- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 114
- Поени од реакции
- 0
Русија, Грција и Бугарија потпишаа договор за трансбалканскиот нафтовод
Договорот ги оконча 15-годишните преговори за изградба на 279-километарскиот нафтовод кој би пренесувал 700.000 барели дневно
АТИНА - Грција, Русија и Бугарија вчера го потпишаа долгоочекуваниот договор за изградба на трансбалкански нафтовод што ќе пумпа евтина сурова нафта до Медитеранот и ќе го зајакне влијанието на Русија на европскиот енергетски пазар. Рускиот претседател Владимир Путин, грчкиот премиер Костас Караманлис и бугарскиот премиер Сергеј Станишев присуствуваа на потпишувањето на договорот со кој завршија речиси 15-годишните преговори за изградба на 279-километарскиот нафтовод. Откако ќе почне со работа во 2009 година, нафтоводот во вредност од 950 милиони евра ќе оперира од бугарското пристаниште на Црното Море - Бургас до северното егејско пристаниште Александрополис, заобиколувајќи ја прометната Босфорска Теснина во Турција. Нафтоводот ќе пренесува 700.000 барели дневно или 35 милиони тони сурова нафта годишно, со потенцијал да достигне до 50 милиони годишно.
„Енергетскиот потенцијал на Русија и географската локација на Грција и Бугарија отвораат брилијантни перспективи за соработка. Тој договор дополнително ќе го зголеми добриот дијалог за прашањето на енергетска меѓусебна зависност“, изјави Путин пред новинарите. „Сигурни сме дека проектот ќе го стабилизира снабдувањето на енергетските пазари. Тоа ни овозможува да размислиме како можеме да имаме дополнително зголемување на нафтените резерви од Касписко Море“, рече тој.
Откако беше замислена идејата за нафтоводот во 1993 година, често пати на преговорите амбициозниот план се најде на работ на пропаѓање. Одложувањата на танкерите во Босфорската Теснина ги чинат нафтените компании речиси 1 милијарда долари годишно, а нафтоводот е еден од неколкуте во развојот на различни патишта на транспорт. (Ројтерс)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0E1DEA9384313048AC00CE8BB5BFD5D4