ЗДРАВО МЛАДИ фестивал во МКЦ - 22-23.04.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.548
Поени од реакции
8.386
Веб-сајт
www.flickr.com
Здраво Млади!
Ние сме фестивал... на нова музика. Во потрага по нови музички хоризонти одучивме радикално да ја провериме стварноста во која живееме. Пронајдовме добри вести и решивме да ги споделиме со Вас. Настапуваме "скромно", со 10 артисти од светот и регионот за кои сме нескромно убедени дека ја претставуваат музиката "пред времето".

А на ЗДРАВО МЛАДИ! линијата оваа година се:
NO AGE, еден од највозбудливите нови американски гитарски бендови,
раскошниот германски синтисајзерски харизматик ULRICH SCHNAUSS,
британските електро хип-хоп легенди BOMB THE BASS,
канадското електро-гитарско дуо HANDSOME FURS,
новата one-man хип-хоп американска сензација LUSHLIFE,
скопското динамично инди трио ХАХАХА,
култното гаражно комбо од Грција NO SIN,
бугарската фјужн трип-хоп група NASEKOMIX,
српската пост панк дружина KRIŠKE,
нашиот авангарден импровизатор ADI,
како и хрватското future-pop откритие HEMENDEX.

Ќе се случиме на 22ри и 23ти април во Младинскиот културен центар.

Влезниците за фестивалот по цена од 400 денари (до 1. април), 500 денари (до 21. април) и 700 денари на ден на фестивалот во претпродажба во Југотон, Лаика, Браво, Ла Кања, Дамар, Круг (Аеродром), Чакра и Балет.
Влезниците можете да ги резервирате на tickets@zdravomladi.com

Млади... ве очекуваме.
Младински културен центар и Канал 103

www.zdravomladi.com
http://mkc.mk/
www.kanal103.com.mk
Фејсбук ивент
 
Поише од пола од фациве не ги знам -.-
 
Ваљда ептен сум јас назад во времето. Дали 3 настапувачи знам. А и ако овие се претставници на иднината, ваљда и ценава на картата е од иднина. Тогаш Македонија ваљда ке има поголем стандард...
 
Ае така ни е коа не сме хипстери. Туку ако ги донесат Cannot band од Србија давам пунно пари за карта. Вака ќе се пазариме :)
Cannot ги знам, само затоа што певаљката и гитариска у бендот е другарка на братучетка ми.

Ако не забораам ќе идам да го прашам другар ми Аце, он пушта музика у 103ка, колку од бендовите знае, и кои се добри :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom