ! ова ме потсеќа на 2002 година - Зголемен бројот на корисници на Мобилни Телефони во Македонија. :)

и еве денеска нема кој нема мобилен :) гледам луге и по 2/3 ги носат во џеб. Се надевам нема за 5-6 години сите да носат лаптопи со вифи :pos:

абе ние Македонците, напредни сме во хај-текот!

е сега малце да помрчам:

Да, и јас приметив многу мои другари до вчера што незнае да уклучат компјутер, дремеа по интернет кафиња, денеска имаат интернет и дремат дома - ама не знаат за што служи интернетот :)

повеќето од нив битно им е само да знаат да отворат некоја веб страна и ете ги компјутерџии се :).

да не мрчам многу, не сум ни јас нешто многу за фалење и покрај долгогодишно искуство, ама со ова сакав да кажам дека џабе ако имаат сите интернет кога никој незнае да го користи. Треба прво да се провери образованието/знаењето па после да се фалиме.
Знам многу луѓе со факултет завршено, доста просперира во својата работа а незнае ворд документ да напише. Па не е секогаш моја љубица или како и да беше тоа со рекламата: Шо ке ми е компјутер, си имам јас своја љубица ли беше?

ајт доста беше, не дека се изнервирав ама не е убо да се фалиме со вакви работи :) да не го сфатите постов како навреда ама гледам и многу луге мобилни ова она а тураат по 100 денари кредит месечно - па за што ви служи мобилниот бре? за на маса кога ке искочите во кафич? :)
ок, приметив. Се нафурав лошо... :(
 
Топ! ова ме потсеќа на 2002 година - Зголемен бројот на корисници на Мобилни Телефони во Македонија. :)

и еве денеска нема кој нема мобилен :) гледам луге и по 2/3 ги носат во џеб. Се надевам нема за 5-6 години сите да носат лаптопи со вифи :pos:

абе ние Македонците, напредни сме во хај-текот!

А зошто да не?
 
Македонија бележи раст на корисниците на Интернет во првите пет месеци од годинава, споредено со истиот период лани, покажало последното истражување на “Стратеџик Маркетинг“, нарачано од УСАИД.
Според анкетата бројот на Интернет корисниците во земјава пораснал за 5 отсто, додека бројот на корисници на компјутери пораснал за 4 отсто. Околу 32 отсто од анкетираните граѓани се изјасниле дека користат Интернет, а 47 отсто дека редовно користат компјутер.
Со анкетата било констатирано дека 64 отсто од 1.057 испитаници секојдневно користат компјутер. Интернет пак секојдневно користат 44 отсто од испитаниците, а 42 отсто, тоа го прават еднаш неделно.
па редно е да се зголеми...гројот на корисници на нет
во Прилеп гигантно расте...
во 2недела по 70нови инсталации...
на канжбелски нет..
 
па редно е да се зголеми...гројот на корисници на нет
во Прилеп гигантно расте...
во 2недела по 70нови инсталации...
на канжбелски нет..
Во гевгелија ете да кажам 60% од младава популација имаат интернет,ама за што го користат,кога поголемиот дел од нив знаат само што е мирц и скајп?....Па ја не би сакал интернет ако само за тоа би го користел :(
Како и да е,не е воопшто лошо тоа што се поголем процент од населението има интернет,напротив...ама сепак не сме нешто за фалење :)
 
Позитивна работа во секој случај. Верувам дека причината е намалувањето на цените за интернетот и повеќето кабелски оператори што го овозможија ова.

Нормално дека ќе има луѓе кои освен програми за chat нема да знаат да го користат за ништо друго, но ако се заинтересирани со текот на времето ќе научат нешто сигурно. Кога веќе ја имаме можноста да научиме, кога имаме услови, се е полесно.

И навистина убава вест, ме радува што барем во нешто успеваме да одиме чекор понапред.
 
Во Гевгелија ете да кажам 60% од младава популација имаат интернет,ама за што го користат,кога поголемиот дел од нив знаат само што е мирц и скајп?....Па ја не би сакал интернет ако само за тоа би го користел :(
Како и да е,не е воопшто лошо тоа што се поголем процент од населението има интернет,напротив...ама сепак не сме нешто за фалење :)
Јас би рекла 85% популацијата во Гевгелија има интернет,а најголем дел од нив баш за она што го кажа,мирц и скајп..Голем пропуст..постојат и други работи освен тоа...
Сепак..што е тука е :) Нека се множат,со мирц и скајп сите сме почнале :baeh:
 
Не може да се очекува сите корисници да ги знаат придобивките од интернетот. Сепак секаде во светот огромен е бројот на оние кои што го користат единствено за е-маил и разговори преку voIP. За поздравување е тоа што има и вакви корисници кај нас се почесто. Замислете какви придобивка би била кога сите наши другари би користеле скајп. Финансиите што ги даваме за телефонски разговори драстично би се намалиле. Или кога сите редовно ќе проверуваат е-маил кој што би ги заменил смс пораките. После малку подолго користење секој ќе си пронајди што го интересира на интернет и за што може да го искористи. Што повеќе квалитетни содржини на нет на Македонски јазик толку поголеми шанси за зголемување на пенетрацијата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom