Иако малку закаснето пишувам, ќе го напишам ова бидејќи може да му послужи на некој што ќе биде полуматурант годинава, ако има аспирации да се запише во ЈБТ.
Би му рекла да не се запишува. Ќе наведам и факти.
1. Директорката е лост ин спејс дефинитли, ја интересира само како да земе пари и да не ограби со тоа екскурзиите, а за тоа дали во школото цевка пукнала, во вецето дали има нешто квар, не мрда ни со прст. Си предава и во 5та Приватна гимназија кај малоумните, тоа и е поважно, ја сфаќам.
2. Професорите работат на принцип: Едно мислам, друго зборам, трето правам. Пример: Јас сите ќе ве оставам на полагање, нема врски кај мене, јас сакам да научите нешто .... дрндрндрн... На крај на јуни сите со 2ки 3ки по предметот и ајт создравје. Си одат од час кога сакаат, си доаѓаат кога сакаат. Најглупаво е што мислат дека поради тоа што предаваат во ЈБТ сите им се под ниво, па на часови често ќе слушнеш како зборат дека учениците и професорите од Орце, Корчагин, Карев не се на нивно ниво и не ни помислуваат да се споредуваат со нив.
3. Ако си спортист, ни под точка разлог да не се запишуваш таму, затоа што деновите за отсуство што ќе ги побараш ќе ти ги одбијат, со образложение дека тоа е глупост, дека спортот е за уличари а знаењето е поважно, кое за жал не го добиваш. Спротивно на тоа, фуфиците што ќе побараат да излезат од час за да се видат со љубениот кремец, ќе бидат ослободени. Страотно.
Се разбира има и исклучоци, но такви професори од мајка родени се дали еден или двајца во генерација, другото се се` покварени створења.
Единствени плусеви во школото според мене се греењето, на зима е топло што по купачи можеш да се шеташ и паралелката за Меѓународна Матура, затоа што можеш да добиеш диплома призната во странство.
Па ајде и вие пишете што чини што не чини во вашето училиште, не само Корчагин закон, Карев закон, пишете што е толку закон таму, а што не чини, верувам дека така некому ќе го олесните изборот за во средно училиште
