Зборување на мајчин јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Возраст
32
Локација
Скопје
Оваа тема е повеќе наменета за малцинствата, инаку инспириран од една случка што ми се деси вчера, имено мој другар вчера откако го наслушна мојот телефонски разговор со мајка ми кој беше на нашиот мајчин јазик (српски), му дое чудно зошто зборуваме на српски и ме праша :„Брат, зошто на српски зборите?“ (знае дека и двајцата родители ми се Срби) :D Па ме занима дали и вие зборите дома на мајчин јазик?
 
Не е ништо чудно, мислам дека сите си зборуваат дома на мајчин јазик, имам јас еден другар, тако му е србин а мајка му македонка, со татко му си зборува српски, со мајка му македонски, исто така со неговите другари кои имаат српски корени си зборуваат српски коа се сами :)
 
Кај мене си збориме на македонски - јас често имам навика да користам дијалекти ( најчесто Западно-Македонски дијалекти) користиме понекогаш и архаични зборови, а ретко поради заебанција зборам на хрватски, бугарски и англиски со сестра ми (кога не сакаме да не разберат родителите), а паѓа и по некој збор на турски и албански.
 
Надвор и на нет зборувам македонски литературен,а по дома со мојве на чехословачки си збориме.
Интересна работа...
--- надополнето: Sep 21, 2011 7:05 PM ---
Не е ништо чудно, мислам дека сите си зборуваат дома на мајчин јазик, имам јас еден другар, тако му е србин а мајка му македонка, со татко му си зборува српски, со мајка му македонски, исто така со неговите другари кои имаат српски корени си зборуваат српски коа се сами :)
Ете видиш... јас па не позавам ниеден Србин кој дома збори на српски... за разлика од Бошњаци, Албанци итн кој практикуваат мајчин јазик зборење
 
ја сум 50-50 македонец србин али више се чувствувам како македонец и дома зборам на македонски.. баш пред недела две имав гости од србија па со нив зборев на српски па добро го говорам јазиков :D
иначе имам другари/ки кој дома зборат на српски и некој на хрватски исто така имам другари кој зборат турски по дома а и надвор се дешава турски да зборат
 
Надвор си зборам литературен јазик особено со жени зборував литературен јазик а вака кога се изнервирам многу сум дрзок вреѓам се што ќе ми дојде на памет:)
 
Интересна работа...
--- надополнето: Sep 21, 2011 7:05 PM ---

Ете видиш... јас па не позавам ниеден Србин кој дома збори на српски... за разлика од Бошњаци, Албанци итн кој практикуваат мајчин јазик зборење

Да да, не е чудно. Во мојава општина тие што имаат српски корени барем од едната страна по дома си зборуваат српски :)
 
бидејќи татко ми е полу-србин (по мајка) често знае да каже нешто на српски намерно за да ме изнервира (го мразам српскиот јазик) :tapp:, исто и чичковците.. а некогаш со сестра ми збориме на англиски за моите да не нѐ разберат :D
 
Мене се ми е испомешано, татко ми Турчин, мајка ми Босанка, меѓу себе зборуваме македонски. Ваљда тоа е така зошто татко ми не знае српскохрватски а мајка ми турски, па македонски ни е common ground. И така јас ни м од македонско немам а подобро го владеам јазикот од некои Македонци. Шарено ми е дома во секој поглед, татко ми декларативен муслиман зошто не се замара многу, мајка ми агностик, јас атеист итн.

И ондах то...
 
И зачленет од денес...

Иначе кај нас дома, татко ми е од Бучин, мајка ми е од Битола, ама сепак дома зборуваме македонски. И татко ми знај некој збор на селски да опали, ама го поправаме и му кажуваме како се вика на македонски, мајка ми по некој збор битолски, ама пак се разбираме дома збориме Маќедонцки литературен пошто нели бил јазик за сите да се разбереме.
 
Јас во јавност (мислам кога сум во Скопје) зборувам литературно, а кога сум во Тетово зборим на мојот мајчин јазик тетовски :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom