Заштедени пари - предлог за бизнис?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikola61
  • Време на започнување Време на започнување
imam 5000 evra zastedeno kako bi bilo najdobro da gi investiram nekoj mal biznis sto bi se isplatel
Најдобро е некој бизнис да почнеш ама 5000 евра реално и не се којзнае колкави пари за бизнис.

Секој бизнис се исплати горе доле ама ако и само ако знаеш да го работиш. Прво не секој има акал менаџер да биде следно треба да имаш познавање од бизнисот каде што планираш да вложиш пари. На пример ако си завршил на факултет информатика сигурно нема туристичка агенција да отвориш или пак обратно ако си бил на факултет за туризам нешто сосем неповрзано.

Втори треба да знаеш што сакаш да работиш. После идеш да работиш некое време година две.(Еве на пример ако сакаш да отвориш ресторан ќе работиш две години во некој ресторан, ако отвораш ИТ фирма ќе работиш две години во ИТ фирма итн)

После тоа во зависност од бизнисот ти треба почетна клиентела, добавувачи(по потреба зависи од бизнисот), познавање на законот поврзан со тој бизнис, бизнис план, маркетинг план итн.

П.С Многу работи набројав ама од се ова треба да имаш барем основни познавања.

П.С2 Немој да отвараш бизнис ако не знаеш што да правиш со парите некогаш подобро е да почекаш да не избрзуваш додека не стекнеш доволно информации за бизнисот, но од друга страна и премногу двоумење не е на добро ова мора сам да одлучип кога е вистинскиот момент.
 
Ја би средила некој локал,и би го изнајмувала за приватни забави,родендени,матури итн. Ти го даваш само просторот,они се си носат. Ем земаш пари,ем ништо не работиш ти. Сигурно земаат околу 100 евра од вечер ваквите места,а мислам дека ги има многу малце. Посебно за Нова година кога се изнајмува,се креваат цените,можеш и дупло да заработиш. А ако не ти се дава заради безбедност на стварите во локалот,тогаш можеш и под кирија да го даваш на некој,да го работи..само што мислам дека помалце ќе ти се исплати така. А и добра е идејава со забавен клуб,секогаш има луѓе по вакви места.
Со лесно :D

А локалот од каде?:DКој тоа си носи се(мезе,пијалок) а изнајмува само локал ?ја колку што памтам пред 15 години носеа од дома,сеа веќе никој не се замара да носи од дома у локал.иначе нова година е еднаш у година(цената од 100 се крева на 200евра,и ќе ги даде за скршените столчиња),не е секој ден :D.
Овој бизнис без свој простор не е исплатлив.
 
Бегај странство ако имаш европски пасош довољно ти е за почеток да се снајдеш.Не очекувај дека ке биде лесно првите денови ако твоите те научиле да бидеш самостален односно да се снаоѓаш да не чекаш од другите да ти завршат работа можда и ке те биде.А ако си готован т.е твоите те буцкале за све во животот рачунај ни 5 милиони евра нема да ти бидат доволни за живот.А зависи ако си некој по авантура немирен дух имаш шетај собирај моменти пошто после 50 години кога ке се завртиш да имаш што да гледаш позади себе а не празно и црно и да не се сеќаваш на ништо и да се каеш за некои работи што не си ги направил.
 
Ти што чекаш?

Седмица.

он: Прашај некои *независни* луѓе кои имаат различни бизниси: колкави приходи имаат, колку вложуваат, колку луѓе работат, колку контроли имаат...:)
 
Последно уредено:
imam 5000 evra zastedeno kako bi bilo najdobro da gi investiram nekoj mal biznis sto bi se isplatel

За кој град зборуваш, ако е за Битола имам некој предлог од пријатели кој што продаваат еден од бизнисите.

Мене ме интересира за производство на Минерална вода, колку би требало за почеток ?
 
Фотокопир во близина на школо, факултет, суд, катастар и сл (ако можеш да најдеш место каде што нема друг). Релативно мала инвестиција но со оглед на тоа што хартијата не се расипува можеш подолг период да издржиш дури се разработи со минимални загуби.
 
Комбе. И разнасај патници натам навам.
 
Ја би средила некој локал,и би го изнајмувала за приватни забави,родендени,матури итн. Ти го даваш само просторот,они се си носат. Ем земаш пари,ем ништо не работиш ти. Сигурно земаат околу 100 евра од вечер ваквите места,а мислам дека ги има многу малце. Посебно за Нова година кога се изнајмува,се креваат цените,можеш и дупло да заработиш. А ако не ти се дава заради безбедност на стварите во локалот,тогаш можеш и под кирија да го даваш на некој,да го работи..само што мислам дека помалце ќе ти се исплати така. А и добра е идејава со забавен клуб,секогаш има луѓе по вакви места.
Со лесно :D
Не е воопшто така едноставно како шо викаш ти, во трговски имаме локал во Гевгелија значи наш е и пробавме да го издаваме за родендени,прослави нови години и сл или пак месечно, го зедоа еднаш едни за нова година лом беше направено внатре плус стакло пукнато, тие што ги зедовме 100 евра за поправка ги дадовме.
Инаку што ти знам шо да отвориш, бутик кога сме го држеле најмногу промет имало, така ми кажуваат јас не се ни сеќавам, мал сум бил.
Само колку за информација, Интернет кафе кога го држеше еден работеше само 1 месец, па после друг го зеде имаше Пинк Понг, плејстејшен и пикано го држеше 2 месеца, ама малечко место сме па слабо промет.
 
интернет кафе(добри компјутери за гејминг и сл + плејстејшн)
 
интернет кафе(добри компјутери за гејминг и сл + плејстејшн)
Пропадната инвестиција. Со 5000 евра 10 компјутери добри дали ќе набави. Каде е тука локалот, плејстејшн, ентериер и сл? Башка поновите игри сите дома ги играат, кантер и остали више си ги играат на сервери исто така од дома. Нема ќар тука.
 
имаме тука едно интернет кафе во градот(кочани) има 6-7 компјутери и 1 плејстејшн
абе дневно обавезно над 25-30 деца да довагјат и сите остават 20+ ден тоа ти се 600+ денари дневница
кога и да идеш секогаш има деца играт гта 4, цс на лан, и други игри некои појаки... зависи на кое место е можеш од тоа да зимаш голем кјар
 
Според мене немој да се налутиш

инвестиција надвор да работиш прво ќе обезбедиш стаж ,второ ќе имаш поголема плата трето ќе имаш можности за напредување.

Во Македонија кај нас треба добар капитал кој мораш да го стекнеш надвор па да инвестираш,инаку вака мислам ако толку мораш најдобро е да возиш такси.

Значи нема можност за голем бизнис во вакви услови не засега.

Или да работиш за странска компанија во Македонија и да добиеш некоја добра плата.
 
имаме тука едно интернет кафе во градот(кочани) има 6-7 компјутери и 1 плејстејшн
абе дневно обавезно над 25-30 деца да довагјат и сите остават 20+ ден тоа ти се 600+ денари дневница
кога и да идеш секогаш има деца играт гта 4, цс на лан, и други игри некои појаки... зависи на кое место е можеш од тоа да зимаш голем кјар
Проста математика у Скопјево:
20 компјутери еден да е 500 евра да речеме тоа ти се 10.000 евра.
Ентериер нека е и минималец од 1000 евра.
Тоа ти е инвестиција од 11.000евра(676.500денари) без трошоци за фирма, струја, кирија и сл.
Дневно да работиш од 9 до 9 тоа ти се 12 саати. Саат да ти е 30 денари и по цели денови да ти се зафатени компјутерите односно 20 компјутери по 30 денари по 12 саати ти е 7200 денари дневно ако нонстоп се ЗАФАТЕНИ. Инвестицијата од 676.500 денари би ја вратил за околу 3 месеци ако не и повеќе. А, да не се лажеме дека цело време ќе е фул.
 
Да можеш кафич да отвориш,секогаш ќе имаш промет.
 
И ја би одел со забавен клуб, отсекогаш ми било интересно а и не е некоја голема инвестиција. Нема да си имаш проблеми за со казни, единствен проблем би ти било само да не пушташ малолетници после 12 саатот оти 2.000 евра казна е. А и доста интересен бизнис е, мене ептен ќеиф ми се праи да имам такво нешто, плус ако го работиш убаво, ако правиш турнири едно друго може ептен да ти успее.
Со 5000 евра само wc то ќе го направи за ноќен клуб...само шанк еден месец да изнајми во ноќен клуб ќе го кошта повеќе.;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom