Застава 1800 (Фиат 1800) - единстениот модел во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Evo XII
  • Време на започнување Време на започнување
Одличен автомобил и одлична приказна... Мој совет е да го чуваш, реално не можат да се земат сериозни пари за тајмер овој период па попаметно е да го чуваш. Ако си во странство најверојатно е полесно да доприш до оригинални брошури, каталози и прирачници конкретно за тој модел. Додека да дојдеш до него имаш доволно време да го проучиш, и тоа што е најважно да ти влези оригиналноста во глава затоа што има премногу возила кои од премногу ентузијазам и еуфорија се уништуваат (тапацирање со чудни материјали во уште почудни бои, бандажи, музика....) Имаш редок автомобил кој во оригинална состојба дефинитивно ќе привлече внимание.
 
Значи за возилото најдов доста информации.Знам дека се склопувало во Бразил,и дека за него сеуште може да се најдат делови.Исто така било извезувано во Нов Зеланд,посебно го користеле фармерите ама караванската верзија.

Во Италија бил многу популарен ама моделот 1500т(Такси),зошто кај таксистите важел за комотен автомобил.Го носел подвозјето од Фиат 1500,најверојатно поради потрошувачката на гориво.Доста редок автомобил,мислам дека е и едниствен во Македонија,според оние информации кои ги имам јас.

Како дете го памтам,имаше ист ваков во Скопје,ама бела боја.Стоеше паркиран позади Собрание.За тој период возило во класа на тогашниот Опел Рекорд и Форд Таунус.Пак ке речам штета за Црвена Застава,бидејки во тој период ке беше нешто невидено на тогашните простори.

По одпадите на Запад може да се најде понекој зачуван комплетен примерок,ама проблемот е со увоз зошто се работи за доста старо возило,а не знам нашиот закон дали го покрива овој дел посебно кога се работи за олдтајмери.....

Сега за сега ке го чека газдата да се врати(т.е јас)од печалба,па понатаму ке видиме што ке биде.Инаку имам задолжено екипа,која го провозува низ околните паркинзи,нормално поради гумите и подвозјето.....
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 08:52 ---
Е сега кај мене во населба има еден чичко(дали е жив,не знам)кој има ФИАТ 132ГЛС од 1975 чинам дека е со оригинална боја и мислам дека беа некои си 70000км поминати.Знам возилото само гледа сонце и тоа пролетно,а остатокот од годината чмае у гаража.Ке задолжам луге ако го начекаат да земат некоја фотографија,да уживате во нив....
 
Обожавам европски олдтајмери од '50-ите и '60-ите, а на прво место Фиати, така што овој модел навистина многу пријатно ме изненади и одлично е сочуван.
Дали имаш уште некоја слика, на пример од задниот дел?
А каде се наоѓа Фиатот, во Скопје?
 
Задниот дел многу ме потсеќа на пежо 404, само што фиатов изгледа малку подолг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom