Заштита од корозија

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Локација
Middle of nowhere
Љубител сум на антиквитети, не дека фрлам пари по такви работи, но досега има собрано доста реликвии од 2-ра светска. Имам еден руски шлем, ама гледам дека се повеќе и повеќе корозира и онака е доста застарен. Сакам да се зачува автентичноста па не ги бојадисувам. Е сега дали ќе престане да се распаѓа ако го исфарбам со боја, лак за метал или дрво?

( Барам комунистичка петокрака со големина на монета и никако не можам да најдам оти ми продаваат цели сетови, чуда, дрангуљи )
 
Мора да ја остраниш корозијата,повеќе да не „работи“ и да ја сопреш,
потоа да го заштитиш со премази за заштита да нема допир металот со влага - кислород.
-Антироз, има упуство на него,потоа заштита може и безбојна.
 
Антирозот се содржи во оние силиконските лакови ( оние на RenCo ) благодарам инаку, околу рѓата не може да се направи ништо освен да се иструга со она хартија
( гланцпапир ), ау фала шо ме потсети за антирозот ич не ми текна...па ако се иструга и се нанесе боја ваљда нема допир со воздух и влага?
 
Antirost е еден вид киселина се продава посебно. Не може во лакови да ја има.
 
После стругањето со гланц папир најдобро е парчето метал да се третира со некоја хелатизирачка хемикалија, но таквите не се комерцијално достапни за жал.
Еден професор ни кажуваше дека корозијата се спречува со раствор од лимонска киселина (лимонтус), мада никогаш немам испробано. Пробај на некое мало парче, во принцип би требало да делува. :)
....
надополнување: Најдобра заштита против корозија е галванизација, било да се работи за хромирање, поцинкување и слично, но е скап процес, за кој треба соодветни хемикалии електроди, контрола на напон и слично и не би можел да го изведеш во домашни услови.
 
Пред да ставиш боја распрашај се за хромирање.
 
Да не разјадува многу лимонската инаку имам многу таква. Целта е да се намали корозијата немам во план да го мумифицирам тоа железно тенџере па да стои векови, има значење за мене па затоа сакам да остане цел ;)
 
Искрено, незнам. :D Затоа ти кажав пробај на страна на некој предмет, па ако мислиш дека има дејство продолжи со твоите. :)
 
Messanger

Земи WD40 или MoS2Oil од SONAX....премачкај ги предметите и убаво истријги со памук....предходно провери на некое мало место да не случајно ја вади бојата (во принцип не би требало)....овие производи ќе ја отстранат р'ѓата....ако не е сериозно корозиран металот и ќе створат заштитен премаз кој ќе спречи понатамошна корозија.....Mos2Oil мириса поизразено за разлика од WD40 но мислам дека е подобар во заштита од корозија...додека WD40 e за отстранување на веќе создадена корозија...доколку металот е премногу корозиран со шмиргла одстрани ја корозијата и употреби некој од овие два спреја....инаку доколку само сакаш да ги заштитиш предметите и не ги допираш секој ден....во продавниците за оружје има маст за конзервирање.....го премачкуваш металот и долги години си го решил проблемот со корозија...само што вака конзервираните предмети неможеш да ги употребуваш без да ги исчистиш
 
ќе мора да шмирглаш :(....се продаваат наставци за бормашина (бели...влакнести) служат за полирање....мислам дека е подобро да употребиш нешто такво наместо обична шмиргла...
felt-polishers.jpg

прво пробај на мало парче....наместо скапи пасти за полирање можеш да употребиш паста за заби....потоа измиј го метелот со алкохол и на крај нанеси од спреевите спомнати погоре

images
images
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom