Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Претседател на Лекарска комор во МКД -2026!
(д-р Никола Јанкуловски)

Screenshot 11-12-2026 19.14.59.png


Како држава сме феномен за носење на исти луѓе како функционери на различно место и време (било кој да е на власт) или ќе бидат стари кадри демек многу способни или ќе бидат ептен млади кадри тукушто излезени од клупи демек и тие многу способни, а средината која е најсоодветна, никако да дојде до израз да се спои и нормална возраст и искуство за некое функционерско место.
Накратко кариерата во едукацијата!

1984 Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје со титулата доктор по медицина.
1988 Избран бил за помлад асистент по предметот хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје.
1990 Го положил специјалистичкиот испит и станува специјалист по општа хирургија.

1991 Избран бил во звањето асистент по хирургија.
2002 Докторирал на Медицинскиот факултет во Скопје и се стекнал со титулата доктор на медицински науки.
2004 Избран за доцент по предметот хирургија.
2009 Избран со звање вонреден професор.
2013 Избран за редовен професор по хирургија на Медицинскиот факултет при УКИМ

2025 – во тек: Специјалист по дигестивна хирургија во Клиничката болница „Жан Митрев“ во Скопје.


Накратко кариерата како функционер!

2007 – 2009 Директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија во Скопје.
2009 – 2016 Декан на Медицинскиот факултет во Скопје во два последователни мандати (прво како в.д. декан од април 2009, а потоа редовен декан од септември 2009 до 2016 година).
2016 – 2023 Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје во два последователни мандати (2016–2020 и 2020–2023 година).
2026 година: Избран е за претседател на Лекарската комора на Македонија со четиригодишен мандат

Добиени награди!

начинот како и кој конкурира во избор на тој што се наградува нема да коментирам има и заслужни, но има и побајаги незаслужни во однос на други кои биле елиминирани поради моментална несоодветност, а не поради заслуга на дадениот труд!
2013 Добитник на државната награда „Св. Климент Охридски“ од областа на здравството.
2015 Добитник на повелбата „Д-р Трифун Пановски“ од Македонското лекарско друштво и државната награда за животно дело „11 Октомври“.

2019 Одликуван со Орден на честа и уметноста од прв ред на Република Австрија.
2023 Одликуван со титулата Витез од Националниот ред за заслуги на Република Франција


Првиот избор на Јанкуловски за ректор се случило во период на силни студентски протести и дебати за автономијата на универзитетот.

... пред самата седница на Сенатот на УКИМ, активистите на „Студентскиот пленум“ го блокирале влезот на Ректоратот за да го спречат гласањето, поради приговор дека во изборот учествувале претставници на Студентскиот парламент со одамна истечен мандат, што според нив го направиле процесот нелегитимен.
... покрај бојкотот и напуштањето на седницата од страна на Пленумот, Сенатот го избрал Јанкуловски со 43 гласа, наспроти шесте гласа за неговиот противкандидат Ненад Новковски, Јанкуловски признал дека автономијата на универзитетот и слободната мисла претходно биле нарушувани и ветил нивно унапредување ((дали воопшто се остварило?)

Реизбор за ректор на УКИМ (јуни 2020 година)
Неговиот втор мандат на чело на УКИМ во екот на пандемијата со Ковид-19 и предизвикале остри реакции во самата академска заедница со што независниот Академски синдикат (НАкС) и тројца тогашни проректори јавно обвинувајќи дека постапката за избор на ректор во вонредна состојба била со нејасна законска основа.


904472584_2194463761955621_5385838357820171721_n.jpg Screenshot 11-12-2026 19.11.50.png

Избор за претседател на Лекарската комора (ноември 2026 година)

Најновиот избор на Јанкуловски за прв човек на Лекарската комора поминал во помирна институционална атмосфера, но со забележливи реакции на социјалните мрежи, конституирањето на новото Собрание на Комората претходно се одложувало неколку месеци, но на самата седница на 11 ноември 2026 година, д-р Јанкуловски бил единствен кандидат за функцијата и бил избран со 63 гласа од присутните делегати, од толку лекари во МКД немало ниеден пријавен во конкуренција за претседателското место? Па нормално ако претходно сите биле елиминирани по различни основи или не смееле воопшто да се пријават и затоа е општо познато, таму каде има само еден пријавен во било која област, тендери, конкурси, стипендии, кредити, функционери, пријавениот е ,,наместен“ и не треба да има воопшто гласање, се гласа за само еден пријавен; поретардирана работа нема!


1. Случајот со двојната плата и Антикорупциската комисија (2019 година) кога Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побарала кривична одговорност за Јанкуловски дека по изборот за ректор на УКИМ во 2016 година, тој не го ставил во мирување работниот однос на Клиниката за дигестивна хирургија и земал две плати, со што стекнал имотна корист од околу 2,45 милиони денари, дали воопшто ги вратил парите или дали воопшто се спровела кривична одговорност?

2. Тужбата за мобинг и судијката чиј сопруг бил негов пациент во 2019 година, поранешната внатрешна ревизорка на УКИМ, Лилјана Попчева, го тужела Јанкуловски за психичко вознемирување на работното место (мобинг) и за отказ, тужителката барала изземање на судијката Павлина Попоска, наведувајќи дека токму д-р Јанкуловски претходно го оперирал нејзиниот сопруг, Судот го одбил барањето за иземање, а пресудата била донесена во корист на Јанкуловски, со заклучок дека немало мобинг дали тоа судството било и е корумпирано, ма неееее, така ни се чини!

3. Во текот на неговиот ректорски мандат, на социјалните мрежи и на поединечни портали со сензационалистички карактер се ширеле и непроверени тврдења и гласини за неговиот приватен живот и наводни афери со студентки, никогаш потврдени, ниту пак биле предмет на официјална постапка пред институциите.

Screenshot 11-12-2026 18.59.11.png

„Во јавноста постоеле институционални преписки и критики за начинот на кој раководел со институциите, официјалните постапки против него завршувале во негова корист, додека прашањата за неговиот приватен морал останале само на ниво на чаршиски муабети и лични искуства на поединци е таков.“
 
Последно уредено:
не може да повторуваш секој ден исти постапки а да очекуваш различен резултат.
 
Back
На врв Bottom